Трка околу Полска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трка околу Полска
Детали за трката
Датум август
Регион Полска
Англиско име Tour of Poland
Локално име Wyścig Dookoła Polski (полски)
Дисциплина Друмска трка
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Етапна трка
Историја
Прво издание 1928 (1928)
Изданија 69 (до 2012)
Прв победник  Феликс Вичек (ПОЛ)
Најмногу победи 3 победи:
 Дариуш Барановски (ПОЛ)
 Маријан Вјенцковски (ПОЛ)
Неодамнешен победник  Морено Мозер (ИТА)
Групата на Трката околу Полска 2004.

Трката околу Полска е друмска велосипедска етапна трка. Се состои од седум или осум етапи и обично се вози на растојание од 1.200 километри во должина. Трката била првпат одржана во 1928. До 1952 трката била одржувана повремено, но оттогаш е одржувана како годишна трка. До почетокот на 1993 трката била отворена само за аматерски велосипедисти и најмногу од победниците доаѓале од Полска.

Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) ја направил оваа трка како дел од UCI ProTour во 2005 и дел од календарот на Светскиот ранкинг во 2009.

Историја[уреди]

Првичната замисла на Трката околу Полска како повеќеетапна трка била правена по популарниот Тур де Франс. Предлогот за организирање на трката бил објавен од велосипедското здружение Варшава и спортскиот весник Пжеглад Спортови, издаван во Краков. Благодарение на нивната иницијатива, трката била одржана во летото на 1928. Историското прво издание на трката се случило од 7 до 11 септември 1928. 71 велосипедист се тркале на околу 1.500 километри - победник бил Феликс Вичек од велосипедскиот клуб Бидгошч.

До почетокот на Втората светска војна, трката била одржана четирипати, два од нив - во годините 1937 и 1939 - биле освоени од „тигарот на патиштата“ - Болеслав Напјерала.

Првите трки значајно се разликувале од денешните. Етапите биле многу подолги (чести на растојанија од 300 километри) и возачите постојано се здобивале со дупнати гуми на калдрмата и правеле паузи кај локалните ресторани.

По војната, идејата за велосипедско натпреварување околу Полска била повторно обновена. Во 1947, благодарение на соработката на полскиот велосипедистички сојуз, новинско-издавачката куќа „Чителник“ и група на новинари, трката била повторно активирана по осумгодишна пауза. Победник по само четири етапи и околу 606 километри (најкратката патека во историјата на трката) бил Станислав Гжелак (Трамвајарз Лоѓ). До 1993 не им успевало на организаторите на трката да добијат соодветен ранг за нивната трка. Ова било поради официјалниот став на властите и давањето предност на друга велосипедска трка - Мировната трка. Значајни моменти од тој временски период: триумфите на странските велосипедисти - Франческо Локатели (1949), Роџер Диркен (1960), Хосе Виехо (1972) и Андре Делкроа (од 1974), најдолгото издание на трката - 2.311 километри и 13 етапи (во 1953) и трикратниот победник Маријан Вјенцковски (1954–56), рекордот е постигнат и од Дариуш Барановски (1991–93).

Од 1993, Чеслав Ланг, сребрениот велосипедски медалист од Летните олимписки игри 1980 и победникот на Трката околу Полска 1980, ја преземал функцијата дикретор на трката. Благодарение на неговите постојани напор, трката сега е дел од календарот на Светскиот ранкинг.

Во 1997, во текот на конгресот на UCI во Сан Себастијан, трката била унапредена од професионалната категорија 2.4 и сега била класификувана како „национална трка“ (прва од таков вид во државите од Средна и Источна Европа).

На Светските првенства 1999 во Веројна, техничката комисија на UCI ја унапредил трката во класа 2.3. На 12 октомври 2001, на трката ѝ била доделена категоријата 2.2.

Во 2005 со одлука на UCI, Трката била вклучена во елитата на велосипедските трка - UCI ProTour. Составот на натпреварувањето биле три Гранд Тур: Џиро д’Италиа, Тур де Франс, Вуелта а Еспања, класичниот Светски куп, етапните трки од категорија 2.HC (н.п. Париз-Ница, Тур де Свис), класиците 1.HC (н.п. Флеш Валон) и Трката околу Полска, која била унапредена во 2 категории.

Низ претходните години - Чеслав Ланг, аматерската трка Коларска, позната главно во комунистичките земји, била трансформирана во добро организирана професионална трка. Ова ја довело трката во светот на врвните професионални трки со настапи на врвните ѕвезди во професионалниот велосипедизам, како Данило ди Лука (победник на ProTour 2005), Лорен Брошар (професионален светски првак од 1997), Оскар Фреир (светски првак 1999, 2001 и 2004), Романс Вајнштајнс (светски првак од 2000), Вјачеслав Екимов (олимписки првак 2000), Џанлука Бортолами (победник на Светскиот куп 1994), Ерик Декер (победник на Светскиот куп 2001), Стефано Гарцели (победник на Џиро д’Италиа 2000) или одличните спринтери: Андрус Ауга, Баден Кук и Даниеле Бенати.

