Бајерн Минхен

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Баерн Минхен)
Прејди на: содржини, барај
Баерн Минхен
Амблемот на Баерн Минхен
Целосно име FC Bayern München AG
Основан 27 февруари 1900
Стадион Алианц Арена
Капацитет 71,437
Претседател Германија Франц Бекенбауер
Тренер Германија Јуп Хејнкес
Лига Бундеслига
2012-2013 Бундеслига, Шампиони
Лига на Шампиони, Шампиони
Куп на Германија, Први
Kit left arm whiteshoulders.png
Тимски бои
Тимски бои
Kit right arm whiteshoulders.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Домашен дрес
Kit left arm navyshoulders.png
Тимски бои
Тимски бои
Kit right arm navyshoulders.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Гостински дрес

Баерн Минхен (германски: Bayern München) — фудбалски клуб од Минхен, повеќекратен првак на Германија и неколкукратен шампион на Европа.

Организација и сопственичка структура[уреди]

Фудбалскиот клуб Баерн е организиран како акционерско друштво и неговото официјално име е ФК Баерн Минхен АД (FC Bayern München AG). Во однос на сопственоста, 90% од акциите на клубот му припаѓаат на здружениетоFC Bayern München E.V. (e.v.-значи „регистрирана асоцијација“), додека останатите 10% припаѓаат на Адидас, кој е и голем спонзор на Баерн Минхен. Адидас ги купил своите акции во 2002 за 77 милиони Евра. Други поголеми спонзори на Баерн се Deutscher Telecom(T-Home-спонзор на дресевите), Audi, Simens, Laufthansa airlines и Coca-Cola. Претходни спонзори на дресевите биле: Adidas (1874-78), Iveco (1978-84), Commodore (1984-89), Opel (1989-2002) и Deutscher Telecom (T-Mobile,T-Com,T-Home/2002-*).

Претседател на клубот е Франц Бекенбауер. Тој исто така е и директор во бордот на директори. Претседател на бордот на директори е Карл-Хаинц Румениге, исто така поранешен играч на Баерн. Најголема улога во тимот има Ули Хонес, кој е извршен директор на тимот.


Историја[уреди]

Баерн Минхен е оформен на 27 февруари 1900 год. од Гимнастичкиот клуб во Минхен. Првите неколку сезони тимот ги играл во регионалните Баварски лиги. Прв поголем успех е во 1926 год. во јужното германско првенство, достигнување кое го повториле и две години подоцна. Прв национален триумф имале во 1932 освојувајќи го Германското првенство. Со доаѓањето на Хитлер на власт развивањето на клубот замрело. Баерн бил преименуван во „Јевовиот клуб“, а тренерите ја напуштиле земјата.

Подоцна кога Баерн стана дел од јужната германска лига или Oberliga Süd. Баерн стангираше и во 1955 год. испаднал од таа лига. Наредната сезона успева да се врати и го освојува Германскиот куп победувајќи против Фортуна Диселдорф со 1-0 во Финалето. Во 1963 година поделените германски лиги се соединиле во Бундес Лигата. Баерн не бил член на БундесЛигата тогаш но станал 2 години подоцна со младите таленти: Франц Бекенбауер, Герд Милер, Сeп Маер и др. Во првата сезона во Бундеслигата Баерн завршува 3 и го освојува Германскиот Куп со што учествува во Европскиот Куп на Купови, кој го освоиле таа година победувајќи го Ренџерс со 1-0. Бранко Зебец бил првиот тренер со кој Баерн освојал двојна титула, употребувајќи само 13 играчи во текот на сезоната.

Во 1970 доаѓа и нов тренер, Удо Латек, тој го освојува купот во првата сезона и го води Баерн до нивната трета национална титула. Решавачкиот натпревар во 1971-71 Баерн против Шалке, беше првиот натпревар одигран на Олимпискиот Стадион и првиот натпревар пренесуван на ТВ од БундесЛигата. Баерн победува со 5-1 и ја освојува титулата, но соборува и некои рекорди како најмногу поени и најмногу голови. Следен голем успех е освојувањето на Лигата на Шампионите во 1974 година победувајќи со 4-0 против Атлетико Мадрид. Наредната година Баерн биле послаби во БундесЛигата но успеваат да ја одбранат титулата во Лигата на Шампионите против Лидс Јунајтед. Наредната година во Глазгов Баерн уште еднаш ја освојува Лигата на Шампионите и станува 3 тим кој успеал да ја освои Лигата на Шампионите 3 пати по ред. Во 1976 Баерн го освојува и Интернационалниот Куп на ФИФА против Бразилскиот Крузерио Бело Хоризонте.

Во 1980-тите следуваат промени во тимот и финансиски проблеми, но сепак Баерн успева да ја освои БундесЛигата во 1980 и 1981. Но следуваат две без трофејни сезони по што Удо Латек дава отказ. Баерн го освојува купот во 1984 и освојува 5 првенства во 6 сезони, вклучувајќи и една дупла титула во 1986. Но во Европа нема резултати, успеваат да стигнат само до второто место во 1982 и 1987. Формата на Баерн паѓа по освојувањето на титулата во 1990. За само 5 поени се спасуваат од испаѓање во сезоната 1991/92. Успесите се враќаат кога се враќа Франц Бекенбауер како тренер во втората половина од сезоната 1993/1994 освојувајќи ја титулата по 3 години пауза. Бекенбауер беше именуван за претседател но неговите успеси како тренер не беа воодушевувачки. Поради славните играчи кои играа во Баерн во овој период Баерн добива прехар FC Hollywood . Бекенбауер се враќа како тренер и го освојува Купот на УЕФА во 1996 година против Бордо во Финалето.

