Ирвинг Фишер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ирвинг Фишер
Неокласична економија
Irvingfisher.jpg
Роден 27 февруари 1867(1867-02-27)
Соџертис, Њујорк
Починал 29 април 1947(1947-04-29) (на 80 год.)
Њујорк, Њујорк
Националност САД
Поле Математичка економија
Алма матер Универзитет Јејл
Влијанија од Џевонс, Гибс, Самнер, Бем-Ваверк
Влијаел врз Фридман, Тобин, Модилјани, Бернанке, Самнер, Кин, Але
Придонеси Фишерово правило
Equation of exchange
Ценовен индекс
Debt deflation
Филипсова крива
Money illusion
Fisher separation theorem

Ирвинг Фишер (роден на 27 февруари 1867 - починат на 29 април 1947) бил американски економист, статистичар, пронаоѓач и социјалeн активист. Тој бил еден од најраните американски неокласични економисти, иако неговата подоцнежна работа на теоријата за должничка дефлација била прифатена од страна на посткејнзијанската школа.

Фишер направил значајни придонеси и во побласта на теоријата за општа рамнотежа. Неговото истражување за теоријата за количеството на парите било основа на една посебна школа на макроекономската мисла, позната како "монетаризам".

Неговата теорија за должничка дефлација, како објаснување на Големата криза, во голема мера билe игнорирани, но неговиот углед бил обновен во доцните 1950-ти. Така, денес, некои важни концепти се именувани по Фишер, како: Фишеровото равенство, Фишеровата хипотеза, меѓународниот Фишеров ефект, и сл.

Биографија[уреди]

Ирвинг Фишер е роден на 27 февруари 1867 година во Соџертис, Њујорк. Неговиот татко бил учител и свештеник кој го поттикнал неговиот син да се труди да биде корисен член на општеството. И покрај тоа што израснал во религиозно семејство, тој подоцна станал атеист. Како дете, тој имашл извонредени математички способности и таленти.

Во 1884 година, по една недела од приемот Фишер на Универзитетот Јејл, неговиот татко починал оставајќи му 500 долари за неговото високо образование. По смртта на татко му, семејството се преселило во Њу Хевен и заедно некако успевале за врзат крај со крај. Голем придонес за тоа дал и Фишер со тоа што подучувал колеги за време на распустот и во текот на летото. И покрај овој напорен начин на живот, сепак, тој постигнал одличен успех во неговите студии и добил голем број награди, особено за достигнувањата во математиката.

Големо влијание врз Фишер имал Вилард Гибс, познатиот физичар, кој предавал математика, и особено Вилијам Греам Самнер, професор по економија, кој му помогнал на Фишер да ги комбинира овие две науки. Резултатот била неговата докторска теза на математички аспекти на трошоците и цената.

Во 1893 година, Фишер отишол во Европа да учи виша математика. По неговото враќање, тој предавал математика на Универзитетот Јејл, а потоа во 1895 година се преселил во одделот за економија. Во 1898 година, точно десте години по пишувањето на докторската теза, тој станал професор.

Математичар, статистичар, бизнисмен, реформатор и учител, Фишер бил вистински човек со различни интереси. Кога бил во подоцнежните години, неговото мислење за капиталот, каматата и парите почнало да го привлекува вниманието што тој го заслужувал. Особено значаен бил придонесот на Фишер за статистиката, главно во теоријата на индексите. Примената на математичките методи во економијата, тој се обидел да ги комбинира со методите на квантитативната анализа. Фишер бил плоден писател, тој објавил дваесет и осум книги, од кои осумнаесет на економската теорија, како и бројни статии во стручни и популарни публикации. Фишер починал во 1947 година, во Њујорк, на 80 годишна возраст.

Научни достигнувања[уреди]

Во делото "За куповната моќ на парите" (1911), тој го развил современиот концепт на односот помеѓу промените во паричната маса и промените во општото ценовно ниво. Од 1912 до 1935 година, Фишер создал вкупно 331 документи, вклучувајќи говори, писма во весници, статии, извештаи за владини органи, циркуларни писма и книги, каде го опишал својот план за одржување константна куповна моќ на доларот. Фишер сметал дека вредноста на доларот не треба да биде дефиниран преку тежината на златото, туку од страна на вредноста на златото, а оваа вредност може да се утврди од страна на индекс, врз основа на цената на дадено множество стоки. Фишер, исто така, бил прв економист кој јасно ја разграничил разликата меѓу реалните и номиналните каматни стапки. Тој посочил дека вистинската каматна стапка е еднаква на номиналната каматна стапка (онаа што ние го гледаме) минус очекувата стапката на инфлација. Ако, на пример, номиналната каматна стапка е 12%, но луѓето очекуваат инфлација од 7%, тогаш реална каматна стапка е само 5%.

