Скадар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скадар
Shkodër
—  Град  —
Градот и Албанските Алпи гледани од замокот Розафа

Грб
Скадар се наоѓа во Албанија
Скадар
Координати: 42°04′ СГШ 19°30′ ИГД / 
Држава  Албанија
Област Скадар
Округ Скадар
Основан 4 век п.н.е.
Управа
 • Градоначалник Лоренц Лука
Површина
 • Град 16,46 км2
Надм. вис. 13 м
Население (2011)
 • Град 95.907 жит.
 • Пошир. 217.375 жит.
Час. појас Central European Time (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број 4001-4007
Повик. бр. (+355) 22
Таблици SH, AA
Портал www.bashkiashkoder.gov.al
Скадар

Скадар (албански: Shkodër; турски: İşkodra или Arnavut İskenderiyesi) е град и центар на истоимената област во северозападна Албанија покрај Скадарското езеро. Тој е еден од најстарите и најзначајните градови во Албанија, богат со историско и културно наследство. Скадар го карактеризираат прекрасна клима и природа. Низ него минуваат три реки: Дрим, Буна и Кир. Во Скадар живеат околу 90.000 жители. Населението е мешано, христијани и муслимани.

Име[уреди]

  • Според едни, денешниот албански назив за градот Shkodra (Шкодра), споменуван и во верзиите Scutari или Skutari доаѓа од латинскиот збор scutarii што во буквален превод значи заштитници, а тоа се однесува на римската легија која ја основал Царот Константин Велики.
  • Според други, денешниот албански назив Shkodra потекнува од Shkodrin (shko - оди; Drin - Дрим) објаснувајќи го тоа со фактот што низ Скадар тече т.е. оди реката Дрим.