Од 1998-2004 тренер на Баерн е Отмарт Хитцфелд, кој станува најдобриот тренер на Баерн во историјата. Во неговата прва сезона Баерн ја освојува Бундес Лигата и за малце не ја освојува и Лигата на Шампионите во која губи од Манчестер со 2-1, двата гола ги прима во продолжението. Во сезоната 1999-2000 Баерн ја освојува нивната трета дупла титула. Третата по ред освоена БундесЛига следува во 2001 освојувајќи ја на последниот ден. Неколку дена подоцна Баерн ја освојува и Лигата на Шампионите победувајќи ја Валенсија на пенали. 2002 е без трофеј во Германија но го освојува по втор пат Интернационалниот Куп на ФИФА. Наредната сезона Баерн освојува и четврта дупла титула. Наредната година Хитцфелд се повлекува по слабите резултати.

Во 2005-2006 Баерн се преселува на новиот стадион Алианц Арената. Тренер на Баерн во овој период е Феликс Магат кој освојува две дупли титули, но нема поголеми успси во европските натпреварувања. Во јануари 2007 Феликс Магат беше избркан од Баерн и беше вратен Отмарт Хитцфелд-најуспешниот тренер на Баерн. Во сезоната 2006/07 во Баерн имаше многу промени и Баерн не освои ништо. Во сезоните 2008-2009, Баерн се обидуваше да состави достоен состав кој ќе биде кункурентен во Европа, и оваа сезона Баерн ја освојува Бундеслигата, по што следуваат сезони без Германска титула и два финални натпревари во Лига на Шампиони без триумф. Најпрво ван Гал го носи Баерн до Финалето на Лигата на Шампионите, 2009-2010 година, во кое Финале Баерн се сретнува со Италијанскиот Интер од Милан, кој е под водство на Мурињо, а баерн доживува пораз од 2-0. после овај неуспех, Ван Гал го напушта кормилото на Баерн а го превзема дотогаш Стратегот на Леверкузен, Јуп Хејнкес, кој во сезоната 2011-2012 повторно го води Баерн до самиот врв во Европа, го остварува сонот кој го имаат сите Европски Клубови, Финале на сопствен Стадион, финале против Англиски Челзи, под водство на Ди Матео, на Алианз Арена, пред домашните навивачи.

За жал по стапките на Рома, Баерн губи на пенали на Алијанц Арена, откако на три пати Баерн веќе ја држеше титулата во свои раце, но незаборавен ќе остане промршениот пенал на Ариан Робен во вториот дел од Продолженијата.Сепак, Баерн продолжува по патот до врвот и во сезоната 2012-2013, под водство на Јуп Хеинкес, ја освоил двојната круна во Германија (шампиони и освојувачи на купот), а со победата над Борусија Дортмунд на Вембли, клубот постанал првак на Европа.

И сезоната 2013-2014, под водство на новиот тренер Пеп Гвардиола, Баерн ја започнал во одличен стил. Така, на 27 ноември 2013 година, во петтото коло од групата Д на Лигата на шампионите, на гостувањето во Москва, Баерн ја победил ЦСКА Москва со 3:1 и со тоа влегол во историјата како првиот клуб кој во Лигата на шампионите забележал десет победи по ред.[1]

Тековен состав[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Германија ГМ Мануел Нојер
4 Бразил ОД Данте
5 Белгија ОД Даниел ван Бајтен
7 Франција СР Франк Рибери
9 Хрватска НП Марио Манџукиќ
10 Холандија СР Арјен Робен
11 Швајцарија НП Ѓердан Шаќири
13 Бразил ОД Рафиња
17 Германија ОД Џером Боатенг
21 Германија ОД Филип Лам (captain)
22 Германија ГМ Том Штарк
Бр. Нац. Позиција Играч
24 Германија ГМ Максимилијан Ридмилер
25 Германија НП Томас Милер
26 Германија ОД Диего Контенто
27 Австрија ОД Давид Алаба
28 Германија ОД Холгер Бадштубер
30 Бразил СР Луис Гуштаво
31 Германија СР Бастијан Швајнштајгер (vice captain)
32 Германија ГМ Лукас Раедер
33 Германија НП Марио Гомес
36 Германија СР Емре Џан
39 Германија СР Тони Крос
44 Украина СР Анатоли Тимошчук

Освоени титули[уреди]

БундесЛига(22): 1932, 1968/69, 1971/72, 1972/73, 1973/74, 1979/80, 1980/81, 1984/85, 1985/86, 1986/87, 1988/89, 1989/90, 1993/94, 1996/97, 1998/99, 1999/2000, 2000/01, 2002/03, 2004/05, 2005/06, 2007/08, 2009/10,2012/13

Германски Куп(15): 1957, 1966, 1967, 1969, 1971, 1982, 1984, 1986, 1998, 2000, 2003, 2005, 2006, 2008, 2010,2013

Германски Лига Куп(6): 1997, 1998, 1999, 2000, 2004, 2007

Интернационален Куп(2): 1976,2001

Лига на Шампионите(4): 1974,1975,1976,2001,2013

Куп на УЕФА(1):1996

Најдобар состав на сите времиња[уреди]

На 1 јуни 2005 Баерн ги објави резултатите од јавното гласање за најдобар тим на сите времиња за кој гласаа над 66 000 фанови.

Во тимот беа: Голман: Мајер Одбрана: Шварценберг, Бекенбауер,Аугенталер,Брајтнер Центар:E Müller Ефенберг, Шол, Матеус, Милер Напад: Румениге, Елбер

Надворешни врски[уреди]

Баерн Минхен информатор на македонски јазик [1]

Наводи[уреди]

  1. "На Баерн му годат рекордите, но ја сака титулата", Дневник, год. XVII, бр. 5328, петок, 29 ноември 2013, стр. 24.