Меѓународни односи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Meѓународни односи (МО) претставува учење за надворешните работи и глобалните прашања помеѓу одредени држави во меѓународниот систем, вклучувајќи ги улогите на државите, внатрешно-владините организации (ВВО), невладините организации (НО) и мултинационалните корпорации (МНК). Тоа е академско и јавна стратегија, и може да биде позитивна и негативна, затоа што и двете стратегии бараат да се анализира и формулира надворешната политика на одредени држави. Често се смета како гранка на политичките науки.

Со исклучок на политичките науки, МО се интересираат за различни области како што се: економија, историја, право, филозофија, географија, социологија, антропологија, психологија и културните науки. Вклучуваат и разновиден асортиман на (избор) на прашања кои ги вклучуваат но не ограничуваат со: глобализација, државна независност, еколошки развој, нуклеарна распространетост, национализам, економски развој, финансии на глобално ниво, тероризам, организиран криминал, човекова безбедност и надворешен интервенционализам.

Историја


Историјата на меѓународните односи влече корени уште од мирот во Вестфалија во 1648 година, каде што бил развиен системот на модерна држава. Европската средновековна организација претходно се базирала на еден нејасен хиерархиски религиозен ред. Весфалија го вовела легалниот концепт за независност, кој суштествено значи дека владетелите или законските суверени области немале внатрешна еднаквост со дефинираната територија, и не постоеле надворешни претпоставени како најголем авторитет во границите на независната територија. Наједноставен начин за да се разбере ова е дека независноста вели “ Не ми е дозволено да ти казжувам што да правиш, и тебе не ти е дозволено да ми казжуваш што да правам”. Класичната Грчка и Римска власт во тоа време наликувала на Вестфалискиот систем, но и на двете страни му недостасувала независност.

Вестфалија го охрабрувала растот на независната нација- држава, институционализацијата на дипломатијата и армиите. Особениот европски систем бил експортиран во Америка, Африка и Азија преку колонијализам и “стандардите на цивилизацијата”. Современиот меѓународен систем конечно бил создаден со деколонијализација за време на Студената војна. Додека ситемот држава-нација се смета како модерен, многу други држави го присвоиле тој систем и се означени како пред-модерни.

Понатаму повеќето држави кои застанале зад системот биле означени како пост-модерни. Способноста на дискусијата за современи меѓународни односи да ја објасни врската на овие различни виови на држави е прилично дискутабилна. “Нивоа на анализа” е начин на гледање на меѓународниот систем кој го вклучува индивидуалното ниво, домашната нација дражава како единица, меѓународното ниво на меѓународни и меѓувладини односи, како и глобалното ниво.

Она што јасно беше признато како Теорија на меѓународните односи, не беше развиено се дури до крајот на Прва светска војна, и повеќе детали се изнесени подолу. Како и да е, теоријата за МО има долга традиција на вовлекување во работата на други социјални науки. Употребата на големите букви М и О во терминот “меѓународни односи” има за цел да ја разграничи академската дисциплина Меќународни односи од феноменот на Меѓународни односи. Многумина ја споменуваат Историјата на војната на Пелопонез како инспирација за реална теорија со Хобс, Левиатан и Принцот од Макијавели, прикажувајќи понатамошна разработка.

Слично на тоа, либерализмот се приклучува кон работата на Кант и Русо, чија работа често била споменувана како прва разработка на демократската мировна теорија. Иако модерните човекови права се значително различни од типот на права претставени во природниот закон, Франциско де Виторија, Хуго Гроциус и Џон Лок ја понудиле првата одговорност на универзално право на одредени права на база на целото човештво. Во дваесеттиот век, дополнително на модерните теории за либерален интернационализам, од меѓународните односи бил основан Марксизмот.

УЧЕЊЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ


На почетокот, меѓународните односи како разновидно поле на изучување скоро целосно беше сместено во Британија. Во 1919 година, претседателот на меѓународна политика го формирал универзитетот во Велс. Aberystwth, подпомогнат од Дејвид Дејвс ја добил првата академска позиција посветена на меѓународните односи. Во раните дваесетти години, одделот за меѓународни односи при Лондонското училиште за економија беше формирано по заповед на добитникот на нобелова награда Филип Ноел- Бекер.

Првиот универзитет кој целосно бил посветен на МО бил институтот за последипломски студии за меѓународни студии ( сега последипломски институт за меѓународни и студии за развој), кој беше формиран во 1927 година, за да обучува дипломати за работа во Лигата на нациите која била формирана во Женева неколку години претходно. Последипломскиот институт за меѓународни студии понудил едни од првите докторски дипломи за меѓународни односи. Училиштето за надворешен сервис Едмунд.А. Волш при универзитетот Џорџтаун е најстариот факултет за меѓународни односи во Соединетите Американски држави. Комитетот за меѓународни односи на универзитетот во Чикаго бил првиот кој понудил диплома за последипломски студии во 1928 година.

Други вклучени училишта се и училиштето за меѓународни сервиси (УМС) на Американскиот универзитет, училиштето за меѓународни и јавни прашања (УМЈП) на универзитетот Колумбија, училиштето за напредни меѓународни студии Пол.Х.Нице (УНМС) при универзитетот Џон Хопкинс, училиштето за меѓународни односи при универзитетот Св.Андреј, училиштето за меѓународни прашања Елиот на универзитетот Џорџ Вашингтон, училиштето Флечер на универзитетот Туфтс и училиштето за меѓународни и јавни прашања Вудроу Вилсон на универзитетот Принстон.

ТЕОРИЈА


ЕПИСТЕМИОЛОГЈА НА ТЕОРИЈАТА ЗА МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ

Теориите за МО можат строго да бидат поделени на еден од два епистемиолошки делови-позитивистички и постпозитивистички. Позитивистичките теории имаат за цел да ги повторуваат методите на природните науки со анализирање на влијанието на метеријалните сили. Типично се фокусираат на карактеристиките на меѓународните односи како што е соработката меѓу државите, распространетоста на воените сили, балансирање на моќите итн. Постпозитивистичката епистемиологија ја одбива идејата дека општествениот свет може да биде студиран на еден објективен и невредносен начин. Ги одбива централните идеи на неолиберализмот /либерализмот како што се рационалната изборна теорија, сметајќи дека научниот метод не може да биде воведен во социјалниот свет, и дека науката за МО е невозможна.

Клучната разлика меѓу двете позиции е дека, додека позитивистичките теории како и неореализмот нудат едноставни објасненија (како тоа зошто и како се перформира моќта), постпозитивистичките теории се фокусираат на конститутивни прашања, како што се на пример што се подразбира под зборот моќ и што го сочинува, како е искусен и како е создаден. Многу често постпозитивистичките теории јасно промовираат еден нормативен пристап кон МО и тоа земајќи ја предвид етиката. Ова е нешто што често било игнорирано под поимот традиционални МО, бидејќи позитивистичките теории прават разлики помеѓу поимите факти и нормативни оценки или вредности. За време на една дебата помеѓу позитивистите и постпозитивистите во доцните 1980-ти и раните 1990-ти години, дебатата станала толку доминантна што била опишана и како Третата голема дебата (Лапид 1989).

ПОЗИТИВИСТИЧКИ ТЕОРИИ


РЕАЛИЗАМ Реализмот се фокусира најмногу на државната безбедност и на моќта. Раните реалисти како што се Е.Х.Кар и Ханс Моргентеј ја воделе дебатата дека државите се интересираат само за себе, и дека се рационални актери кои се стремат само за моќ и бараат да ја максимизираат својата безбедност и шансите за преживување. Секоја соработка помеѓу државите е објаснета како функционална, со цел да се максимизира безбедноста на секоја поединечна држава (како спротивност на многу идеалистички причини). Многу идеалисти ја гледале Втората светска војна како потврда на нивната теорија.

Треба да биде забележано дека класичните писатели како Макијавели и Хобс често се наведуваат како татковци на реализмот.Како и да е, додека нивната работа ја поддржува реалистичката доктрина, не е веројатно дека самите би се класифицирале како реалисти (во смисла на терминот). Реалистите често се поделени во две групи: класични и реалисти за човековата природа (како што е опишано овде) и структурални и неореалисти (долу).

ЛИБЕРАЛИЗАМ/ ИДЕАЛИЗАМ/ ЛИБЕРАЛЕН ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАМ

Либералната теорија за меѓународните односи се појавиле после Првата светска војна како резултат на неспособноста на државите да ја контролираат или ограничат војната во нивните меѓународни односи. Раните приврзаници ги вклучуваат Вудроу Вилсон и Норман Ангел, кои жестоко се расправале дека државите би добиле од соработката и дека војната е премногу бескорисна и уништувачка.

Реализмот не беше познат како разбирлива теорија се дури не бил означен како идеализам од Е.Х.Кар. Новата верзија на идеализам која се фокусирала на човековите права како основа за легитимност на меѓународното право била унапредена од Ханс Колер.

Понатамошни информации: либерален интернационализам

НЕОЛИБЕРАЛИЗАМ

Неолиберализмот се надоврзува на либерализмот, прифајќајќи ја неореалистичката претпоставка дека државите се клучни актери во меѓународните односи. Поборниците како Марија Чата кажуваат дека државите ќе соработуваат независно од релативната добивка, но затоа пак се загрижени за апсолутната добивка. Ова исто така значи дека нациите во суштина се слободни да изберат за тоа каква политика ќе спроведуваат, без некоја меѓународна организација да го блокира правото на нациите за суверенитет.

Неолиберализмот содржи исто така и економска теорија која се базира на употребата на отворени и слободни пазари со мала или воопшто никаква владина интервенција, за да се спречи да се формираат монополи и конгломерати. Зголемената меѓусебна зависност од меѓународни институции за време и после Студената војна довело до тоа да неолиберализмот биде дефиниран како институционализам чиј нов дел од теоријата бил унапреден од Роберт Кеохан и Џозеф Ни.

Понатамошни информации: комплексна меѓусебна зависност

ТЕОРИЈА НА РЕЖИМОТ

Теоријата на режимот е настаната од либералната традиција која расправа дека меѓународните институции или режими влијаат на однесувањето на државите (или други меѓународни актери). Се претпоставува дека соработката е можна во еден анархичен систем на држави т.е режимот по дефиниција е пример на меѓународна соработка.

Додека реализмот предвидува дека конфликтот треба да биде правило во меѓународните односи, теористите на режимот велат дека сепак постои соработка и покрај безредието. Покрај другите прашања тие често ја споменуваат и соработката во трговијата, човековите права и колективната безбедност. Овие примери на соработка се режим. Најшироко прифатената дефиниција за режимот доаѓа од Стефан Краснер. Тој ги дефинира режимите како институции кои поседуваат норми, право на одлуки, и процедури кои го олеснуваат приближувањето кон очекуваното.

Не сите пристапи кон теоријата на реализмот се либерални или неолиберални. Некои интелектуалци на реализмот како Јозеф Греико развиле хибридни теории кои имаат реалистички базиран пристап кон оваа фундаментално либерална теорија.

