Монопол
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Наспроти состојбата на совршена конкуренција,каде што производството и понудата на одделен производ ги креираат голем број мали фирми,стои состојбата на монопол.Монополот е дел од непотполната конкуренција која исто така ги опфака и следниве пазарни структури:Олигопол( состојба на неколку продавачи и многу купувачи) и Монополистичка конкуренција. Кај овој тип(Монопол) на пазарна структура,вкупното производство и вкупната понуда на секторот ја крира едно претпријатие-монополист.Оттука монополот има силно влијание врз цената на производот.Но и овој тип на пазарна структура,во основа,е ограничен и главно е присутен во вкупната стопанска инфраструктура-железница,телекомуникации,ПТТ услуги и слично.Совршената конкуренција и монополот,според тоа,се екстреми во морфологијата на пазарните структури кои,меѓутоа,релативно малку се застапени во реалниот економски живот.
Монопол-станува збор за крајниот случај на непотполна конкуренција,кога еден единствен производител(продавач) има потполна контрола врз целиот економси сектор.За да постои класичен монопол трба да се исполнат две претпоставки: 1 Една корпорација-продавач да го дава вкупното производство во секторот 2 Да нема други производители кои можат да обезбедат субституција. Ако се исполнети овие 2 претпоставки тогаш монополот има силно влијание врз цената на добрата и услугите.
Главни карактеристики во монополот се :
- недостиг на конкуренција
- еден продавач
- немање на сличен (потенцијално заменувачки) производ
Бариерите за влез на Монополот мозе да бидат од различна природа:
1.Правни бариери- состојба во која државата со правни прописи може да го ограничи влезот на нови претпријатија во оделни стопански сектори. 2.Окрупнување на претпријатијата заради искористување на економиите од обем( масовно производство)- Ефикасноста во одделни економски сектори е можна само доколку постои масовно производство. 3.Дарови на природата- некои природни богатства се концентрирани во одделни земји, па контролата на производството им е препуштена на крупни домашни или странски фирми, кои имаат доминантни позиции во светското производство на тии производи.Пр: Нафта 4. Диференцијација на производите.
Погрешно е тврдењето според кое монополот настојува да продава по највисока цена. Исто така не е точно дека монополот ке произведува колку што е неговиот капацитет. Тој во практика ке настојува да го изнаје најсоодветниот компромис помеѓу количината и цената, според тоа, ке значи дека монополот никогаш нема да произведе и продаде толку производи колку што неговиот реален капацитет овозможува да продуцира.
Кај монополот постои тенденција бештачки да го ограничува производството, за да се постигне повисока цена и повисок вкупен приход , а со тоа и повисок профит. Но, овој факт, покажува дека монополот нерационално ги користи расположливите ресурси, што од аспект на општеството во целина претставува загуба. Ова упатува на штетноста од постоењето на монопол и дава одговор на прашањето зошто лугето( потрошувачите) се противат на монополите и зошто современите влади ги контролираат монополите.
| Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