Тригодишната борба со туберкулозата, во почеток во 1898 година, го оставила Фишер со продлабочен интерес кон здравјето и хигиената. Тој ги потенцирал вегетаријанството и вежбањето и напишал бестселер, насловен како Како да се живее: Правила за здрав живот. Тој бил основач или претседател на голем број асоцијации и агенции, вклучувајќи го и економетриското здружение и американското економско здружение. Тој, исто така, водел и кампања за светскиот мир, здрава исхрана и здрав начин на живот и често ова се сметало како нешто ексцентрично од страна на неговите колеги.

Економски теории[уреди]

Фишеров индекс[уреди]

Фишеровиот индекс е групен индекс. Овој индекс бил претставен од Ирвинг Фишер пред Американската статистичка асоцијација во 1920 година. Тој претставува геометриска средина на два групни индекси: едниот со пондерациони фактори од базичниот и другиот со пондерациони фактори од тековниот период.[1] Со други зборови, тој претставува комбинација на Ласперовиот индекс (кој ги користи цените од базниот период) и Пашеовиот индекс (кој ги користи цените од тековниот период). Овој индекс уште се нарекува идеален индекс, бидејќи во најголема мерка ги задоволува теоретските и математичките тестови, но неговото пресметување е мошне комплицирано и поради тоа во практиката не се применува често.[2]

Формулата за пресметување на индексот на цени

Фишеровата формула се користи кога цените и количините во два периода се разликуваат меѓу себе. Таа е составена од симболите P (цена) и Q (количина), па според тоа Po и Qo претставуваат цената и количината во базниот период, а P1 и Q1 представуваат цената и количината во тековниот период.

На пример, во табелата се дадени производите: леб, млеко и путер, како и нивните цени и продадените количини во 2010 и 2012 година. Користејќи ја 2010 како базна година, а 2012 како тековна, може да се пресмета Фишеровиот индекс.


image173.jpg


Производ цена-Po (2010) количина-Qо (2010) цена-P1 (2012) количина-Q1 (2012) QoPo QoP1 Q1Po Q1P1
Леб 25 140 30 142 3500 4200 3550 4260
Млеко 40 128 50 119 5120 6400 4760 5950
Путер 95 34 100 32 3230 3400 3040 3200
Вкупно 11850 14000 11350 13410

Фишерова квантитативна теорија за парите[уреди]

Ирвинг Фишер ја поставил својата варијанта на класичната квантитативна теорија на парите или попозната како "трансакциона варијанта на квантитативната теорија". Суштината на неговата теорија ја чини познатата равенка:

M * V = P * Y,

каде што М е количеството на парите, P e индексот на цените, Y e агрегатниот доход, а V e трансакционата брзина на оптокот на парите.

Тргнувајќи од оваа равенка, Фишер го објаснува неговото гледање на парите и факторите од кои зависат тие. Главни претпоставки на кои се базира оваа теорија се:

  • Големината на произведените и реализираните стоки (агрегатниот доход) е одредена од факторите на производство, како: технологијата, акумулацијата на капитал и алокацијата на природните ресурси, кои се менуваат многу бавно и поради тоа, агрегатниот доход Y може да се третира како даден елемент.
  • Брзината на оптокот на парите (V) е големина која што кажува колку пати една парична единица била искористена за извршување на трансакциите. Фишер смета дека брзината на оптокот на парите е одредена од институционални услови, како: системот на плаќања, степенот на синхронизација, кои се менуваат бавно и на долг рок, така што и V може да се смета како даден, фиксен елемент.

Со уредување на горната равенка во:

M = 1/V *P * Y,

може да се заклучи дека зголемување на количеството на пари М, при константи големини на V и Y, ќе резултира во еднакво пропорционално зголемување на цените P. Оттука, во случај на рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на пари, и константа брзина на оптокот на парите V, побарувачката на пари ќе биде функција единствено на агрегатниот доход.

