Перну

Координати: 58°23′N 24°30′E / 58.383° СГШ; 24.500° ИГД / 58.383; 24.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Перну
Променада крај плажата на Перну
Променада крај плажата на Перну
Знаме на ПернуГрб на Перну
Перну is located in Estonia
Перну
Перну
Местоположба на Перну
Координати: 58°23′N 24°30′E / 58.383° СГШ; 24.500° ИГД / 58.383; 24.500
ЗемјаЕстонија
округокруг Перну
Формиран1251
Површина
 • Вкупна32,22 км2 (12,44 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2015)
 • Вкупно41,170
 • Густина1,300/км2 (3,300/ми2)
Етнички состав
 • Естонци83%
 • Руси12%
 • други5%
Часовен појасисточноевропско (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)источноевропско (UTC+3)
Повик. бр.(+372) 44
Рег. таб.F
Мреж. местоparnu.ee
Дрон видео на Перну 2022

Перну (шпански: Pärnu, руски: Пярну или Пернов, германски: Pernau) – град во југозападниот дел на Естонија, петти по големина. Градот е и најголем град и административно средиште на истоимениот округ Перну. Името на градот потекнува од естонскиот збор за липа.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Перну се наоѓа во југозападниот дел на Естонија, оддалечен 130 км јужно од главниот град Талин.
Релјеф: Градот е сместен во североисточниот дел на Ришкиот Залив на Балтичкото Море. Градот се формирал како пристаниште околу устието на истоимената река Перну во морето. Околу градот се наоѓа рамничарско подрачје на приближно 10 метри надморска висина.
Клима: Климата во Перну е континентална. Градот спаѓа во градовите со поблага клима во Естонија.
Води: Перну се формирал на стратешки важното место каде истоимената река (по која го добил името) која го дели градот на јужна (стара) и северна (нова) половина.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот Перну првпат се споменува во 1251 година во текот на германската управа над ова подрачје. Во следните векови градот прво се наоѓа во рацете на Ханза, а потоа на Шведска и Русија.

Во 1919 година Перну станал дел на независната Естонија, а во 1940 година бил приклучен кон СССР во рамките на Естонската Советска Република. Кога Естонија се осамостоила во 1991 година, градот повторно се нашол во нејзините граници.

Население[уреди | уреди извор]

Перну денес има околу 44.000 жители, што е значително помалку отколку пред две децении (1989 година – 54.000 жители). Околу 75% од градското население се етнички Естонци, значително малцинство се Русите (15%), а останатите се други народи од бившата СССР (Украинци, Белоруси). Естонскиот јазик преовладува во градот и е мајчин јазик на поголемиот дел од градското население.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главна стопанска гранка на градот е туризмот. Благодарение на бањските извори, Перну е најзначајното излетничко место во Естонија. Во градот постојат бројни хотели, ресторани, кафулиња и одморалишта

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]