Скадарско Езеро
- пренасочување Шаблон:Инфокутија Езеро
Скадарското Езеро е најголемо езеро во Црна Гора и на Балканскиот полуостров, површината на езерото изнесува 369,7 km² (од тоа на Црна Гора и припаѓаат 221,8 км², а на Албанија 147,9 km²). Должината од Врањина до Скадар изнесува 40 километри, а ширината на некои места изнесува 14 километри. Длабочината изнесува од 4 до 6 метри, а што повеќе се оди кон западниот брег се вдлабочува повеќе. Езерото спрема годишните времиња ја менува ја менува својата величина, а вода прима од многу реки. Од езерото истекува реката Бојаном во Јадранското море.
Езерото е полно со острови и полуострови на кои се наоѓаат трагови од истроијата и културното богатство Жабљак (15 век) - престолнина на некогашната држава Зета, Лесендро - тврдина која што се наоѓа на стените до езерото, тврдината Грможур. Бистрата вода и зачуваниот амбиент го овозможуваат доста богатиот еко-систем. Ова е единствено живеалиште на пеликани на југот на Европа.
На бреговите на езерото се наоѓа малиот град Рјека Црнојевича. Во близина се остатоците од градот Обод каде што биле сместена печатницата во која во 1494 година била штампана првата книга во овој дел на Европа - Октоих.
Галерија [уреди]
Види још [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Скадарско Езеро“ |

