Историја на Романија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Романија

Историја на Романија

Coat of arms of Romania.svg
Античка историја

Рана историја
Дакија
Римска Дакија

Среден век

Историја на Трансилванија
Османлиска империја
Фанариоти

Кралство Романија

Молдавска револуција
Борба за независност

Модерна историја

Прва светска војна
Голема Романија
Втора светска војна
Советска окупација
Комунистичка Романија
Падот на комунизмот
Романија

Портал:Романија

Праисторија[уреди]

Дакија[уреди]

Територијата на денешна Романија низ раната историја била на неколку пати населувана од страна на најразлични племиња како даките, гетите и голем број на индоевропски племиња. Во 106 година Дакија била заземена од страна на римскиот император Трајан. Според романските историчари, романскиот етнос настанал се мешењето на даките и римските колонисти по долината на река Дунав. Романскиот етнос се создавал паралелно со влашкиот. Постојат мислења според кој романскиот народ настанал со мешење на еленизираните траки и нивната романизација, авари, кумани и.т.н.

Среден век[уреди]

Во 13 век татарските племиња придонеле до слабеење на Унгарија. Во следниот 14 век било создадено кнежество Молдавија која станала центар на романската држава Влашка.

Османлиска империја[уреди]

Стратешката полоќба на кнежествата Молдавија и Влашка во долниот тек на реката Дунав и на планинскиот превез на Карпатите овозможувале големи предности при паѓањето им во склопот на Османлиската империја. Бидејќи се наоѓале на север од Балканот, Влашка дури на почетокот од 15 век а Молдавија на крајот од 15 век станале обврзници да плаќаат даноци на Османлиската империја, а веќе на почетокот на 16 век биле анектирани. До средината на 19 век, официјален јазик во Влашка бил кириличното писмо. Во 1861 година била воведена латиницата.

Независност[уреди]

Со одредувањето на висината на даночната обврска кон Султанот и со обединувањето во 1859 година под името Романија кое всушност било овозможено со раскинувањето на мировниот договор од Париз, Романија се ослободила од турското вазалство. Меѓународното признавање на Романија се случило во 1861 година, со референдум кој се одржал пет години подоцна. За прв кнез на Романија бил избран Карл I фон Хоенцолерн-Зигмаринген. За време на руско-турската војна од 1877 година, Романија била принудена од Русија да и обезбеди слободен премин на нејзините војски преку нејзината територија. Така, Османлиската империја и објавила војна на Романија. Истата година, на 21 мај Романија објавила независност. По војната и потпишувањето на Санстефанскиот договор, Османлиската империја ја признала независноста на Романија.

Во текот на Балканските војни, Романија ја принудила на Бугарија да ја предаде Силистра. По ова, романците навлегле длабоко кон внатрешнноста на Бугарија. Романија излегла како победник и Бугарија била принудена да и ја отстапи Добруџа.

Прва Светска војна[уреди]

Романија во текот на Првата светска војна до 1918 година учествувала на страна на Антантата. И покрај помошта која и била дадена од Русија, Романија доживеала пораз од германските, бугарските и турските сили. Поголемиот дел од нејзината територија била заземена од страна на Централни сили|Централните сили. По војната, Романија присоединила области од Руската империја, пред се Бесарабија, и од Австро-Унгарија пред се Трансилванија.

Втора Светска војна[уреди]

Romania1941.png

Романија во текот на Втората светска војна била на страната на Силите на оската. Во 1941 година, нејзините војски се приклучиле кон оние на Нацистичка Германија за походот кон СССР односно во битката кај Сталинград. Бесарабија повторно била вратена на Романија. На 20 август 1944 година започнала големата офанзива на Црвената армија. Капитулацијата на Романија дошла многу бргу по навлегувањето на советските сили.

По војната[уреди]

По крајот на Втората светска војна, Бесарабија била повторно вратена на СССР, од чија територија се создала Молдавска ССР. На 10 декември 1947 година Романската комунистичка партија ја зазела власта во Букурешт. Во периодот на комунизмот, Романија била под целосно влијание на СССР. Во 1965 година на чело на државата дошол Николае Чаушеску. Неефективната стопанска политика довела до банкрот на државните резерви. Во 1981 година Романија била определена како некредитоспособна држава.

Падот на комунизмот[уреди]

По паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, во Букурешт избувнале големи демострации за поголеми права и слободажи на романскиот народ. Диктаторот Чаушеску, заедно со неговата сопруга Елена биле фатени во бегство и заробени на 25 декември 1989 година. Набргу биле стрелани.

По ова, во Романија била воведена демократијата. Во 2004 година се приклучила кон НАТО пактот. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија, а во 2007 година пристапила кон унијата.