Хефестион

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Александар и Хефестион (десно).

Хефестион (старогрчки: Ἡφαιστίων) околу 356.п.н.е. - 324.п.н.е., син на Аминтор, бил македонски благородник и генерал во војската на Александар Македонски. Тој бил „далеку најдраг пријател на кралот, израснат со Александар, и ги знаел сите негови тајни.“[1] Ова нивно пријателство траело во текот на целиот нивен живот, а според голем број извори, Хефестион бил единствената вистинска љубов на Александар.[2]

Воената кариера на Хефестион била успешна, а како член на гардата на Александар ја командувал и придружната коњица. Му биле доверени и многу други задачи во текот на десетгодишното војување во Азија, вклучувајќи и дипломатски мисии, премостување на реки, опсади, и основање на нови населби. Покрај тоа што бил војник, инженер и дипломат, Хефестион активно се допишувал со Аристотел и со Ксенократ, и го поддржувал Александар во обидите да ги интегрира Македонците и Персијците. Александар и формално го поставил за втор по ранг кога го назначил за Хилијарх (поголем воен заповедник).

Кога Хефестион ненадејно умрел во Екбатана (денешен Иран) во есента 324.п.н.е. Се претпоставува дека причина за смртта била некоја заразна болест, но можеби и труење.[3] Александар бил скршен од тага поради смртта на неговиот најдобар другар, кој го сакал како брат.[4] Тој побарал од пророчиштето во Шива да му доделат на Хефестион божествен статус. Кога и самиот умрел 8 месеци подоцна, Александар сѐ уште планирал каков траен споменик да изгради во сеќавање на саканиот Хефестион.

[уреди] Извори

  1. Curtius Rufus, The History of Alexander, verse 3.12.16
  2. Heckel, Waldemar (2006) Who's Who in the Age of Alexander the Great. MA,USA:Blackwell. ISBN 1-4051-1210-7
  3. Renault, Mary (1975) The Nature of Alexander. London: Allen Lane. ISBN 0-7139-0936-6
  4. Arrian, The Campaigns of Alexander