Вилијам Макинли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вилијам Макинли (англиски: William McKinley, 29 јануари 184314 септември 1901) бил 25-ти претседател на Соединетите Американски Држави и последниот ветеран на американската граѓанска војна што е избран за мандат.

До 1880год. Макинли бил национален лидер на републиканците. Како кандидат на републиканците на парламентарните избори во 1896год. против демократот Вилијам Џенингс Брајан (William Jennings Bryan) ги поддржувал златните стандарди и го промовирал плурализмот меѓу етничките групи. Неговата кампања дизајнирана од Марк Хана (Mark Hanna), усвоила нов маркетиншки стил на техники што ги ревулуционизирала практиките во кампањата и ја победила кампањата на неговиот ривал Вилијам Џенингс Брајан (William Jennings Bryan). Изборите во 1896 год. често се сметани за избори на преуредување што го обележале почетокот на прогресивната ера.

Макинли претседавал за повраток на просперитетот по паниката во 1893год. и ја направил златната основа на парата. Тој демантирал дека Шпанија завршила со нејзините ѕверства во Куба, Шпанија ја издржала интерференцијата и Шпанско – Америчката војна станала неизбежна во 1898. Војната била брза и едноставна, како што неделно шпанските флоти биле потопувани, Куба и Филипините биле заробени за 90 дена.

На мировната конференција Макинли се согласил да ги купи поранешните шпански колонии на Порторико, Гуам и Филипините и да постави протекторат на Куба. Иако подршката за самата војна била широко распространета, демократите и анти- империалистите жестоко се спротивставиле на припојувањето на Филипините, плашејќи се од загуба на републиканските вредности. Макинли исто така ја припоил и независната Република на Хаваите во 1898год. и сите нејзини жители станале американски граѓани. Макинли бил повторно избран во 1900год. на претседателските избори, уште една интензивна кампања против Брајан (Bryan) што била фокусирана на надворешната политика и на враќањето на просперитетот. Макинли бил убиен од анархист во 1901год. и наследен од неговиот заменик- претседател Теодор Рузвелт (Theodore Roosevelt).

Потекло[уреди]

Кланот Макинлипристигнал во Пенсилванија во 1740 како дел од големата миграција на шкотите и ирците. Чукун чукун дедото на Макинли Дејвид Макинли (David McKinley), ветеран на Американската револуција, се населил во Охио во 1970. Вилијам Макинли (William McKinley, Jr.,) бил роден во Нил, Охио на 29 јануари 1843год. , седми од деветте деца. Неговите родители Вилијам (William- 15.11.1807 – 24.11.1892) и Ненси (Nancy- 22.04.1809 – 12.12.1897) Макинли биле од шкотско-ирско и англиско потекло. Кога Макинли имал 10 години се преселил во Поланд, Охио. Таму го завршил средното образование и се запишал на колеџот ,,Mount Union,, каде што бил член на сигма алфа епсилон братството, а во 1860год. се запишал еден семестар на колеџот ,,Allegheny,,. Тој не земал диплома.

На почетокот на Американската граѓанска војна се пријавил во армијата на Унијата во јуни 1861год. како доброволец во 23 Пешадија на Охио. Тие биле испратени во западна Вирџинија каде што поминале една година борејќи се со единиците на Конфедералистите. Еден од неговите претпоставени бил генералот и идниот американски претседател Рудфорт Хајс (Rutherford B. Hayes), кој го унапредил Макинли во наредник поради покажаната храброст во битките. Во крвава битка кај Antietam, тој под непријателски оган доставил муниција и бил унапреден во поручник. Ова се повторило неколку пати и Макинли во септември 1865год. по завршувањето на војната излегол со чинот мајор. Во 1869год. , година кога влегол во политиката, Макинли ја запознал и почнал да и се додворува на неговата идна жена Ида Сакстон (Ida Saxton), за две години подоцна да се ожени со неа на нејзина 23годишна возраст, а тој имал 28год. Во првите три години од нивниот брак ќе добие две ќерки, Кетрин (Katherine) и Ида (Ida), но ниедно дете нема да ја преживее петата година.