Трката околу Полска четирипати била добитник на наградата „најдобар спортски натпревар на годината“, доделувана од весникот Пжеглад Спортови во 1995, 1996, 2004 и 2008.

Победници[уреди]

Година Победник Националност Етапи Растојание
2012 Морено Мозер  Италија 7 1.231,6 км
2011 Петер Саган  Словачка 7 1.113,3 км
2010 Даниел Мартин  Ирска 7 1.256,5 км
2009 Алесандро Балан  Италија 7 1.158 км
2008 Јенс Фојгт  Германија 7 1.258,6 км
2007 Јохан Вансумерен  Белгија 7 1.224 км
2006 Штефан Шумахер  Германија 7 1.226 км
2005 Ким Кирхен  Луксембург 8 1.246 км
2004 Ондреј Сосенка  Чешка 8 1.264 км
2003 Чезари Замана  Полска 8 1.133 км
2002 Лорен Брошар  Франција 8 1.273 км
2001 Ондреј Сосенка  Чешка 8 1.249 км
2000 Пјотр Пжиѓал  Полска 7 1.164 км
1999 Томаш Брозина  Полска 7 1.164 км
1998 Сергеј Иванов  Русија 8 1.434 км
1997 Ролф Јерман  Швајцарија 8 1.499 км
1996 Вјачеслав Джаванијан  Русија 8 1.346 км
1995 Збигњев Шпрух  Полска 7 1.254 км
1994 Маурицио Фондрист  Италија 7 1.110 км
1993 Дариуш Барановски  Полска 12 1.794 км
1992 Дариуш Барановски  Полска 8 1.149 км
1991 Дариуш Барановски  Полска 8 1.222 км
1990 Мјечислав Карлович  Полска 9 1.207 км
1989 Марек Врона  Полска 8 1.271 км
1988 Анджеј Мјежејевски  Полска 7 1.016 км
1987 Збигњев Пјонтек  Полска 8 1.162 км
1986 Марек Кулас  Полска 10 1.490 км
1985 Марек Лешњевски  Полска 10 1.224 км
1984 Анджеј Мјежејевски  Полска 9 1.219 км
1983 Тадеуш Кравчик  Полска 9 1.147 км
1982 Анджеј Мјежејевски  Полска 8 892 км
1981 Јан Бжезни  Полска 9 1.195 км
1980 Чеслав Ланг  Полска 10 1.282 км
1979 Хенрик Чаруки  Полска 9 1.335 км
1978 Јан Бжезни  Полска 11 1.415 км
1977 Леснослав Михалак  Полска 10 1.460 км
1976 Јануш Ковалски  Полска 10 1.499 км
1975 Тадеуш Митник  Полска 10 1.440 км
1974 Андре Делкроа  Белгија 11 1.593 км
1973 Луцјан Лис  Полска 12 1.512 км
1972 Хосе Луис Виехо  Шпанија 10 1.194 км
1971 Станислав Шозда  Полска 12 1.291 км
1970 Јан Стахура  Полска 12 1.611 км
1969 Војчех Матузијак  Полска 13 1.795 км
1968 Јан Кудра  Полска 12 1.757 км
1967 Анджеј Блавѓин  Полска 11 1.682 км
1966 Јузеф Гавличек  Полска 10 1.272 км
1965 Јузеф Бекер  Полска 9 1.318 км
1964 Рајмунд Зјелињски  Полска 10 1.394 км
1963 Станислав Газда  Полска 8 1.482 км
1962 Јан Кудра  Полска 8 1.278 км
1961 Хенрик Ковалски  Полска 8 1329 км
1960 Роџер Диркен  Белгија 8 1.336 км
1959 Вислав Подобас  Полска 11 1.621 км
1958 Богуслав Форналчик  Полска 11 2.038 км
1957 Хенрик Ковалски  Полска 11 1.968 км
1956 Маријан Вјенцковски  Полска 8 1.221 км
1955 Маријан Вјенцковски  Полска 10 1.563 км
1954 Маријан Вјенцковски  Полска 12 1.925 км
1953 Мјечислав Вилчевски  Полска 13 2.311 км
1952 Вацлав Вујцик  Полска 11 1.959 км
1949 Франческо Локатели  Италија 12 1.994 км
1948 Вацлав Вујцик  Полска 11 1.963 км
1947 Станислав Гжелак  Полска 4 606 км
1939 Болеслав Напјерала  Полска 8 1.291 км
1937 Болеслав Напјерала  Полска 9 1.336 км
1933 Јежи Липињски  Полска 9 1.721 км
1929 Јузеф Стефањски  Полска 12 2.250 км
1928 Феликс Вјецек  Полска 8 1.491 км

Надворешни врски[уреди]