Александар Лековски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Лековски
Роден 11 декември 1933
Ниш, Србија
Починал 27 февруари 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање композитор и диригент

Александар Лековски-Лекај (Ниш, 11 декември 1933 - Скопје, 27 февруари 2013) — македонски композитор на класична музика и диригент.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Лековски е роден на 11 декември 1933 година во Ниш, Србија. Дипломирал на Одделот за диригирање на Музичката академија во Белград, во класата на Живоин Здравковиќ, каде што ги завршил и постдипломските студии. Специјализација со студиски престој завршил во Рим и во Милано. Покрај неговата матична професија, диригирањето, тој бил многу успешен и во компонирањето. Лековски бил директор на Операта и балетот при тогашниот Македонски народен театар, бил директор на Македонската филхармонија, бил прв диригент во Операта и балетот во Белград, потоа главен диригент на Хорот на Македонската радио-телевизија, а композиторската и диригентската фела го памети и како претседател на Сојузот на композиторите на Македонија, на Здружението на диригентите на Македонија, на Сојузот на музичките уметници на Македонија, на Музичката младина на Македонија и сл. Лековски за својот уметнички придонес е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „Панче Пешев“ од СОКОМ во 1994 година и државната награда „11 Октомври“. Починал на 80 годишна возраст во Скопје на 27 февруари 2013 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Каракаш, Бранко (1970). Музичките творци во Македонија. Скопје: Македонска книга.
  2. Бубевска, Александра (27 февруари 2013). „Почина диригентот и композитор Александар Лековски“. Нова. Архивирано од изворникот на 2013-03-02. Посетено на 2013-02-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]