Правна и рано-политичка кариера[уреди]

Макинли го посетувал правното училиште во Албани, Њујорк и бил примен во комората во 1867год. Тој бил на пракса во Кантон и работел како обвинител во ,,Stark Country,, од 1869год. до 1871год. Во јуни 1876 год. 33 рудари, вработени кај Марк Хана (Mark Hanna), штрајкувале и биле затворени поради нередите, кога Хана(Hanna) ги донел штрајкбрехерите да ја завршат работата. Макинли ги бранел рударите на суд и ги ослободил сите освен еден. Кога рударите дошле кај Макинли да ги платат правните трошоци тој одбил да им ги земе парите, кои тие едвај ги собрале. Најпрво тој бил активен член во републиканската партија, кога водел кампања за неговиот поранешен претпоставен, Рудфорт Хајс (Rutherford B. Hayes), кој бил избран за гувернер на Охио во трката која привлекла национално внимание.

Претставнички дом на САД[уреди]

Со помош на Хајс (Hayes), Макинли бил избран како републиканец во Претставничкиот Дом на САД во Охио и служел од 1877 до 1882год. и од 1885 до 1891год. Во последните неколку дена од 48 Конгрес бил симнат од Џонатан Валс (Jonathan H. Wallace), демократ кој успешно се борел на изборите. Макинли бил повторно избран во Претставничкиот Дом и служел од 4 март 1885год. до 4 март 1891год. Тој бил претседавач на моќниот Комитет на начини и средства од 1889год. до 1891год. Во 1890год. тој ја направил Макинлиевата царина (McKinley Tariff), со што ја кренал стапката највисоко во историјата. Политичката реакција ги уништила ГОП во лошата година на демократската победа во 1890год. Тој го изгубил своето место за тесна маргина од 300 гласови, делумно поради непопуларната царинска сметка, а делумно поради фалсификување на избори.

Гувернер на Охио[уреди]

По напуштањето на Конгресот Макинли го добил мандатот за гувернер на Охио во 1891год. , победувајки го демократот Џејмс Кембел (James E. Campbell) бил повторно избран во 1891год над Лоренс Нил (Lawrence T. Neal). Тој бил неуспешна претседатеска надеж во 1892год. но водел кампања за повторен избор на претседателот Бенџамин Херисон (Benjamin Harrison). Како гувернер вовел данок на промет на корпорации, обезбедувајќи сигурно законодавство за работниците во превозот и ги ограничил анти-униските практики на вработените.

Во 1895год. заедница од неколку осиромашени рудари од долината Хокинг (Hocking Valley) му пратиле телеграма на гувернерот Макинли да го известат за нивната беда, пишувајќи ,,Потребно е итно даночно ослободување,,. Во рок од пет часа Макинли платил од свој џеб за железнички вагон полн со храна и други намирници да бидат испратени на рударите. Потоа тој продолжил да контактира со стопанската комора во секој поголем град од државата, давајќи им за задача да ја истражат бројката на граѓани кои живеат под нивото на сиромаштија. Кога се вратиле извештаите откриле голем број на изгладнети граѓани на Охио, затоа гувернерот одржал хуманитарно возење и собрал доволно пари да ги нахрани, облече и обезбеди повеќе од 10 000 луѓе.

Изборите во 1896 година[уреди]

Гувернерот Макинли го напуштил местото во раната 1896год., по подбуцнување од неговиот пријател Маркус Хана (Marcus Hanna), започнал активна кампања за претседателската кандидатура на републиканската партија. По лесната победа во 1894год. на избори на Конгресот, републиканските перспективи изгледале одлично при почетокот на 1896год.

Демократската партија била поделена околу прашањето за среброто и многу гласачи ја обвинувале економската јад на нацијата на функционерот Грувер Кливланд (Grover Cleveland). Добро познатата специјалност на Макинли околу прашањето за царинската такса, успешното досие како гувернер и срдечната личност им се допаднале на многу републикански гласачи. Неговиот најголем противник на изборите, говорителот во Домот, Томас Рид (Thomas B. Reed), се здобил со многу непријатели во партијата околу неговата политичка кариера и неговите подржувачи неможеле да се борат против организацијата на Хана (Hanna). По победување на кандидатурата тој се вратил дома и ја предводел неговата позната ,, предворска кампања,, обраќајќи им се на илјадници гласачи, вклучувајќи ги организациите од патувачки трговци па се до велосипедиските клубови. Многу од гласачите воделе кампања за Макинли откако се вратил дома. Хана (Hanna), богат индустриец, ја предводел кампањата на Макинли.

