Данок

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Даноците се јавен приход кој кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот за задоволување на државните потреби.

Основната функција е фискална, но многу често даноците се користат за постигнување на определени економски и социјални цели. Во современи услови даноците се користат во остварување на стабилизаоната политика и во сузбивање на инфлацијата, бидејќи со зголемувањето се намалува куповната моќ на граѓаните.

Содржина

[уреди] Елементи


[уреди] Предмет на оданочување (Видови на даноци)

Предмет на оданочување се: приходите, потрошувачката и имотот. Определување на предметот или објектот на оданочување, односно, кои даноци ќе се плаќаат, значи, истовремено определување и на видовите даноци.

Порано земјоделството било најважна дејност, а земјата најзначаен имот, предмет на оданочување главно била земјата и приходите од земјата, а подоцна и на другите видови на имот, како што се зградите, капиталот, приходите. Со тек на времето значајно пораснала и улогата на потрошувачката, односно прометот. Државата посебно воведувала и наплатувала данок на некои производи на кои имала монопол, како што биле солта и тутунот. Државата наплаќала царини, трошарина, патарина и други слични давачки кои имат облик на данок на поторшувачка.

[уреди] Видови даноци

[уреди] Даноците се делат на (според лицето кое ги плаќа)

  • 1. Индиректни даноци - се оние даноци кои ги плаќа крајниот потрошувач
  • 2. Директни даноци - се оние кои се плаќаат при добивање на матријална корист на некое лице(правно/физичко)

[уреди] Даноците според нивните стапки

  • 1. Пропорционални
  • 2. Прогресивни
  • 3. Регресивни

[уреди] Даночен обврзник

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Даночен обврзник.

Носители на даночната обврска се фирмите и граѓаните. Притоа треба да се има предвид дека се прави разлика меѓу фирмите според големината.

[уреди] Даночна основица

Даночна основица е оној обем и износ од предметот на оданочување врз кој се пресметува данок. На пример , данок на добивка се плаќа на остварената добивка во текот годината, а персоналниот данок на доход се плаќа на сите приходи што ги има граѓанинот по сите основи во текот на една година.


[уреди] Даночна стапка

Тоа е процентот, делот што треба да се плати во вид на данок од утврдента даночна стапка. Ако даночната стапка е утврдена на 15% тоа значи дека толкав процент од вкупната добивка која се оданочува, треба да се плати како данок на државата.

Најчесто се пратикуваат два вида даночни стапки: - Пропорционални и - Прогресивни.

Плаќањето на данок со пропорционалан стапка значи да се плаќа данок секогаш со иста стапка, независно од големината на имотот или приходот. Кај прогресивната стапка, на поголем износ на имот, приход или добивка, се предвидува повисока стапка, а на помала добивка пониска стапка.

[уреди] Надворешни врски

Управа за јавни приходи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици