Добро (економија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Добра)
Видови на добра

Добро во економиката и сметководството е производ кој служи да задоволи некоја желба или потреба. Во потесна (но позастапена) смисла, доброто е материјален физички производ (наспроти услуга, која е нематеријална). Како такво, доброто се доставува на потрошувачот и подразбира префрлање на сопственоста од продавачот на купувачот. На пример, јаболкото е материјално добро наспроти фризурата, која е (нематеријална) услуга. Доброто може да се опише и како стока, при што се запазува разликата помеѓу материјалното и нематеријалното. Во микроекономиката пак, поимот „добро“ се користи во поширока смисла, каде влегуваат обете.

Корисност на добрата[уреди | уреди извор]

Добро е секој предмет од кој потрошувачот има корист, неспосредно или посредно. Се смета дека добрата имаат опаѓачка гранична корисност. Некои нешта се корисни, но не се доволно оскудни за да имаат парична вредност, како на пример Земјината атмосфера (воздухот што го дишеме). Ваквите добра се нарекуваат „бесплатни добра“.

Наспроти доброто имаме непожелно добро[1]. Дали еден предмет е пожелно или непожелно добро зависи од потрошувачот, па затоа не сите добра се „добри“ (т.е. пожелни) во секое време и не претставуваат „добро“ за секого.

Видови добра[уреди | уреди извор]

Добрата можат да се дефинираат на различни начини, во зависност од низа одлики.

Добрата и услугите имаат еластичност на цената. Еластично добро е она добро за кое постои сурогат (замена). На пример, ако се накачат цените на пенкалата, вкрстената еластичност на побарувачката доведува до зголемена побарувачка на моливи. Нееластично добро е добро за кое нема замена, како на пример оригинални творечки дела, билети за настани и сл.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. наречено и „лошо“, од англ. bad

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Bannock, Graham et al. (1997). Dictionary of Economics, Penguin Books.
  • Milgate, Murray (1987), "Goods and commodities," The New Palgrave: A Dictionary of Economics, том 2, стр. 546–48.
  • Узунов, Никола; Стевановиќ - Анческа, Љиљана (1994). Англиско-македонски и македонско-англиски економски и деловен речник. Скопје: Економски факултет - Скопје.