Негов противник бил Вилијам Џенингс Брајан (William Jennings Bryan), кој се кандидирал на едно прашање за ,,слободно сребро,, и монетарна политика. Макинли бил против среброто затоа што била девалвирачка валута и надгледувал пазари кои користеле злато, така што ќе и наштеле на надворешната размена. Макинли ветил дека ќе ги унапреди индустријата и банкарството и гарантирал просперитет за секоја група на плуралистичката нација. Демократски цртан филм го исмеал ветувањето, кажувајќи дека ќе го потоне бродот. На тоа Макинли одговорил дека заштитната царинска такса ќе донесе просперитет на сите групи, градови и држави, додека слободното сребро на Брајан (Bryan) ќе создада инфлација, а не нови работни места, ќе ги банкротира железниците и дека трајно ќе ја оштети економијата.

Макинли успеал да придобие гласови од урбаните области и етничко работничките групи. Менаџерот на кампањата Хана (Hanna) собрал три ипол милиони долари од големите бизниси и усвоил ново-креирани маркетиншки техники за да ја рашири пораката на Макинли. Иако Брајан (Bryan) водел во август, против-кампањата на Макинли го ставила на одбрамбено голема парада во секој поголем град, неколку дена пред изборите, ги намалила обвинувањата на Брајан (Bryan) дека работниците биле принудени да гласаат за Макинли. Тој го победил Брајан (Bryan) со голема разлика. Неговиот изглед на сите класи обележал прегрупирање на американската политика. Неговиот успех во индустриските градови им дал контрола на републиканската партија врз северот во споредба со тој на демократите на југот.

Претседателство (1897-1901)[уреди]

Внатрешна политика[уреди]

Инаугурацијата на Макинли го одбележала почетокот на најголемото движење на соединување, што американскиот бизнис го имал видено. Таквото соединување на бизниси ( во тоа време наречени труст) било кулминација на еден далечен тренд во времето кога Макинли дошол на власт. Администрацијата не го употребувала активно актот на Шерман, како што ќе го употреби Теодор Рузвелт, и тогаш на фондовите им било дозволено да растат. Макинли го потврдил своето звање како ,, напреден агент на просперитетот,, кога 1897год. донела закрепнување на бизнисот, земјоделството и општиот просперитет. Ова било поради крајот на Паниката од 1893год. што била предизвикана поради дефлација која датира од Граѓанската војна, и преконзумираноста. Крајот на периодот на дефлација бил поради златниот стандарден акт од 1900год., што ја одредил вредноста на доларот така што ги ублажил некои монетарни грижи кои го мачеле САД од 1870год. Овој бран на просперитет потпомогнат од победата на САД во шпанско-американската војна, ќе продолжи во 20 век се до Паниката од 1907год., и ќе го осигура повторниот мандат на Макинли во 1900год.

На 16 јуни 1897год. бил потпишан договор за присоединување на Република на Хаваите кон САД. Владата на Хаваите брзо го ратификувала договорот, но недостасувале потребните две третини од гласовите во Сенатот на САД. Решението било да се припои Хаваи со заедничка резолуција. Резолуцијата обезбедена со превземањето на САД на долгот на Хаваи од над четири милиони долари. Кинескиот акт за исклучување (1882год.) бил продужен до островите, и кинеската имиграција од Хаваите до копното била забранета. Заедничката одлука се усвоила на 6 јули 1898год., мнозинството на демократи и неколку републиканци меќу кои Спикер Рид (Speaker Reed), наспроти Шелби Кулом (Shelby M. Cullom), Џон Морган (John T. Morgan), Роберт Хит (Robert R. Hitt), Сенфорт Дојл (Sanford B. Dole) и Волтер Фриар (Walter F. Frear), направиле комесари со нивните надлежности, подготвиле територијална форма на владата што станала закон на 30 април 1900год.