ПОСТ-ПОЗИТИВИСТИЧКИ/РЕФЛЕКТИВИСТИЧКИ ТЕОРИИ

ТЕОРИЈА НА МЕЃУНАРОДНОТО ОПШТЕСТВО (АХГЛИСКО УЧИЛИШТЕ)

Теоријата за меѓународно општество исто така позната и како Ахглиско училиште, се фокусира на нормите и вредностите на државите и како тие ги рагулираат меѓународните односи. Примери на такви норми се: дипломатија, ред и меѓународно право. За разлика од неореализмот, не е посебно позитивистички. Теоретистите се фокусирани посебно на хуманитарната интервенција, и се поделени помеѓу солидаристи кои се стремат да го поддржат тоа, и плуралисти кои многу ги вреднуваат редот и суверенитетот. Николас Вилер е проминентен солидарист, додека Хедли Бул и Роберт. Х.Џексон се можеби најпознатите плуралисти.

СОЦИЈАЛЕН КОНСТРУКТИВИЗАМ

Социјалниот конструктивизам вклучува широка област на теории, кои имаат за цел да адресираат прашања од онтологија како и дебатата “Структура и програма”, и прашањето за епистемиологија, како што е “материјалната-идеациона” дебата која се однесува на релативните улоги на материјалните сили наспрема идеите. Конструктивизмот не е теорија на МО по начинот на неореализмот, туку социјална теорија која е употребена за подобро да ги објасни акциите кои ги преземаат државите и другите поголеми актери, како и оние кои ги водат тие држави.

Конструктивизмот во МО може да биде поделен на она што Хопф (1998) го нарекува “конвенционален” и “критички” конструктивизам. Заедничко на сите разни видови на конструктивизам е интересот на улогата што ја форсира играта. Најпознатиот конструктивистички интелектуалец, Александар Вендт, во една статија на Меѓународна организација (подоцна следела книгата Социјална теорија на меѓународната политика во 1999 година) забележал дека анархија е она што ја прави државата. Со ова мислел дека анархичната структура која неореалистите тврдат дека ја раководи државната соработка, всушност е феномен кој социјално е конструиран и произведен од државите.

На пример ако во системот доминираат држави кои анархијата ја гледаат како ситуација на живот или смрт (како што Вендт го нарекува”Хобсова монархија”) тогаш системот ке биде карактеризиран по војна. Ако пак од друга страна анархијата се гледа како ограничена “Локинова анархија” тогаш би постоел помирен систем. Во овој поглед подобро анархијата да е формирана од државната соработка, отколку прифатена како природна и непроменлива фигура во меѓународниот живот како што мислеле неореалистичките интелектуалци по меѓународни односи.

Како и да е, критики се појавуваат на двете страни на епистемиолошката поделеност. Пост позитивистите велат дека фокусот на државата на сметка на етничкото/расното/класното/полово општество го прави социјалниот конструктивизам уште една позитивистичка теорија. Употребата на имплицитна теорија на рационален избор од страна на Вендт, пројавила критики од интелектуалец како Стивен Смит. Интелектуалците на позитивизмот од неолиберализмот/реализмот сметаат дека теоријата е подложена на многу позитивистички претпоставки за да биде сметана како позитивистичка.

КРИТИЧКА ТЕОРИЈА

Главна статија: Критичка теорија на меѓународни односи

Критичката теорија на меѓународните односи е апликација на “критичката теорија” на меѓународните односи. Поборници како што се Андреј Врскалатер, Роберт. В. Кокс и Кен Бут се фокусираат на потребата за човечка еманципација од државите. Одсега тоа е “критично” за традиционалните теории на МО кои се стремат да бидат државно-центрични.

МАРКСИЗАМ

Марксистичките и неомарксистичките теории на МО не го заштитуваат реалистичкиот/либерален поглед за државен конфликт и соработка, туку се форкусираат на економските и материјалните аспекти. Се претпоставува дека економијата се занимава и со други рабти, дозволувајќи му на унапредувањето на општеството да биде фокус во учењето. Марксистите гледаат на меѓународниот систем како на интегриран капиталистички систем во потрага по капитална акумулација. На овој начин капиталистичкиот период донесе извори на сурови материјали, и пазари за извоз, додека деколонијализацијата донесе нови можности во форма на завосност.

