Австријци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национално знаме на Австрија и на Австријците.

Австријци (на германски: Österreicher) се нација[1] и етничка група[2] со потекло од Република Австрија и нејзините историски претходнички држави кои ја дела австриската култура и австрискoто потекло. Поради заедничката историја и припадноста во Светото римско царство до 1806 година поради тоа што германскиот јазик бил национален јазик (и денеска е) на Австријците, тие биле сметани за Германци. Но после создавањето на националната германска држава, Германската Империја во 1871 и после Втората светска војна Австријците успеале да развијат свој различен идентитет различен од Германците.

Терминот Австријец или Австријка во 19-от век кога се употребувал се мислело на граѓанин од Австриската Империја од 1804 па се до 1918 без разлика на неговата/нејзината националност. Пред 19-от век со овие термини се мислело предмет од Хабсбуршката династија како дел од Светото римско царство. Во оваа смисла, дефиницијата вклучува говорителе на повеќе од 12 јазици.

Во најблиско време, при употреба на овие термини се мисли на населението од Долна Австрија и Горна Австрија кои заедно ја формираат државата наречена Австрија. Зборуваат на австриска варијанта на германски јазик и најголем дел од нив се католици.

Референци[уреди]