Во граѓанската администрација, Макинли направил реформи за системот да биде пофлексибилен во критичните области. Републиканската платформа, усвоена по продолжувањето на претседателот Кливланд (Cleveland) на именување службеници според нивните квалитети, категорички го потврдила тоа, како и самиот Макинли. Против силен притисок, посебно во одделението за војна, претседателот се спротивставувал до 29 мај 1899год. Неговата наредба од таа дата повлекла од тајната служба 4,000 или повеќе работни места, отстранила 3,500 од класата дотогаш исполнета преку компетитивно испрашување или методична практика на унапредување, и вброила уште 6,416 под системот донесен од секретаријатот за војна. Наредбата објавила регуларно голем број на привремени состаноци направени без испршување, покрај нудење на квалификувани, како вондредно закажани без испрашувања, илјадници кои сужеле за време на шпанската војна.

Републиканците укажале на дефицитот во нацрт-законот на Вилсон (Wilson) со истата загриженост покажана од претседателот Грувер Кливланд (Grover Cleveland) над суфицитот во 1888год. Морало да биде донесена нова царинска такса по можност пред новите избори на Конгресот. Додатна седница на Конгресот била свикана за 15 март 1897год. Комитетот на начини и средства, кој бил во работа веќе три месеци, веднаш поднел преку претседавачот Нелсон Динглеј (Nelson Dingley) предлог-закон кој го носел неговото име. Со еднаква брзина Комитетот за правила донел пропис усвоен од Домот, каде што новиот предлог-закон покрај демократските молби за време на испрашување, дикутирал и предложил амандмани кои дошле до Сенатот последниот ден од март. Повеќе разгледување означила процедурата во Сенатот. Ова тело го донело нацрт-законот по нагласување на неговите нацрти со некои 870 амандмани, од кои повеќето ја задоволиле Интерпарламентарната комисија и станале закон. Законот бил потпишан од претседателот на 24 јули 1897год. Актот на Динглеј бил проценет од неговиот автор да ја унапреди просечната стапка од 40 проценти од нацрт-законот на Вилсон на приближно 50 проценти или нијанса погоре од стапката на Макинли. Како пропорционален на употребата воведениот данок бил највероватно потежок од било кој од неговите претходници.

Реципрочноста, карактеристика на Макинлиевата царина (McKinley Tariff), била укината со Актот на Вилсон. Републиканската платформа од 1896год. најавила заштита и реципрочност, две еднакви мерки на републиканската политика. Клаузите го надополнувале Актот на Динглеј, дозволувајќи да бидат направени реципрочни договори ,,прописно ратификувани,, од Сенатот и ,,одобрени,, од Конгресот. Под третиот дел од Актот некои отстапки биле дадени и примени, но договорите преговарани под четвртиот дел, кои вклучувале намалување на стриктно заштитните обврски, доживеале пораз на резимето кога биле поднесени во Сенатот.

Надворешна политика[уреди]

Макинли сакал да ги направи американските продукти помоќни на светските пазари, и така неговата администрација имала напредок на оние странски пазари кои го вклучувале припојувањето на Хаваите и интересите во Кина. Додека бил конгресмен Макинли бил адвокат за припојувањето на Хаваите, бидејќи сакал да го американизира и да создаде воена база, но отпорот на Сенатот и претходно се покажал несовладлив како и домашните произведувачи на шеќер и посветените антиекспанзионисти кои тврдоглаво блокирале секаква акција.

Еден истакнат набљудувач од тоа време, Хенри Адамс (Henry Adams), изјавил дека нацијата во тој момент била управувана од ,,Макинлизам,, ,,систем од комбинации, консолидации и фондови реализирани дома и во странство,,. Иако многу од неговите дипломатски состаноци биле реализирани од неговите политички пријатели како што се Карниги Стил (Carnegie Steel), претседателот Џон Џорџ Александар Лешман (John George Alexander Leishman) (министер за Швајцарија и Турција), професионални дипломати како Ендру Диксон Вајт (Andrew Dickson White), Џон Фостер (John W. Foster) и Џон Хеј (John Hay) кои исто така компетентно служеле. Џон Бејст Мур (John Bassett Moore), водечкиот национален специјаллист за меѓународно законодавство, често ја советувал администрацијата за техничко-судските прашања во нејзините надворешни односи.

