Тесалоника Македонска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тесалоника (Θεσσαλονίκη) (352 или 345 п.н.е. - 295 п.н.е.) била македонска принцеза а подоцна и македонска кралица. Родена е како незаконска ќерка на македонскиот крал Филип II и неговата тесалиска конкубина Никесиполис. Филип на денот на нејзиното раѓање извојувал важна победа во Тесалија, па затоа и го дал името "Тесалиска победа" ("Θεσσαλο" и "νίκη"). Набрзо после нејзиното раѓање мајкаи починала, па грижата за неа ја презела кралицата Олимпија, која со Никисеполис била добра пријателка. Со оглед на тоа што Тесалоника не била законско дете, главно била поштедена од сплетките околу одржувањето на династичката лоза.

Но таа ситуација се променила кога во 323 п.н.е. починал нејзиниот полубрат, славниот Александар Македонски, а дијадосите почнале да се интересираат за неа, имајќи предвид дека доколку се оженат со неа ќе го легитимираат своето преземање на Александровата империја. Тесалоника цело време и останала верна на својата маќеа, дури и 317 п.н.е. била заедно со неа при опсадата во Пидна од страна на Касандар. 315 п.н.е. Пидна паднала во рацете на Касандар, Олимпија била убиена а Касандар потоа се оженил со Тесалоника. Во бракот со Касандар, Тесалоника родила три сина: Филип, Антипатар и Александар. Касандар на својата жена и оддал почит на тој начин што новата македонска престолнина ја нарекол по нејзиното име. Така денешен Солун по тој повод го носи името на Тесалоника.

После смртта на Касандар, 297 п.н.е. а веднаш после него и Филип V, Тесалоника се обидела да ги убеди Антипатар и Александар да владеат заеднички. Но Антипатар не ја послушал, наместо тоа го протерал од Македонија својот брат Александар а Тесалоника ја убил.

Легенда за Тесалоника[уреди]

Постои една легенда за Тесалоника која вели дека Александар Македонски од своите патувања низ Азија и донел еликсир на бесмртноста. Кога Тесалоника слушнала за смрта на својот полубрат, се фрлила во море, но не можела да се удави туку постанала морска сирена која ги следела бродовите и се распрашувала дали нејзиниот брат е жив. Ако слушнела дека нејзиниот брат е мртов, се претворала во Горгона и ги јадела бродовите.

Надворшени врски[уреди]