5 ноември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | ноември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
5 ноември е 309-иот ден во годината според григоријанскиот календар (310-и во престапна година). Остануваат 56 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1492 | Морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запиша дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува царевката. |
| 1630 | Со мирот во Мадрид заврши Англиско - шпанската војна. Претходно Армијата на Шпанија која во оваа земја се бореше со Австрија против Англија, Франција и Холандија, беше поразена на море и на копно. |
| 1854 | Кримска војна: Битка кај Инкерман. |
| 1940 | Демократот Франклин Рузвелт го победи на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат е избран за претседател на САД. |
| 1956 | Британските падобранци се спуштија во Порт Саид во рамките на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет за контрола на Суецкиот канал. Со енергична акција на Обединетите нации и САД, агресијата беше запрена, но остави политички последици врз целиот регион и врз светот. |
| 1969 | САД го лансираа првиот вселенски брод „Маринер-3“ во правец кон Марс. Поради некои технички грешки мисијата претрпе неупсех. |
| 1992 | Демократскиот кандидат, гевернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД. |
| 2009 | Садам Хусеин е осуден на смрт. |
| 2008 | Барак Обама стана претседател на САД. |
Родени:
| 1615 | Ибрахим I, отомански султан. |
| 1701 | Пјетро Лонги, Венецијански сликар (п. 1785.) |
| 1854 | Пол Сабатје, француски хемичар и нобеловец (п. 1941.) |
| 1912 | Александар Гаревски, македонски градежен инженер. |
| 1913 | Вивиен Ли, англиска филмска и театарска актерка. |
| 1931 | Бранко Гапо, македонски филмски режисер. |
| 1931 | Милчо Ристов, македонски академ. |
| 1936 | Иван Стамболиќ, српски политичар. |
| 1959 | Мирче Клечкароски, македонски поет. |
| 1959 | Брајан Адамс, канадски рок-музичар, гитарист и фотограф. |
| 1971 | Џони Гринвуд, член на групата Radiohead. |
| 1992 | Магомед Оздоев, руски фудбалер. |
| 1992 | Марко Верати, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1515 | Мариото Албертинели, Италијански сликар. |
| 1879 | Џемс Кларк Максвел, шкотски физичар. |
| 1980 | Бане Андреев, активист на комунистичкото, работничкото и студентското движење во Југославија и Македонија. |
| 1992 | Арпад Ело, унгарско-американски физичар, статистичар и шаховски мајстор. |
| 1994 | Милан Младеновиќ, фронтмен на култната екс-ју група од Белград - „Екатерина Велика“ (ЕКВ) |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |