Бруто домашен производ

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од БДП)
Скокни на: содржини, барај

Бруто домашен производ или БДП (англиски: gross domestic product, GDP) е еден од основните начини на мерење на големината и перформансите на една економија. Бруто домашниот производ е дефиниран како вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период (вообичаено една година). Според тоа, во БДП се вклучуваат само финалните добра, т.е. се исклучува вредноста на интермедијарите производи во производството. Изразот бруто се однесува на фактот дека амортизацијата на капиталните фондови е вклучена во пресметката на БДП. Значи, доколку се одземе амортизацијата на капиталните фондови би се добило нето домашен производ.

Содржина

[уреди] Видови БДП

БДП можеме да го поделиме според цените по кои е пресметан. Во тој случај би разликувале:

1. Номинален БДП е бруто домашниот производ пресметан по тековни пазарни цени, што само по себе укажува дека номиналниот БДП ја вклучува и инфлацијата. Поради тоа номиналниот БДП, не се зема како значаен показател за растот на економијата. Од номиналниот можеме да го добиеме реалниот БДП ако номиналниот го поделиме со (1+(инфлација/100). Односно ако номиналниот е 100$ а инфлацијата 5% за да стигнеме до реалниот БДП треба 100 да го поделеме со 1.05. 100 / (1+(5/100))= 100/(1+0,05)= 100/1.05 = 95.24
2. Реален БДП е бруто домашниот производ пресметан според постојани цени, т.е. по цените од некоја претходна базна година. На тој начин, реалниот БДП го отстранува влијанието на инфлацијата. За утврдување на растот на една економија се пресметува порастот на реалниот БДП од година во година, изразен во проценти. Пример, ако во некоја година, Македонија имала економски раст од 10%, тоа значи дека во таа година, реалниот БДП пораснал за 10% во однос на претходната година. За меѓународни споредби, вообичаено е БДП на земјите да се изразува во американски долари. Меѓутоа, имајќи предвид дека куповната моќ на еден долар се разликува од земја до земја, со цел да се добие претстава за вкупната вредноста на добрата создадени во една економија, БДП се изразува по паритетот на куповните сили. Најпосле, како мерка на животниот стандард на населението се употребува показателот БДП по глава на жител (per capita).

[уреди] Мерење на БДП

БДП може да се мери на два начини.

[уреди] Потрошувачки метод

Целта на овој метод е да ги собере вредностите на сите добра и услуги преку евиденцијата на потрошувачката на добра и услуги. Притоа, според овој метод, БДП се пресметува на следниов начин: БДП= C + I + G + (X-M) Каде што:

C - е потрошувачката на добра од страна на домаќинствата во (стан, храна, облека, возила, услуги итн.).
I - се однесува на инвестициите од страна на претпријатијата. Ова не се однесува на "инвестирање" во хартии од вредност. Според тоа, БДП ги вклучува само инвестициите во реални, производствени добра, а не и инвестициите во финансиски инструменти.
G - е потрошувачката од страна на владиниот сектор. Тука спаѓаат сите трошоци на Владата за стоки и услуги, меѓутоа не се вклучени трошоците за социјални трансфери, со цел да се избегне нивното двојно пресметување.
X-M - во економијата оваа категорија е позната како нето-извоз, односно извоз (X) минус увоз (М). Извозот се однесува на добрата и услугите што се произведени дома а се продадени во странство. Увозот ги опфаќа добрата што се произведени во странство а не во домашната економија, така што би било погрешно доколку тие добра ги вброиме во БДП.

[уреди] Мерење на БДП според фактори на производство

Уште еден начин да се измери БДП е според факторите на производство, односно со собирање на сите трошоци потребни за да се произведе еден производ, додавање на амортизацијата и додавање на индиректни даноци. Трошоци за факторите на производство се: плата, наемнина, камата, заработувачка. Оттаму, БДП = плати + наемнини + заработувачки + камати + амортизација + индиректни даноци


[уреди] Поврзано


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици