Ватенфал Класик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ватенфал Класик
Рута во 2011 година
Детали за трката
Датум крај на јули / август
Регион Хамбург, Германија
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Еднодневна трка
Организатор Упсолут Спортс АГ
Директор на трката Ерик Цабел
Историја
Прво издание 1996 (1996)
Изданија 19 (до 2014)
Прв победник  Росано Брази (ИТА)
Најмногу победи  Тајлер Фарар (САД) (2 победи)
Неодамнешен победник  Арно Демар (ФРА)

Ватенфал Класик — годишна еднодневна професионална и аматерска велосипедска трка во и околу Хамбург. Иако, трката е со кратка историја, таа е наречена класик. Започнала како неважна трка во 1996 година, но поради брзорастечката популарност на велосипедизмот во Германија, станала дел од Светскиот друмски куп UCI во 1998. Од 2005, пак, станала дел од UCI ProTour и во 2009 станала една од 24. трки, кои носат бодови во Светската турнеја.

Завршницата на изданието во 2005

Рутата на трката се менува, но секогаш е околу 250 километри долга. Во текот на трката се искачуваат голем број на ридови околу Хамбург, ридот Вазеберг е искачуван голем број пати. Рутата, исто така, го вклучува и највисокиот мост во Хамбург Келбрандбрике.

Спонзор на Класикот, хамбуршката електро-дистрибуција HEW, го прифати новото име (Ватенфал Европа Хамбург), и од 2006 година, оваа велосипедска трка е позната како Ватенфал Класик.

Важен дел од Класикот се Једерман-трките аматерски/сиклоспортиф настан, кој се одржува додека трката трае. Секој (jedermann) може да учествува на овие трки со 55 км, 100 км и 155 км должина. Меѓутоа, бројот на учесниците е ограничен и картата мора да биде резервирана со месеци однапред. Во 2005 имало околу 20.000 аматери на овие трки.

Аматерскиот настан (2010)

Победници[уреди]

HEW Класик
Година Победник Тим
1996 Италија Росано Браси Полти
1997 Германија Јан Улрих Тим Телеком
1998 Холандија Леон ван Бон Рабобанк
1999 Италија Мирко Селестино Полти
2000 Италија Габриел Мисаглија Лампре
2001 Германија Ерик Цабел Тим Телеком
2002 Белгија Јохан Мусеојв Домо-Фарм Фритес
2003 Италија Паоло Бетини Квик Степ
2004 Австралија Стјуарт О’Грејди Кофидис
2005 Италија Филипо Поцато Квик Степ
Ватенфал Класик
Година Победник Тим
2006 Шпанија Оскар Фреир Рабобанк
2007 Италија Алесандро Балан Лампре
2008 Австралија Роби Мекјуан Сајленс-Лото
2009 САД Тајлер Фарар Гармин-Слипстрим
2010 САД Тајлер Фарар Гармин-Транзишанс
2011 Норвешка Едвалд Боасон Хаген Тим Скај
2012 Франција Арно Демар ФДЖ-БигМет
2013 Германија Џон Дегенколб Аргос-Шимано
2014 Норвешка Александер Кристоф Тим Катјуша

Надворешни врски[уреди]