Реторика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Реторика (од грчки ρήτωρ, rhêtôr, "оратор, говорник") е една од трите првични либерални уметности или trivium (другите две члена се дијалектика и граматика). Во текот на својата историја долга 2500 години, поимот се користи да означува многу нешта, но под реторика денес се мисли на уметноста на убедување преку јазик. Реторика може да обележува начин на кој поединец се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот.