Каран
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Каран (808 - 778 п.н.е, а според некои извори 825 - 778) според одредени извори (Дексипус и Еузебиус) бил првиот крал на Кралство Македонија. Според Херодот, основач на Македонската монархија бил кралот Пердика I.
Каран потекнува од семејството на Теменидите од Арг. За него постојат повеќе преданија. Го основал своето крaлство Ајга (денешна Вергина). Се вели, за него немало место да владее во пелопонескиот Арг, каде тогаш власта ја држел неговиот брат Фејдон и Каран на молба од кнезот на Орестида, денес Костурско, оди да му помогне во борбите против соседот, кнезот на Еордаја, Островско, Кисеј. Го разбил Кисеја и во освоената територија основал свој град.
Според Хигин, Кисеј бил тој што го поканил Карана да му помогне против соседите, ветувајќи му ја својата ќерка и своето кнежество. Но навреме предупреден од еден Кисеев роб за стапицата која му ја подготвувал, Каран го убива овој кнез. По победата над Кисеј, Каран издигнал трофеј, но еден лав се спуштил од Олимп и го соборил столбот. Оттогаш македонските кралеви не издигнуваат трофеи по победите.
Според преданието на Јустин, Каран откога собрал војска и дошол во Македонија, врвејќи зад едно стадо кози, со помош на дождот и маглата успеал незабележано да влезе во еден град. Изгледа откако го завземал градот, тој се сетил на претскажувањето и тука го поставил својот престол. Градот го нарекол Ајга. Одтогаш во сите војнички походи, пред единиците, настапувале кози, а Каран откако ги изгонил непријателските кнезови, ги обединил племињата и го основал македонското кралство.
Според второто предание, Аполон му претскажал на Каран дека една коза ќе му го посочи местото каде да го основа градот од каде ќе владее. Тој дошол во Македонија и откако претскажувањето се остварило, градот што го основал го нарекол според козата Ајга.
| Претходник ' |
Крал на Македонија 808–778 |
Наследник Коин |
| Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
| Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
| Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
| Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
| Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
| Други | Лизимах • Пир Епирски |