Колонијалната теорија која е поврзана со марксистичките теории е онаа која расправа дека развиените земји со нивната стремеж за власт, се трудат да ги пробијат државите за развој по пат на политички советници, мисионери, експерти и да ги вклучат во интегрираниот капиталистички систем за да би биле поблизу до природните добра и да би ги направиле земјите во развој нивни зависни територии.

Марксистичките теории добиле недоволно внимание во Соединетите Американски држави, каде што никогаш не постоела некоја значајна социјалистичка партија. Повеќе ги има во делови од Европа, и се едни од најзначајните теоретски придонеси на Латионоамериканската академија, на пример Ослободувачката теологија.

ВОДЕЧКИ ТЕОРИИ

СТРАТЕГИСКА ПЕРСПЕКТИВА

Стратегиската перспектива е теоретски пристап кој следи кога индивидуалците ги избираат своите акции водејќи сметка за очекуваните акции и одговори од другите со намера да го марсимизираат своето богатство.

ПОСТСТРУКТУРАЛИСТИЧКИ ТЕОРИИ


Постструктуралистичкте теории на МО се развиле во 1980-те години од постмодернистичките учења на политичката наука. Постструктурализмот ја проучува деконструкцијата на концептите, традиционално не проблематично во МО, како што се “моќ” и “агенција” и испитува како конструкцијата на овие концепти ги обликува меѓународните односи. Испитувањето игра важна улога во постструктуралистичките анализи, на пример феминистичката постструктуралистичка работа ја проучувала улогата што жените ја играле во глобалното општество, и како се прикажани во војна како:невини и како жртви. Примерите на пост-позитивистичките истражувања ги вклучуваат: -феминизмот (полова војна) -постколонијализам (го предизвикува евроцентризмот во МО)

КОНЦЕПТИ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ


СПЛЕТ

Во донесувањето на одлуки во меѓународните односи, концептот на меѓународен сплет, заедно со слободите на дејствување и еднаквост се важни елементи. Донесувачите на одлуки мора да сметаат и на меѓународните услови при преземањето на иницијативи, кои ќе создадат различни видови на одговорности.

КОНЦЕПТИ НА СИСТЕМАТСКО НИВО

Меѓународните односи често се среќаваат во термините ниво на анализа, а концептите на систематско ниво се тие се тие широки концепти кои ја дефинираат и обликуваат меѓународната средина, карактеризирана со анархија.

МОЌ

Концептот на моќ во меѓународните односи може да биде опишан како степен на извори, способност и влијание во меѓународните афери. Често е поделен на концептите на тврда моќ/сила и мека моќ/сила, примарно поврзувајќи ја тврдата моќ со принудната сила, како што се употребата насила и меката моќ која го покрива економското, дипломатско и културно влијание. Како и да е, не постои чиста линија која ги дели двете форми на моќ.

ПОЛАРИТЕТ

Поларитетот во меѓународните односи се однесува на распоредот на моќ во меѓународниот систем. Концептот се појави од биполарноста за време на Студената војна, со меѓународниот систем доминиран од конфликтот помеѓу две супер сили и беше ретроспективно применет. Според тоа, меѓународниот систем пред 1945 година може да биде опишан како мулти поларен, со моќта поделена помеѓу големите сили.

Распаѓањето на Советскиот сојуз во 1991 година доведе до нешто што некои би го нарекле униполарност, со Соединетите Американски држави како единствена супер сила. Како резултат на кинескиот бран на економски успех после приклучувањето во Светската трговска организација во 2001 година, комбинирано со респектабилната позиција која ја уживаат во политичките сфери, и моќта која кинеската влада ја применува врз своето население (има најбројно население во светот), се уште се дебатира дали Кина е супер сила, или потенцијален кандидат за во иднина.

Со идејата на поларитет се развиле неколку теории на меѓународни односи.