Мd = P * Y/V

Теорија за каматните стапки[уреди]

Теоријата на Ирвинг Фишер за каматните стапки се однесува на номиналната каматна стапка i, за стапката на инфлација π и реалнатa каматна стапка r'. Реалната каматна стапка r е каматната стапка приспособена за стапката на инфлација. Притоа, односот меѓу овие три стапки е:

(1 + i) = (1 + R)(1 + π) = 1 + R + π + R π

а, тоа е еквивалентно на:

i = r + π (1 + R)

Така, според оваа равенка, ако π се зголемува за 1%, тогаш номиналната каматна стапка се зголемува за повеќе од 1%. Ова значи дека ако се познати r и π, тогаш може да се утврди номиналната каматна стапка. Од друга страна, ако се познати i и π, тогаш може да се утврди и r:

1 + r = (1 + i) / (1 + π)

или

R = (з - π) / (1 + π)

Кога π е мала големина, тогаш r е приближно еднаква на i-π.

Теoрија за должничка дефлација[уреди]

Во 1933 година, Фишер предложил објаснување за Големата криза врз основа на разликата помеѓу нивото на цените и промената на цените - ефектот на дефлација во контекст на презадолженост. Притоа, тој ги споредувал теоријата на должничка дефлација со динамичката депресија, процес за кој тој излагал докази речиси 20 години порано, пишувајќи за куповната моќ на парите (1911).

Фишер тврдел дека во било која точка во времето, барем една економска активност (производство, потрошувачка, штедење, инвестиии) е во состојба на нерамнотежа. Економиите се речиси секогаш над или под рамнотежата (без разлика, дали тоа е инвестирање во одреден сектор, или за производство на друг, или дали тоа е побарувачката на потрошувачите или заштедите, итн ..). И, на крајот, овие нарушувања се поврзани со презадолженост, проследено со дефлација и тоа резултира со уште еден циклус на меур и несреќа. Ова е еден маѓепсан круг, бидејќи за време на дефлација цените одат надолу, во меѓувреме долгот останува константен. Ова води кон задолжување и пазарите на капитал бележат падови. Тоа, исто така, има влијание врз кредитите, доходот, побарувачката, БДП и вработеноста.Оттука, според Фишер, презадолженоста е главна причина за сериозните контракции на економската активност.

Нешто подоцна, Џон Мејнард Кејнз во неговата "Општа теорија на вработеноста, каматата и парите", објавена во 1936 година, покажал дека пазарната економија е типично во хронична состојба на нерамнотежа. Така, пазарните економии треба да бидат управувани преку експанзивна фискална политика (генерирање на буџетските дефицити за време на рецесиja и буџетски суфицит во текот на експанзиja).

Теорија на општа рамнотежа[уреди]

Фишер ја објавил својата теорија за определување на каматните стапки во 1907 година, а ревидираната и проширена верзија била објавена во 1930 година. Фишер се опишувал себеси како застапник на "нетрпеливоста" како објаснување на каматата, иако тој сфаќал дека постојат две страни на пазарот: штедење и инвестиции, иако признавал дека реалните каматни стапки на моменти може да бидат нула или негативни. Тој верувал дека во стационарна рамнотежа со константна потрошувачка, потрошувачите ќе бараат позитивна камата, и дека ќе се користат само оние технологии и можности за инвестирање кои дозволуваат "стапка на поврат над цената". Во книгите на Фишер, теоријата за општа рамнотежа е различна од теоријата на Валрас, која се однесува на целосната севкупност во економијата, што во тоа време било тешко за излагање и разбирање. Затоа, Фишер во својата анализа користел само еден агрегат, стока, која се произведува и консумира на различни датуми.

Методологијата на тероијата на капиталот на Фишер е многу модерна. Неговите појаснувања за концептите на капитал и приход го довеле до формулирање на проблемот како определување на временски патеки на потрошувачката, односно, приходи и за индивидуалните агенти и за целата економија. Тогаш, тој го поделил проблемот на двете страни: вкусови и технологии. Можеби највпечатлива карактеристика е инсистирањето на Фишер дека "доходот" е потрошувачка, вклучувајќи ги потрошувачката на услугите и на трајните добра. Практично, според Фишер, доходот може да се мери како парична вредност или вредност во некои други добра, на стоки и услуги кои директно даваат корист.

Наводи[уреди]

  1. Славе Ристески, Драган Тевдоски, Статистика за бизнис и економија, Економски факултет - Скопје, Скопје, 2010.
  2. Славе Ристески, Статистика за бизнис и економија, Економски факултет - Скопје, Скопје, 2003.

Надворешни врски[уреди]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: