Билатерален монопол

Од Википедија — слободната енциклопедија

Билатерален монопол постои ако постои една фирма-продавач и една фирма-купувач, т.е. комбинација на монопол и монопсон. Во тој случај, кривата на понудата на продавачот (монополот) ја претставува кривата на просечните трошоци на купувачот (монопсонот). Притоа, и монополот и понопсонот го максимизираат профитот на она ниво на производството каде неговиот маргинален приход се изедначува со неговиот маргинален трошок. Бидејќи маргиналните приходи и маргиналните трошоци на монополот и монопсонот се различни, во услови на билатерален монопол не постои рамнотежна цена која би ја изедначила понудата и побарувачката, т.е. пазарната цена е неопределена (price indeterminacy). Поради тоа, билатералниот монопол е нестабилна пазарна структура.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 207-208.