27 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
27 февруари е 58-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 307 денови до крајот на годината (308 во престапна).
Настани:
| 1844 | Доминиканската Република стекнува независност од Хаити |
| 1900 | Основан е ФК Баерн Минхен |
| 1900 | Основана е британската Лабуристичка партија |
| 1921 | Во Виена е формиран Втората и пол Интернационала. |
| 1933 | Запалена е зградата на Германскиот Рајхстаг. |
| 1967 | Доминика добива независност од Британија. |
| 1976 | Полисарио ја прогласи поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава. |
| 1989 | Во Венецуела се случуваат масовни немири, познати како Каракасо. |
| 1996 | Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
Родени:
| 272 | Константин I, римски император |
| 1873 | Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најславните пејачи на сите времиња. |
| 1902 | Џон Стајнбек, американски писател. |
| 1928 | Ариел Шарон, израелски премиер. |
| 1932 | Елизабет Тејлор, британско-американска актерка. |
| 1971 | Дерен Браун, англиски илузионист и менталист. |
| 1978 | Кахабер Каладзе, грузиски фудбалер. |
Починале:
| 1887 | Александар Бородин, руски композитор. |
| 1936 | Иван Павлов, руски научник, лекар - физиолог. |
| 1990 | Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. |
Празници:
| 1844 | Доминиканска Република – Ден на Независноста |