Естонци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национално знаме на Естонија и Естонците.

Естонците (на естонски: eestlased, претходно maarahvas) се угрофински народ, блиски до Финците и ја населуваат во главно нивната матична држава Естонија. Естонците зборуваат угрофински јазик, познат како естонски јазик. Иако Естонија традиционално групирана како Балтичка држава, Естонците се лингвистички и етнични неповрзани со балтичките луѓе од Латвија и Литванија. Денеска во светот има околу 1.194.000 од кои 1.049.000 живеат во Естонија. Поголемиот дел се припадници на протестантската црква.