Деметриј II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

За селевкидскиот владетел, видете Деметриј II Никатор. За македонскиот принц, видете Деметриј Убавиот.

Деметриј II, син на Антигон II Гоната, владеел како крал на Македонија од 239 до 229 п.н.е. Ѝ припаѓал на династијата Антигониди.

Уште додека татко му бил жив, Деметриј се истакнал поразувајќи го Александар II Епирски во Дердија, и така ја спасил Македонија (~ 260 п.н.е.). Кога станал крал морал да се соочи со сојузот на двете големи лиги против Македонија, Ајтолската и Ахајската, кои обично биле спротиставени. Успеал да му нанесе големи порази на сојузот, и ја извадил Беотија од сојузот. Револуцијата во Епир, во која републиканската лига била заменета со монархија, многу ја ослабнала неговата позиција.

Деметриј исто така морал да ја брани Македонија од дивите народи од северот. Битката со Дарданците се покажала катастрофална, и тој умрел наратко потоа, оставајќи го синот Филип, од жената Крисеја, кој сѐ уште бил дете.

Поранешни негови жени биле Стратоника, ќерка на селевкидскиот крал Антиох I Сотер, Фтија, ќерката на Александар Епирски и Никеја, вдовицата на братучед му Александар. Хронологијата на овие бракови е сѐ уште спорна.

Наводи[уреди]

Претходник:
Антигон II Гонат
Крал на Античка Македонија
239–229 п.н.е.
Наследник:
Антигон III Досон