Областа Скадар (албански: Qarku i Shkodrës) е една од 12те области во Албанија. Се состои од окрузите Голема Малесија, Пука и Скадарскиот округ. Главниот град на областа Скадар е градот Скадар. На југозапад, областа Скадар има мало крајбрежје на Јадранското Море, а на север граничи со Црна Гора.
Според пописот од 2010 година, во областа живеат околу 246,060 жители[1].