Барак Обама
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Барак Хусеин Обама II (англиски: Barack Hussein Obama II) е сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави. Поранешно бил сенатор на Илиноис за Демократската партија.
Обама е првиот афроамерикански претседател на САД и првиот Афроамериканец воопшто номиниран од големата политичка елита за улогата на претседател.
Содржина |
[уреди] Почетокот
Барак Обама е роден вo Хонолулу, Хаваи на 4 август 1961 година. Татко му, Барак Обама-постариот, е од Кенија, а мајка му е бела американка од Вичита, Канзас. Тие се разделуваат кога Барак има две години и подоцна се разведуваат. Таткото на Обама се враќа во Кенија и успева да го види сина си пред да загине во сообраќајна несреќа во 1982. По разводот мајка му се мажи за Лоло Суторо и целото семејство се сели во неговата родна земја, Индонезија. Таму Барак посетувал училиште во Џакарта, додека да наполни десет години. Потоа Барак се сели во Хонолулу, каде живее со родителите на мајка му. Неговата мајка умира во 1995 година како последица од рак на јајчниците. По гимназијата Обама се сели во Лос Анџелес, каде учи две години во универзитет. Подоцна се преместува во Њу Јорк, каде изучува политикологија и специјализира меѓународни односи.
Четири години подоцна Обама се преселува во Чикаго, каде започнува да раководи проект поврзан со црквите.
[уреди] Семејство
Барак Обама се запознава со Мишел Робинсон во 1989 во универзитетот каде тој работел, и му била соработник. Се венчаат во 1992 година. Првата ќерка им се раѓа во 1998, а втората во 2001 година.
[уреди] Кандидат-претседателска кампања
На 10 февруари 2007 в Спрингфилд Илиноис сенаторот Барак Обама објавува, дека ќе се пријави за номинацијата на Демократската партија на следните претседателски избори во САД во 2008 г. Откако ја победува Хилари Клинтон, Обама го објавува за свој вицепретседателски кандидат сенаторот ветеран од Делавер Џо Бејдн и ќе се натпреварува со неговиот противник на 4 ноември 2008 г. кандидатот на Републиканската партија Џон МекКејн.
[уреди] Дела
[уреди] Наводи
- ↑ Обама, Барак (2009). „Смелоста на надежта“. Превела: Искра Стојановска. Скопје: Феникс. http://www.vbm.mk/scripts/cobiss?ukaz=DISP&id=0414181124508678&fmt=10&rec=1&sid=1.
[уреди] Надворешни врски
- Официјалено мреж. место на Сенаторот Барак Обама
- Официалео мреж. место на кандидатурата на Барак Обама за претседател
- Барак Обама - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Барак Обама“ |