Балансот на моќта беше концепт кој беше актуелен во Европа пред Правата светска војна, кој би создрал стабилност и би спречил војна. Теориите за баланс на моќта добија на важност повторно за време на Студената војна, постанувајќи централен механизам на неореализмот на Кенет Валтз. Така беа развиени концептите на балансирање (зголемување на моќта за да ги издигнат другите), и неурамнотеженост (да си на страната на другите).

ХЕГЕМОНИЧНА ТЕОРИЈА ЗА СТАБИЛНОСТ (развиена од Роберт Гилпин) исто така се добива од идејата на поларитет, посебно од состојбата на униполарност. Хегемонија е супериорност на моќта во една точка на меѓународниот систем, и оваа теорија расправа за тоа дека ова е стабилна конфигурација поради заедничките добивки и на доминантната моќ и на другите во меѓународниот систем. Ова е спротивно на многу од неореалистичките аргументи, посебно оние на Кенет Валтз, кој востановил дека крајот на Студената војна и состојбата на униполарност е нестабилна конфигурација која неизбежно ќе се промени.

Ова може да биде изразено во теоријата за транзиција на моќта, која тврди дека големата сила би предизвикала хегемонија после одреден период, резултирајќи со голема војна. Нејзиниот најголем поборник А.Ф.К Органски водел расправија за ова базирајќи се на настанот на претходните војни за време на Бриеанската, Португалската и Холандската хегемонија.

МЕЃУЗАВИСНОСТ

Многумина го поддржуваат ставот дека меѓународниот систем се карактеризира со зголемена меѓузависност, заедничка одговорност и зависност од другите. Се мисли на степенот на глобализација во пораст, посебно во меѓународната економска соработка. Улогата на меѓународните организации и распространетата прифатеност на бројни оперативни принципи во меѓународниот систем поткрепува идеи дека односите се карактеризирани со меѓузависност.

ЗАВИСНОСТ

Теоријата на зависност вообичаено е теорија која се поврзува со Марксизмот, која се однесува на тоа дека одредени централни држави експлоатираат одредени периферни држави за сопствен просперитет. Различните верзии на оваа теорија изнесуваат дека ова е или неизбежност (стандардна теорија на зависност), или употреба на теоријата за да се истакне потребата за промена (неомарксизам).

СИСТЕМСКИ МЕТОДИ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

Дипломатија е вештина на комуницирање и преговарање помеѓу претставници на држави. До некој степен, сите други методи на меѓународните односи ноже да се сметаат како неуспех на демократијата. Во предвид треба да се има и употребата на други методи кои се својствени за комуникацијата и преговорите во дипломатијата. Санкции, сила и поставување на трговски регулативи кои не типично се сметаат за дел од дипломатијата, всушност претставуваат вредносни методи за интересот на моќта и одржувањето на преговорите.

Санкциите обично се прво прибежиште после неуспешна дипломатија, и се едни од главните методи кои се употребуваат за да се изврши воведување на договорите.Ги има во две форми и тоа: дипломатски и економски санкции кои вклучуваат пресекување на врски и наметнување на комуникациски бариери или бариери во трговијата.

Војна, или употреба на сила, често се мисли како на краен метод во меѓународните односи. Најшироко прифатена дефиниција е онаа на Клаусвиц која гласи дека војната е продолжение на политиката, но на друг начин. Постои зголемено учење за “новите војни” вклучувајќи актери наместо држави. Учењето за војната во меѓународните односи е покриено во дисциплините “Учење за војната” и “Стратешко учење”.

Мобилизација на меѓународниот срам може често да биде претставена како метод на меѓународните односи. Ова е обид да се имануваат државните дејства со “именување и засрамување” на меѓународно ниво. Најчесто ова се прави од големите невладини организации за човекови права како што се Амнести интернационал (на пример кога заливот Гвантанамо се нарекува Гулаг), или светската водечка невладина организација “Human rights watch”. Истакната беше употребата на комисијата на Обединетите нации во процедурата 1235, која јавно го изложи кршењето на човековите права во државите. Сегашниот совет за човекови права се уште го нема употребено овој механизам.

