Пазар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пазар е место каде што се сретнуваат понудата и побарувачката. Пазарите меѓусебе се разликуваат според: -Бројот на учесници (купувачи и продавачи). -Моќта да влијаат на висината на цената на производот. Врз основа на ова разликуваме четири видови на пазарни структури:

- совршена конкуренција - монопол - олигопол - монополистичка конкуренција

Покрај овие два критериуми за поделба на пазарите постојат и други критериуми -Природата на производот (дали станува збор за производи од ист квалитет - хомогени производи, или пак станува збор за производи со различен квалитет. -бариери за влез (дали постојат посебни ограничувања за фирмите што сакаат да навлезат во индустријата)

Пазарот претставува облик на размена на производите и услугите со посредство на пари.Пазарот декуваќи во рамките на развиеното стоково производство,добива карактер на институција со помош на која се воспоставуваат односите на размена,т.с односи меѓу понудата и побарувачката,меѓу понудувачите и побарувачите на соодветни стоки,како карактер на институција во рамките на која влијанието на вредноста се манифестира преку дејствување на законот на понудата и побарувачката. За целосно разбирање на пазарот од аспект на маркетингот,треба да се имаат предвид сл.негови компоненти: - да претставува одреден простор; - на тој простор да има:продавачи,купувачи и пазарни институции; - да постои предмет на размена; - цените да се формираат врз база на понуда и побарувачка; - продавачите да се спремни да ја понудат својата стока по одредена цена,а купувачите својот доход да го разменат за одредена стока; - пазарот да биде правно регулиран и - пазарната цена да виде основа за алокација на ресурсите.