1928
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1928 MCMXXVIII |
| Ab urbe condita | 2681 |
| Асирски календар | 6678 |
| Бахајски календар | 84–85 |
| Бенгалски календар | 1335 |
| Берберски календар | 2878 |
| Будистички календар | 2472 |
| Бурмански календар | 1290 |
| Византиски календар | 7436–7437 |
| Еврејски календар | 5688–5689 |
| Ерменски календар | 1377 ԹՎ ՌՅՀԷ |
| Етиопски календар | 1920–1921 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 928–929 |
| Ирански календар | 1306–1307 |
| Исламски календар | 1346–1347 |
| Јапонски календар | Период Шова 3 (3年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 丁卯年月日 (4564/4624) — до —
戊辰年月日(4565/4625) |
| Коптски календар | 1644–1645 |
| Корејски календар | 4261 |
| Календар Мингуо | Република Кина 17 民國17年 |
| Селевкидски календар | 2239–2240 |
| Тајландски сончев календар | 2471 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 1984–1985 |
| - Шака самват | 1850–1851 |
| - Кали југа | 5029–5030 |
| Француски револуционерен календар | CXXXVI–CXXXVII 136–137 |
| Холоценски календар | 11928 |
| Џуче-календар | 17 |
1928 (MCMXXVIII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1928. година од новата ера, 928. од вториот милениум, 28. од 20 век и деветта од 1920-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7436 и 7437 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6678 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5688 и 5689 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2681.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1928. година се протега во 4564 и 4565, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4624 и 4625 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2471. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1346 и 1347 исламска година.
Настани [уреди]
- 17 јануари – Советската тајна полиција го апси Лав Троцки, кој подоцна е прогонет во Казахстан.
- 19 јануари – Се одржува Обласна конференција на ВМРО (Обединета) за Вардарска Македонија.
- 11 февруари – Отворени се Вторите зимски олимписки игри во Сент Мориц, Швајцарија.
- 12 март – Малта станува британски доминион.
- 20 јуни – Пратеникот на Радикалната партија, Пуниша Рачиќ, во југословенскиот парламент убива двајца опозициски пратеници Хрвати и смртно го ранува Стјепан Радиќ.
- 25 август – Ахмед Зогу се прогласува за крал на Албанија.
- 27 август – Во Париз е потпишан Бријан-Келоговиот пакт. Тоа е прв меѓународен договор со кој се забранува агресивната војна.
- 3 септември – Александар Флеминг го пронаоѓа пеницилинот.
- 7 октомври – Хајле Селасие е крунисан за крал на Абисинија.
- 5-12 ноември – Во Дрезден се одржува Четвртиот конгрес на Комунистичката партија на Југославија. Делегат од Македонија е Кочо Рацин.
- 6 ноември – На претседателските избори во САД победува републиканецот Херберт Хувер.
- 10 ноември – Хирохито е крунисан за јапонски император.
Родени [уреди]
- 5 јануари – Зулфиќар Али Буто, пакистански претседател
- 28 јануари - Славко Милосавлевски, македонски социолог
- 27 февруари – Ариел Шарон, израелски премиер
- 6 март – Габриел Гарсија Маркес, колумбиски писател, нобеловец
- 28 март – Збигњев Бжежински, американски политиколог
- 4 мај - Хосни Мубарак, египетски претседател
- 30 мај - Густав Леонхарт, холандски клавијатурист и диригент
- 14 јуни - Че Гевара, јужноамерикански револуционер, еден од водачите на Кубанската револуција
- 26 јули – Стенли Кјубрик, американски режисер
- 6 август - Енди Ворхол, предводник на поп арт движењето
- 30 септември – Ели Визел, еврејски активист, нобеловец
- 7 декември - Ноам Чомски, американски лингвист и политички активист
Починале [уреди]
- 15 февруари – Херберт Хенри Асквит, британски премиер
- 19 мај – Макс Шелер, германски философ
- 4 јуни – Емелин Панкхурст, британска феминистка
- 7 јуни - Александар Протогеров, македонски револуционер
- 17 јули – Алваро Обрегон, мексикански претседател
- 8 август – Стјепан Радиќ, хрватски политичар
- 10 декември - Чарлс Рени Мекинтош, шкотски архитект
Видете исто:
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1928“ |
