Хомоним

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хомоними се зборови кои имаат две или повеќе различни значења. Пример: зборот јазик, може да значи анатомски орган, или пак говорен и/или пишан систем за комуникација.

Кога имаме случај на збор за две различни но на некој начин поврзани значења тогаш велиме дека имаме полисеми.

Во англискиот јазик ги имаме и следниве случаи:

  • Хомограф е збор кој се пишува исто како некој друг збор, но има различно значење. Пример зборот to cleave може да означува нешто да се спои, но може да означува и поделба, разделба.
  • Хомофон е збор кој се изговара исто како некој друг збор, но различно се пишува и има различно значење. Пример зборовите to, too, two или пак there, their, they're.
  • Хетероними (или Хетерофони)се зборови кои се пишуваат исто ама поинаку се изговараат. Пример за хомограф збор е зборот desert (напуштен простор) и desert (пустина). Но зборовите mean (намера) и mean (средина, просечна вредност) не се хетероними (се изговараат исто, значи се хомоними).
  • Капитоними се зборови кои се пишуваат исто но имаат различно значење кога се напишани со големи букви (и може но не мора да имаат различен изговор) - пример polish (да се исполира нешто, да се светне) и Polish (некој кој е од Полска, Пољак).
  • Хетеролог е збор во различни јазици кој се изговара и пишува исто ама има различно значење.

Или може да појасниме, хомоним значи исто име, хомофон значи исто звучи, хомограф значи исто се пишува, хетероним значи различно име, хетерофон значи различно звучи.

Некој збор којшто е хомоним може истовремено да биде и хомофон и хомограф.