Птоломеј II Керавн

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Птоломеј II Кераун (? - 279 п.н.е.) бил крал на Македонија од 281 п.н.е. до 279 п.н.е.

Бил најстариот син на Птоломеј I Сотер (фараон на Египет) и неговата трета жена Евридика (ќерка на Антипатар). Неговиот помлад брат, исто по име Птоломеј, станал престолонаследник и, во 282 п.н.е., седнал на престолот како Птоломеј II. Птоломеј Керавн го напуштил Египет и пристигнал на дворот на Лизимах, кралот на Тракија, Македонија, и дел од Мала Азија. Неговата полусестра Арсиноја II била жена на Лизимах.

За време на престојот на дворот на Лизимах, Керавн се здружил со сестра си во дворска интрига, и ја придружувал до дворот на Селевк I на исток да бара помош од него. Гледајќи можност за интервенција во своја полза во политиките на Лизимахова Тракија и Птолемаидски Египет, Селевк I набргу се приготвил за поход против Лизимах.

По поразот на Лизимах и неговата смрт во битката кај Курупедион во 281 п.н.е., против Селевк I Победникот, Птоломеј Керавн го убил Селевк I. Во 281 п.н.е. се сојузил со Пир Епирски. Птоломеј побарал од неговата полусестра Арсиноја II, вдовицата на Лизимах, да се ожени за него. По церемонијата ги убил двајцата помлади синови на Арсиноја и самата Арсиноја II пребегала во Египет и се омажила за сопствениот брат Птоломеј II.

Птоломеј Керавн бил убиен во војните против Галите од страна на Болгиј и Брен, кои мигрирале кон подоцнежна Галатија.

Керавн значи „грмотевица“ или „гром“.

Наворешни врски[уреди]


Претходник
Лизимах
Крал на Македонија
281–279 п.н.е.
Наследник
Мелегар