Доделување на економски и/или дипломатски бенефиции. Како приемр може да се земе политиката на проширување на ЕУ само после исполнувањето на критериумите од Копенхаген. Воените вежби често придонесуваат за зголемување на стратешката соработка меѓу државите. Овде се прикажани бродови во состав на Индиската морнарица, Јапонската поморска сила за самоодбрана и Американската морнарица, за време на тристрана вежба во 2007 година.

КОНЦЕПТИ НА НИВО НА ЕДИНИЦИ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ


Како ниво на анализа, единечното ниво се смета како државно ниво, и дава своите објаснувања на ниво на држави одколкуво меѓународниот систем како целина.

РЕЖИМЕН ТИП

Често се смета дека државната форма на влада може да го диктира начинот на кој државата комуницира со другите во меѓународниот систем.

Демократската теорија на мирот е теорија која предлага дека природата на демократијата значи дека демократските земји не би оделе во војна со други земји. Ова се оправдува со тоа дека демократите ги објективизираат своите норми и стапуваат во војна само за одредени причини, и тоа дека демократијата ја зацврстува заедничката самодоверба и почит.

Комунизмот ја оправдува светската револуција, која исто така би водела до мирна коегзистенција, базирајќи се на пролетерското глобално општество.

РЕВИЗИОНИЗАМ/ СТАТУС КВО

Државите се класифицираат по тоа дали го прифаќаат меѓународното статус кво, или се ревизионисти т.е сакаат промени. Ревизионистичките држави бараат фундаментална промена на правилата и обичаите на меѓународните односи, чувствувајќи се искористено од статус квото. Маѓународниот систем го гледаат како целосна западна креација која се труди да ја зацврсти моменталната реалност. Јапонија е држава која порано била ревизионистичка држава, а сега е задоволна со статус квото бидејќи има бенефиции.

РЕЛИГИЈА

Често се мисли дека религијата може да има ефект на начинот на кој државата дејствува во меѓународниот систем. Религијата е видлива како организирачки принцип во исламските држави, бидејќи секуларизмот се наоѓа на другиот крај на спектарот, со поделба на државата и религијата станувајќи одговорна за Либералната традиција.

Види исто така: Фондационализам

ИНДИВИДУАЛНИ КОНЦЕПТИ ИЛИ КОНЦЕПТИ НА ПОД ЕДИНИЧНО НИВО


Нивото кое се наоѓа под главното единично ниво може да биде корисно поради објаснувачките фактори во меѓународните односи каде постојат теории кои не можат да дадат објаснување , и поради движењто подалеку од државо-центричниот поглед на меѓународните односи.

-ПСИХОЛОШКИ ФАКТОРИ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ Вреднувањето на психолошките фактори во меѓународните односи доаѓа од сваќањето дека државата не е црна кутија како што е предложено од реализмот, и дека тука можат да постојат и други влијанија на надворшни политички одлуки. Анализирајќи ја улогата на личностите во процесот на донесување на одлуки може да постои некаква објаснувачка моќ, како и улогата на недоразбирање помеѓу различни страни. Важна апликација на психолошки фактори од подединично ниво во меѓународните односи е концептот на групно мислење и склоноста на политичарите аналогно да размислуваат.

-БИРОКРАТСКАТА ПОЛИТИКА ја разгледува улогата на бирократијата во процесот на донесување на одлуки, и одлуките ги смета како резултат на бирократските расправии.

-РЕЛИГИОЗНИТЕ, ЕТНИЧКИ И СЕЦЕСИОНИСТИЧКИ ГРУПИ- Посматрајќи ги овие аспекти од подединечното ниво, постои една објаснувачка моќ во поглед на етничките, конфликтните, религиозните војни, транснационалната дијаспора (политика на дијаспората), и други актери кои не се сметаат себе си дека би одговарале во дефинираните државни граници. Ова е посебно корисно во концептот на пред модерниот свет на слаби држави.

-НАУКА, ТЕХНОЛОГИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ-како науката и технологијата влијаат врз глобалното здравје, бизнис, природа,технологија и развој.

-МЕЃУПОЛИТИЧКА ЕКОНОМИЈА и економските фактори во меѓународните односи

ИНСТИТУЦИИ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ


Меѓународните институции формираат витален дел од современите меѓународни односи. Меѓусебното делување на системско ниво е раководено од нив, а исклучени се некои традиционални институции и обичаи во меѓународните односи, како што е употребата на војна (освен во самоодбрана).

Како што човештвото влегува во планетарната фаза на цивилизација, некои на учници и политички теоретичари ја гледаат глобалната хиерархија на институции како го заменуваат постоечкиот систем на независни држави-нации како примарна политичка заедница. Тие дискутираат дека нациите се една имагинарна заедница која не може да одгатне такви модерни предизвици како “Догвил” (странци во хомогена заедница), легалниот и политичкиот статус на луѓето без државјанство и бегалците, и потребата да се адресираат светските грижи како што се промената на климата и пандемијата.

Футуристот Пол Раскин ја поддржувал хипотезата дека една нова, легитимна форма на глобална политика може да се базира на “изнуден плурализам”. Овој принцип го води формирањето на институции кои се базираат на три карактеристики: филозофија, каде некои работи мора да се приспособат на глобално ниво; изборноста која го ограничува делокругот на глобалниот авторитет до реални глобални работи, додека одредени работи од помал домен се регулирани на пониски нивоа; и разнородноста која дозволува различни форми на локални и регионални институции сè додека тие ги задоволуваат глобалните обврски.

Види исто така: Меѓународна организација

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Главен дел: Обединети нации

Обединетите нации (ОН) е меѓународна организација која себе си се опишува како “глобална асоцијација на влади кои ја олеснуваат соработката во меѓународното право, меѓународната безбедност, економскиот развој и социјалната еднаквост”. Многу од меѓународните институции ја следат истата организациона структура како и ОН.

ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУЦИИ

Азиска развојна банка

Африканска развојна банка

Меѓународен монетарен фонд

Светска банка

Светска трговска организација

МЕЃУНАРОДНИ ЛЕГАЛНИ ТЕЛА

ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Европски суд за човекови права

Комитет за човекови права

Интер-американски суд за човекови права

Меѓународен криминален суд

Меѓународен криминален трибунал за Руанда

Меѓународен криминален трибунал за поранешна Југославија

Совет за човекови права на Обединетите Нации

ЛЕГАЛНИ ТЕЛА

Африкански суд за правда

Европски суд за правда

Меѓународен суд за правда

Меѓународен трибунал за право на океанот

РЕГИОНАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ СПОГОДБИ

Главна статија: Колективна безбедност

АЈИН

Арапска лига

ЗНД

Европска унија

ОДЕР

Курдска лига

НАТО

Види исто така


Развоен критицизам

Дипломатски монитор

Историја на идеите

Човекова историја

Човекова безбедност

Меѓукултурна компетенција

Листа на МО институции и организации

Листа на училишта за МО

Листа на научни весници за меѓународни односи

Морален синкретизам

Политички реализам

Мерки за градење на самодоверба

Мерки за градење на самодоверба во Јужна Америка

Континентална унија сите односи и комуникации сто се остваруваат на меѓу социјалните групи кои се ги надминуваат државните граници се неракуваат меѓу народни односи

Литература[уреди]

  • Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
  • Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0
  • Игор Јанев, Theory of International politics and Diplomacy and New definition of politics, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2006, ISBN 86-7419-102-9