Тужби за кронизам се појавиле околу назначувањето на стариот сенатор на Охио Џон Шерман (John Sherman) да го води Стејт Департментот. Додека Макинли се надевал дека репутацијата на Шерман ќе потпомогне во јавната перцепција на и онака здодевниот Кабинет, победата на Маркус Хана (Marcus Hanna) на специјалните избори за место во сенатот на Охио, се покажала штетна за репутацијата на Макинли во некои кругови.

Спротивно на популарното верување, Макинли не го избрал Шерман за да го отвори патот за Хана. Избраниот претседател му ја понудил првично на Хана големата почесна позиција за министер на пошти и телекумуникации, што индустриецот од Кливланд ја одбил. Првиот избор на Макинли за Стејт Департментот, сенаторот Вилијам Алисон (William Allison) од Ајова (Iowa) ја одбил понудата. Шерман кој претходно бил министер за финансии, изгледал како сериозен кандидат. Иако Шерман бил искусен државен службеник, тој бил стар и постојано кружеле гласини за неговата сенилност, обвинувања кои не биле без заслуга. Долгогодишниот пријател на Макинли Вилијам Руфис Деј (William Rufus Day) работел како министер за надворешни работи за време на пресудните месеци кои воделе до шпанско-американската војна.

Шпанско-американска војна[уреди]

Настанот кој го обележал претседателството на Макинли била шпанско-американската војна. Конфликтот помеѓу двете земји проникнал од статиите на жолтиот печат за шпанските ѕверства во Куба, односно шпанската употреба на концентрациони логори и брутална сила за да го задушат кубанското востание. Шпанците постојано ветувале нови реформи, а потоа ги одложувале. Демократите и сензационалистичкиот жолт печат од весниците на Вилијам Рандолф Херст (William Randolph Hearst) го поттурнале јавното мислење на американците против Шпанија преку медиумите во 19 век во ненадеен напад за војна. Макинли и бизнис средината, помогнале преку говорителот на Домот, Рид (Reed), се спротивставиле на побарувачката на јавноста за војна. Меѓутоа администрацијата на Макинли имала проблеми со контролирањето на растечкото мислење на САД.

За да ја покажат американската грижа која растела, воен брод бил испратен на пристаништето во Хавана. На 15 фебруари 1898год. мистериозно експлодирал и потонал, предизвикувајќи смрт на 260 луѓе. Официјално никој не би обвинет но епизодата ја стаписала нацијата. Факторот на несигурност го ослабнал Макинли и по додатни одожувања од Мадрид тој ја предал работата на Конгресот кој гласал за војна. Иако армијата на САД не била подготвена, воената морнарица била и милицијата и единиците на националната стража нападнале на јуриш, особено Теодор Рузвелт и неговите ,,Вешти Јавачи’’. Поморската војна во Куба и на Филипините била успешна, најраната војна во историјата на САД, и по 13 дена Шпанија се согласила на мировните услови со договорот од Париз во јули. Министерот за надворешни работи Џон Хеј (John Hay) ја нарекол ,,прекрасна мала војна’’. САД добил сопственост на Гуам, Филипините и Порторико и привремена контрола над Куба. Хаваи што со години се обидувале да се приклучат кон САД биле припоени. На мировната конференција Шпанија ги продала правата наФилипините на САД, кој превземал контрола над островите и ги задушил локалните бунтови, под приговор на демократите и на новоформираниот антиимпериалистички сојуз. Макинли го испратил Вилијам Хаурд Тафт (William Howard Taft) на Филипините , а потоа во Рим да ја реши долго постоечката расправа за островите поседувани од Католичката Црква. До 1901год. на Филипините повторно владеел мир по една декада на немири.

