9 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
9 април е 99-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (100-и во престапна година). Остануваат 266 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1387 | Османлискиот султан Мурат I го освоил Солун. |
| 1682 | Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал - Луизијана. |
| 1865 | Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД. |
| 1867 | Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар. |
| 1873 | Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари. |
| 1909 | Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал. |
| 1967 | Првиот лет на Боинг 737. |
| 2003 | Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД. |
Родени:
| 1821 | Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век. |
| 1865 | Ерих Лудендорф, германски офицер. |
| 1933 | Тихо Најдовски, македонски поет. |
| 1954 | Виолета Ачкоска, македонски историчар. |
| 1959 | Љупчо Димовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. |
| 1959 | Киро Стојанов, римокатолички бискуп на Скопската бискупија. |
| 1962 | Мирсад Јонуз, македонски фудбалски тренер. |
| 1979 | Бујар Османи, Министер за здраство на Република Македонија. |
| 1985 | Антонио Ночерино, италијански фудбалер. |
| 1986 | Ивана Младеновска, македонска сликарка. |
| 1990 | Кристен Стјуарт, американска актерка. |
Починале:
| 915 | Папа Константин, римски папа. |
| 1024 | Папа Бенедикт VIII, римски папа. |
| 1483 | Едвард IV, англиски крал. |
| 1492 | Лоренцо де Медичи, владетел на Фиренца. |
| 1626 | Франсис Бекон, англиски философ и државник. |
| 1942 | Орде Чопела, македонски народен херој. |
| 1951 | Вилхелм Бјеркнес, норвешки метеоролог. |
| 1959 | Френк Лојд Рајт, американски архитект. |
| 1962 | Харолд Ламб, американски историчар. |
| 1983 | Александар Доброхотов, руски педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје. |
| 1997 | Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник. |
Празници:
| * | Ден на македонските железничари |
| * | Ден на македонскиот фудбал |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |