Бен Свифт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бен Свифт

Бен Свифт на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело име Бенџамин Свифт
Прекар Свифти
Роден 5 ноември 1987 (1987-11-05) (27 г.)
Ротерхем, Англија, Обединето Кралство
Висина 1,79 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Велодромски и друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
1999–2000



2007–2008
есен 2007
2007
Ешфилд РК
Мосли КРТ
Сканторп Поли КК
Кинезис
Recycling.co.uk
100% Ми
Барловорлд (стажант)
Професионални клубови
2009
2010–
Тим Катјуша
Тим Скај
Значајни победи
;Друмски велосипедизам

Етапни трки

Тур де Пикарди (2010)
Велодромски велосипедизам
Европска Унија Европски првак во екипна потера под 23 години (2007)
Светски скреч првак (2012)
Последна промена
17 октомври 2014

Бенџамин „Бен“ Свифт (англиски: Benjamin "Ben" Swift; р. 5 ноември 1987) — англиски професионален велодромски и друмски велосипедист[1], кој вози за екипата Тим Скај.[2] На 4 април 2012, Свифт ја освоил трката скреч на светското велодромско првенство.

Биографија[уреди]

Свифт е роден во Ротерхем, Јужен Јоркшир, тој започнал со велосипедизам со Мосли КРТ, на возраст од 12. Во 2003, стигнал втор на трката скреч на националното првенство зад олимпиецот Стивен Бурк. Како јуниорски возач, Свифт се натпреварувал на Комонвелтските јуниорски игри, земајќи ја бронзата за бодовната трка, како и две национални титули, бодовната трка на јуниорското првенство во 2004 и јуниорската скреч трка во 2005. Исто така се натпреварувал на сениорската скреч трка во 2005, покажувајќи ја неговото способност да заврши трет, освојувајќи ја бронзата. Свифт започнал да се натпреварува на меѓународно ниво, освојувајќи неколку трки за медисон. Во 2012, ја освоил трката скреч на светското првенство, станувајќи прв Британец, кој станал светски првак во скреч.

Кариера[уреди]

Го направил неговото професионално друмско деби во август 2007 придружувајќи му се на Барловорлд како тренинг-партнер, со кои го освоил планинскиот пласман на Трката околу Британија.

Во текот на 2008 се натпреварувал за развојната екипа на Бритиш Сајклинг и ја освоил неговата прва рангирана трка од UCI. Ја претставувал Велика Британија на друмската трка на Олимписките игри 2008 и на Светското друмско првенство UCI, каде завршил четврти на друмската трка под 23 години.

Катјуша[уреди]

По првенствата потпишал двегодишен договор со новата руска екипа Тим Катјуша.[3]

Во 2009 бил избран да вози на Џиро д’Италиа. Свифт завршил трет на етапата 2 на Џиро д’Италиа. Исто така освоил етапа на Трката околу Британија. Свифт изјавил за CyclingNews во 2009, опишувајќи се себеси како „универзален возач, кој добро може да вози на класиците и да освојува етапи. 'Моја слабост е хронометарот. Не сакам да возам на хронометри и воопшто не сум добар на нив.'"[4]

Тим Скај[уреди]

Свифт спринта за победа на етапата 5 на Тур де Романди 2011

Свифт му приклучил на новооснованиот британски тим Тим Скај во јануари 2010. Во текот на неговата прва сезона со Скај, најголемиот резултат за Свифт бил на Тур де Пикард, каде освоил една етапа, генералниот, бодовниот и пласманот за млад возач.

Свифт во 2011 ја освоил својата прва етапа на трка од Светската турнеја, победувајќи етапа на Тур Даун Андер во Аделејд. Четири дена подоцна исто така ја освоил и етапата шест. Свифт ја овоил етапата 2 на Трката околу Калифорнија и го зел водството на трката, откако првата етапа била откажана поради лошото време.[5] Свифт бил избран во екипата за Тур де Франс пред Грег Хендерсон,[6] и завршил шести на етапата 15.[7]

Во 2012, Свифт се фокусирал на велодромскиот велосипедизам и претставувањето на Велика Британија на Летните олимписки игри 2012. На 4 април, Свифт ја освоил трката скреч на Светското велодромско првенство и ја зел маичката виножито. Завршил втор на бодовната трка и ги здружил силите со Герант Томас за земање на среброто во медисон.

Свифт бил избран да вози на Џиро д’Италиа, но бил приморан да се откаже откако го скршил рамото во пад на еден тренинг една недела претходно.[8] Иако не успеал да биде избран од долгиот список за олимпискиот тим на Велика Британија, тој бил избран од екипата Скај да вози на Трката околу Полска, победувајќи на втората и петтата етапа, воедно освојувајќи го бодовниот пласман.[9] Свифт бил избран за спринтер на Скај за Вуелта а Еспања 2012, каде завршил втор на етапата 18.

Во март 2014, Свифт го остварил еден од најголемите резултати во неговата кариера, завршувајќи трет на Милано-Сан Ремо.

Достигнувања[уреди]

2004
1. Бодовна трка Британски национални јуниорски велодромски првенства
2005
1. Скреч трка Британски национални јуниорски велодромски првенства
1. 2-дневен јуниорски медисон Ротерхем
1. Ноќ 1
1. Ноќ 2
1. 3-дневен медисон под 23 години Дортмунд
2006
2. Екипна потера Британски национални велодромски првенства
2007
1. Екипна потера Европски велодромски првенство под 23 години
Џиро деле Реџиони
1. последна етапа
1. Планински пласман
3. Милано-Бусето
1. Планински пласман Трка околу Британија
2008
1. Копа деле Паче
1. ГП Копа Ромита
1. Етапа 5 Џиро Сиклистико Вале д’Аоста
2. Еташа 1 Трка околу Саксонија
4. Светски друмски првенства UCI под 23 години
2009
1. Етапа 7 Трка околу Британија
2. Нокере Курсе
2010
1. Краен пласман Тур де Пикард
1. Етапа 2
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2011
1. Етапа 5 Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 5 Тур де Романди
1. Етапа 2 Трка околу Калифорнија
3. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Етапа 6
2012
Светско велодромско првенства UCI
1. Jersey rainbow.svg Скреч трка
2. Бодовна трка
2. Медисон (со Герант Томас)
Трка околу Полска
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
2013
3. Национално хронометарско првенство
3. Трофео Палма де Мајорка
5. Трофео Сера де Трамунтана
10. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
10. Класик РајдЛондон-Сари
2014
Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1а
1. Етапа 1б (ТТТ)
1. Етапа 5 Трка околу Баскија
2. Национално друмско првенство
2. Трофео Сес Салинес
2. Класик РајдЛондон-Сари
3. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
3. Милано-Сан Ремо
8. Нокере Курсе

Наводи[уреди]

  1. „Биографија на British Cycling“. British cycling. http://www.britishcycling.org.uk/web/site/BC/gbr/GBRiderInfo/Swift_Ben_bio.asp. 
  2. Sky Procycling (SKY) – GBR“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (конс. 13 јануари 2013).
  3. Стивен Фаранд (26 септември 2008). „Свифт импресионираше на неговата последна аматерска трка на Светските првенства“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/Swift_takes_fourth_with_brave_world_championship_ride_article_268726.html. 
  4. Сузан Вестемајер (21 април 2009). „Свифт ја започна неговата кариера“. CyclingNews. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2009/apr09/apr21news2. 
  5. Свифт победи на продолжениот почеток на Трката околу Калифорнија“, „Reuters“, 17 мај 2011.
  6. Најџел Вин (23 јуни 2011). „Објавена екипата на Скај за Тур де Франс: Свифт избран“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/529006/sky-s-tour-de-france-squad-announced-swift-selected.html. конс. 11 јули 2012. 
  7. Сајмон Мекмајкл на 17 јули 2011 (17 јули 2011). „Tour de France Stage 15 reaction: Cav says green jersey not won yet, Swift feeling better as race goes on | road.cc | Road cycling news, Bike reviews, Commuting, Leisure riding, Sportives and more“. road.cc. http://road.cc/content/news/39000-tour-de-france-stage-15-reaction-cav-insists-he-hasnt-secured-green-jersey-jet. конс. 11 јули 2012. 
  8. Cycling. „Giro d'Italia 2012: Ben Swift's training injury disrupts Team Sky's preparations but their focus remains“. Telegraph. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/9246846/Giro-dItalia-2012-Ben-Swifts-training-injury-disrupts-Team-Skys-preparations-but-their-focus-remains.html. конс. 11 јули 2012. 
  9. Cycling Weekly. „Бен Свифт победи на втората етапа на Трката околу Полска“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/533848/swift-wins-second-stage-of-tour-of-poland.html. конс. 11 јули 2012. 

Надворешни врски[уреди]