Граѓански права[уреди]

Макинли бил последниот ветеран на граѓанската војна што бил избран за претседател на САД и што служел како мајор на 23 бригада на Охио. Тој бил израснат како методист и аболиционист од страна на неговата мајка во Охио. Тој бил сочуствителен со афроамериканците кој се бореле против законот на ,,Џим Кроу’’ (Jim Crow) насекаде во нацијата додека тој бил претседател. Тој именувал повеќе афроамериканци за работа во служба, вклучувајќи го Волтер Кохен (Walter L. Cohen) од Њу Орлеанс, лидер на црнечката републиканска фракција, како инспектор на царина. Подоцна републиканските претседатели Ворен Хардинг (Warren G. Harding) и Келвин Кулиџ (Calvin Coolidge) му дале на Кохен уште поголема функција во централната царинска зграда во Њуорлеанс. Меѓутоа Макинли не сакал да ја употреби федералната власт за да го спроведе 15 Амандман од Уставот на САД. За време на неговото претседателство имало многу убиства, тортури и прекршувања на граѓанските права секаде низ земјата против афроамериканците. Макинли сакал да се врати на методите на реконструкција на Конгресот по граѓанската војна, за време на администрациите на Ендру Џонсон (Andrew Johnson) и Јулисес Грант (Ulysses S. Grant), а не превземал чекори да ги подобри ефектите од одлуката од 1896год. на Врховниот Суд на САД -Плиси против Фергусон (Plessy v. Ferguson). Во таа одлука Врховниот Суд изјавил дека јавните установи кои биле ,,одделени но еднакви’’ можат да се употребат за изделување на афроамериканците од белото општество.

Макинли одржал неколку говори за афроамериканска еднаквост и правда: ,, Не треба да има еднаквост и правда само во пишаниот закон. Мора да има еднаквост и правда во законодавната администрација насекаде, и како спроведена во секој дел на Републиката за секој граѓанин од неа. Не мора да биде ладна формалност на конституционален пропис. Мора да биде природно право. Нашите црни сојузници не треба да бидат оставени ниту пак напуштени. Јас ги бирам мојте зборови. Ова е големото прашање не само од сегашноста туку и големо прашање на иднината; и ова прашање нема да биде решено се додека не се реши според принципите на правдата, признавајќи ја неприкосновеноста на Уставот на САД. Ништо не може да биде трајно решено се додека правото на секој граѓанин еднакво да учествува во нашите државни и национални прашања е неотповикливо утврден. Таксите, финансиите, граѓанските служби и сите други олитички и партиски прашања треба да останат отворени и нерешени се додека секој граѓанин кој има уставно право да ја дели одлуката е слободен да ужива во неа. И покрај пофалната реторика на Макинли, политичката реалност спречила секаква акција во делот на неговата администрација во однос на расната поврзаност. Макинли направил малку за да ја ублажи заостанатата ситуација на афроамериканците затоа што ,, не сакал да го оддалечи белиот Југ’’.

Америка од 1890год. навистина, Америка на администрацијата на Макинли била застрашувачки расистичка. Периодот од 1890год. бил познат за историчарите како ,,дно на расистичките односи’’, како што e докажано со воведувањето на законите на Џим Кроу (Jim Crow) и одлуката на Плиси против Фергусон (Plessy v. Ferguson).

Покрај неговата привидна пасивност, Макинли назначил триесет афроамериканци на ,, позиции на последица’’, што било код за дипломатски позиции. За време на шпанско-американската војна Макинли дури отповикал воени наредби, спречувајќи регрутација на афроамерикански војници. Такви напори, како што Џералд Бејл (Gerald Bahles) од Милер центарот за надворешни работи укажал дека направил малку за ,,да ја запре влошената позиција на црнците во американското општество’’.

Изборите во 1900 година[уреди]

Макинли бил повторно избран во 1900год., овој пат со најголема надворешна политика. Брајан (Bryan) барал војна со Шпанија ( и волонтирал како војник), но строго се спротивставил на припојувањето на Филипините. Тој исто така се кандидирал на истото прашање околу бесплатното сребро како и претходно, но кога дебатата за среброто завршила со изгласување на златно-стандардниот акт од 1900год., Макинли лесно победил на изборите.

Втор мандат[уреди]

Здравјето на госпоѓа Макинли не било добро по кампањата во 1900год. Таа патувала во Калифорнија со претседателот во мај 1901год. Макинли поминувал голем дел од своето време со сопругата, но бил овозможен да одржи говор во Сан Хозе на 13 мај и да присуствува на неговата парада во Сан Франциско на 14 мај. Претседатеот дошол во Оукленд без својата жена на 17 мај за да одржи говор. Тој дошол во унијата на железарници од Сан Франциско да го набљудува лансирањето на воениот брод, УСС Охио (ББ-12). Тој бил лансиран на18 мај 1901год. спонзориран од госпоѓица Хелен Дешлер (Helen Deschler), роднина на гувернерот Џорџ Неш (George K. Nash) од Охио. Претседателот и госпоѓа Вилијам Макинли (William McKinley) присуствувале на церемонијата, но првата дама толку се разболела во Сан Франциско што планираната тура на северозападот била откажана.

Атентат[уреди]

Претседтелот и госпоѓа Макинли присуствувале на Пан-американската изложба во Бафало, Њујорк. Тој одржал говор во врска со неговата позиција за таксите и надворешната размена, на 5 септември 1901год. Наредното утро Макинли ги посетил водопадите на Ниагра пред да се врати на изложбата. Тоа попладне Макинли имал обврска да ја поздрави публиката во Храмот на музиката. Стоејќи во редот, Леон Франк (Leon Frank Czolgosz) чекал со пиштол во левата рака скриен со марама.

Леон Франк во 4:07 минути попладнето ипукал два пати во претседателот. Првиот куршум го погодил во рамото, но вториот поминал преку неговиот абдомен, панкреас и бубрег, и на крај се зарил во мускулите од неговиот грб. Макинли му шепнал на неговиот секретар Џорџ Кортелју (George Cortelyou), ’’Мојата жена, Кортелју, биди внимателен како ќе и кажеш, ох биди внимателен’’. Леон Франк ќе пукал повторно но бил нападнат од набљудувач и потоа совладан од разбеснета толпа. Повредениот Макинли постојано извикувал ’’Дечки! Не дозволувајте да го повредат!’’, затоа што разлутената толпа го тепала Леон Франк толку јако што изгледало како да ќе го убие на лице место.

Еден куршум бил лесно најден и отстранет, но вториот куршум докторите не можеле да го најдат. Се плашеле дека потрагата по куршумот може да предизвика повеќе штета од добро. Покрај тоа, Макинли изгледал дека се опоравува затоа докторите решиле да го остават куршумот таму каде што се наоѓал.

На изложбата била претставена новосоздадената рентгенска машина, но докторите се двоумеле да ја употребат на Макинли за да го најдат куршумот, поради тоа што не знаеле какви ефекти ќе има на него. Операционата соба во хитната болница на галеријата немала електрично осветлување иако внатрешноста на повеќето згради на екстравагантната изложба биле покриени со светлосни ламби. Хирурзите не можеле да оперираат на светлина од свеќите заради опасноста од запаливиот етер, кој бил употребен да го држи претседателот несвесен, затоа докторите биле фокусирани да употребат тави наместо да ја рефлектираат светлината накај операционата маса додека ги лекувале раните на Макинли.

Докторите на Макинли верувале дека ќе се опорави, и тој закрепнал за повеќе од една недела во Бафало во домот на директорот на изложбата. Утрото на 12 септември тој се чувствувал доволно силно за да ја добие првата храна усно по прв пат од пукањето – тост и мал филџан кафе. Меѓутоа во попладневните часови тој почнал да чувствува неудобност и неговата состојба брзо се влошила. Макинли почнал да паѓа во кома. На 14 септември 1901год. во 2 часот и 15 минути, осум дена откако бил упукан, умрел од гангрена која ги опкружувала неговите рани. Тој имал 58год. Неговите последни зборови биле:’’Тоа е божја волја, Неговата ќе биде спроведена, не нашата.’’ Тој првично бил закопан на гробиштата Вест Лоун во Кантон, Охио. Неговите останки подоцна биле преместени во Макинли Мемориал, исто така во Кантон. Леон Франк бил осуден за убиство и бил погубен на електрична столица во затворот Оберн на 29 октомври 1901год. Сцената од атентатот, храмот на музиката, бил уништен во ноември 1901год. заедно со теренот од изложбата. На местото каде што се случила сцената, во средината на Фордам Драјв главната улица на Бафало има поставено споменик. Револверот на Леон Франк е изложен во Панамериканската изложбена галерија во историското општество на областа Ери во Бафало.

Поврзано[уреди]

  • Макинли — највисоката планина во Северна Америка, наречена по претседателот

Наводи[уреди]