Ахмед Зогу

Од Википедија — слободната енциклопедија


Ахмед Зогу
Наследникиталјанска инвазија
Victor Emmanuel III of Italy
ПридружникGeraldine Apponyi
ДецаЛека,принц на Албанија
ТаткоКемал Паша Зогу
МајкаСадије Топтани

Ахмед Зогу (Зогу I) (8 октомври 1895 - 9 април 1961) бил албански политичар. Од 1922 до 1924 е премиер на Албанија, претседател на Албанија е од 1925 до 1928 и крал на Албанија од 1928 до 1939.

Биографија и рана политичка кариера[уреди | уреди извор]

Ахмед Зоголи (албански: Ahmet Muhtar Bey Zogolli) го сменил своето презиме во Зогу што на албански значи птица.

Ахмед Зоголи е роден во Бургајетската тврдина во Албанија, како трет син на Кемал Паша Зоголи и Садије Топтани. Потекнува од семејство со голем феудален авторитет во Албанија, а татко му бил намесник на областа Мат. Неговата мајка Садије Топтани е потомка на сестрата на Скендербег. Ахмед Зогу се школувал во колеџот Галатасарај во Истанбул.

Во 1911 година по смртта на неговиот татко, тој го наследил на функцијата намесник на областа Мат, но бил разочаран од тоа што неговиот постар брат Келал Беј го сметале за ментално растроен.

За време на Првата светска војна Ахмед Зогу ја поддржал воената политика на Австроунгарија. Бил притворен во Виена во 1917 и 1918 и во Рим во 1918 и 1919, а во Албанија се вратил во 1919 година. Во Виена бил обожуван од жените, а со неговиот престој научил и многу за западниот стил на живот.

Во 1920 станал водач на најголемата реформистичка партија, а ја задржал функцијата претседател во Скадар. Власта ја презел во 1921 година, а бил министер за внатрешни работи и врховен командант на војската. Негови први соперници биле Фан Ноли и Луѓ Гуракуки. За време на неговото владеење опозицијата се организирала во Сојуз на опозицијата на чело со Авни Рустеми. Во 1924 година Авни Рустеми бил убиен, па опозицијата со вооружен напад ја презела власта и за водач го поставиле Фан Ноли.

Претседател на Албанија[уреди | уреди извор]

Во 1925 година со помош на Кралството СХС Ахмед Зогу повторно ја презел власта во свои раце и се прогласил за претседател на Албанија. Претседател станал на 21 јануари 1925 година, а официјално функцијата ја презел на 1 февруари истата година. Тој се залагал државата да ја уреди по примерот на Италија, а во своето владеење го водел според западно европскиот модел на управување, но сепак во Албанија се чувствувале остатоците од Османлиското Царство.

За време на своето претседателство Ахмед Зогу имал одредени политички судири со Косовците Хасан Приштина и Бајрам Цури.

Крал на Албанија[уреди | уреди извор]

На 1 септември 1928 година Ахмед Зогу се прогласил за крал на Албанија како Зогу I. Тој прокламирал уставна монархија, а создал и силна полиција. Тој како национална парична единица ги вовел златните монети и скапоцените камења коишто се употребувале во Албанија пред воведувањето на банкнотите.

Во текот на триесеттите години во Албанија политичката состојба се стабилизирала, но во 1939 година на албанска територија се истовариле 30.000 италијански војници по што Ахмед Зогу избегал од Албанија, а земјата била окупирана од Италија.

Животот во егзил[уреди | уреди извор]

Ахмед Зогу најпрвин побегнал во Египет од каде што допловил до Велика Британија каде што со своето семејство живеел во Лондон, а извесно време во 1941 година и во Бакингемшир. По Велика Британија, тој се преселил во САД каде што во 1951 година го купил имотот Нолвуд во Мутонтаун за $102,800, но многумина сметаат дека за 60-собниот имот како замок платил со вреќа полна со дијаманти и рубини. Во 1955 година тој го продал имотот.

Неговото конечно животно одредиште е Франција. Таму живеел до крајот на својот живот. Во 1961 година бил пренесен во болницата Фох во Сенските Висови каде што на 9 април починал.