Синоним
Од Википедија
Синоними (од старогрчки syn 'συν' - сличен, сроден и onoma 'όνομα' - име) се различни зборови со слично или идентично значење. Пример за синоними се зборовите куче и пес, паметен и интелигентен и слично. Синонимите можат да бидат разни видови зборови (пр. глаголи, придавки, заменки, именки и сл.) се додека и двата збора се од ист вид. Исклучок се случаите кога имаме глагол со глаголска придавка или обратно, придавка со глаголска придавка.
Всушност, синонимноста меѓу зборовите настанува кога ќе им се совпадне основното или пренесеното значење. Еден збор може да има два синоними, во зависност од контекстот во кој се употребува. Заклучок од ова е дека многу се ретки случаиите кога имаме два синоними со потполно исто значење.