Маркетинг
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Маркетингот најширок третман во економската литература наоѓа како деловна политика на претпријатието, но не како класичен систем, туку како посебен вид деловна политика. Традиционално, „маркетинг“ е поим што се „лепи“ на процесот на поврзување на производителите (или потенцијалните производители) на еден производ или услуга со потрошувачите - и постоечките и потенцијалните. Методите на маркетингот влечат корени од општествените науки, особено од психологијата, социологијата и економијата. Преку рекламирањето, маркетингот, исто така, е поврзан и со креативните уметности.
Маркетингот, најопшто кажано, има задача да ја достави стоката или некоја услуга од точката на производството до точката на побарувачот на таа стока или услуга. Како основна маркетиншка цел се поставува зголемувањето на обемот на продажбите или раширување на пазарниот удел.
За да се реализира една маркетиншката цел, маркетолозите комбинираат одредени карактеристики на продуктите, цените, дистрибуцијата и нејзините канали и маркетиншките комуникации. Со еден збор, формираат маркетиншки микс. Тој маркетиншки микс се разработува за конкретен пазар, при што решенијата се добиваат врз основа на претходни маркетиншли истражувања кои покажуваат што точно сакаат побарувачите:
- дали се подготвени да дадат повеќе пари за одреден производ, колку се запознаени со функционирањето на тој производ, каде се навикнати да пазаруваат и на каков начин;
- колку временските фактори влијаат врз него и
- колкава е разликата меѓу желбите за успех производот и реалните можности што ги има на пазарот.
Во современета теорија и практика синоними на маркетинг миксот се „маркетиншките средства“, „маркетиншките елементи“ и „маркетинчкиот комплекс“. Особено популарно е именувањето „4Р” от првите букви на англиските зборови:
- Product /продукт/;
- Price /цена/;
- Place /пласман, дистрибуција/;
- Promotion /комуникација, промоција/.
Содржина |
[уреди] Маркетинг микс
[уреди] Производ
При продуктивното истражување најнапред се проучуваат:
- карактерот на стоката или услугата, односно корисноста и квалитетот на стоката или услугата;
- нејзината функционална карактеристика односно начинот на исполнување на својата функција, нејзината долготрајност, можноста за служење на потрошувачот, начинот на примање на квалитетот кај потрошувачот;
- нејзината конкурентна способност да влијае врз производите кои се продаваат кај директните конкуренти;
- дали се користи како трговска марка;
- каква амбалажа и маркировка користи и сл.
[уреди] Цена
При ценовото истражување најмногу се обрнува внимание на формирање на цената што:
- ќе биде прифатлива од страна на потрошувачот
- ќе биде прифатлива од страна на производителот
Во врска со потрошувачот, исто така се проучуваат склоноста на потошувачот односно факторите што влијаат врз него при земање на решение за купување на определена стока или услуга, односно колку има влијание цената врз него.
[уреди] Дистрибуција
При дистрибутивното иследување, најопшто кажано, се проучува:
- начинот или каналот на стигнување на стоката или услугата до потрошувачот и
- неговата можност за чекање доколку се работи за поголеми дестинации на кои треба да се испрати продуктот.
[уреди] Комуникација(промоција)
При комуникационото иследување се проучува:
- Односите со јавноста
- Рекламата
- Личните продажби
- насочување на продажбите
- Продажна промоција
- Директен Маркетинг
| Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

