Фабијан Вегман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фабијан Вегман

Вегман на Трката околу Алберта 2013
Лични податоци
Цело име Фабијан Вегман
Роден 20 јуни 1980 (1980-06-20) (34 г.)
Минстер, Западна Германија
Висина 1,78 м
Маса 60 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гармин-Шарп
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2002–2008
2009–2010
2011
2012–
Геролштајнер
Тим Милрам
Леопард Трек
Гармин-Баракуда
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
Планински пласман (2004)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2007, 2008, 2012)
Тре Вали Варезине (2004)
ГП Мигуел Индураин (2006, 2008)
Трка околу Франкфурт (2009, 2010)
Последна промена
12 јануари 2014

Фабијан Вегман (германски: Fabian Wegmann; р. 20 јуни 1980 во Минстер) — германски професионален друмски велосипедист, познат како специјалист за планини. Тој моментално вози за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп.[1] Вегман е трикратен германски национален друмски првак (2007, 2008, 2012).[2]

Вегман учествувал на Тур де Франс во 2004 и 2005. Висок е 1,78 метри, тежи 60 килограми и моментално живее во Фрајбург. Тој бил член на Геролштајнер од 2002 до 2008.

На Џиро д’Италија 2004, Вегман го освоил планинскиот пласман како најдобар возач низ планините. На Тур де Франс 2005, Вегман нападнал рано на седмата етапа во обид да победи на етапата, кој завршувала во Карлсруе, Германија. Поради неговото огромно водство (до 17 минути од главната група), тој станал виртуелен лидер во бодови и генералниот пласман. Меѓутоа, тој бил фатен кон крајот на етапата. Тој ја облекол точкастата маичка на два наврата на Тур де Франс. Ги освоил германските национални друмски првенства во 2007, 2008 и 2012.

Достигнувања[уреди]

1999
1. MaillotAlemania.PNG Национален друмски првак под 23 години
2002
6. ГП Триберг-Шварцвалд
2003
1. Краен пласман Трка околу Саксонија
1. Етапа 3
2. Краен пласман Трка околу Рајнската област-Пфалц
3. Гран при де Фурмие
7. Копа Плаки
9. Џиро дел Пиемонт
2004
1. Jersey blue.svg Планински пласман Џиро д’Италија
1. Тре Вали Варезине
3. Краен пласман Трка околу Романија
4. Гран Премио ди Кјасо
5. Гран Премио Чита ди Камаиоре
6. ГП Мигуел Индураин
8. Копа Плаки
8. Трофео Калвија
9. Трофео Солер
9. Шпаркасен Џиро Бохум
2005
1. Етапа 5 Трка околу Полска
1. ГП Сан Франциско
3. Шпаркасен Џиро Бохум
1. ГП Триберг-Шварцвалд
4. ГП Бруно Бегели
6. Џиро ди Ломбардија
8. Волта ао Алгарве
10. Трка околу Келн
10. Флеш Валон
2006
1. Етапа 1 Дофине Либере
1. ГП Мигуел Индураин
3. Џиро ди Ломбардија
2007
1. MaillotAlemania.PNG Национално друмско првенство
1. Трка околу Нирнберг
2. ГП Бруно Бегели
4. Краен пласман Трка околу Полска
8. Трка околу Баварија
9. Светско друмско првенство
2008
1. MaillotAlemania.PNG Национално друмско првенство
1. ГП Мигуел Индураин
2. Јапонски куп
4. Трка околу Франкфурт
6. Брабантсе Пејл
7. Светско друмско првенство
10. Ватенфал Класик
2009
1. Трка околу Франкфурт
2. Страде Бјанке
3. Брабантсе Пејл
3. ГП Мигуел Индураин
7. ГП де Валони
7. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано
8. Трофео Калвија
9. ГП ди Лугано
2010
1. Трка околу Франкфурт
3. ГП Џеф Шеренс
6. Трофео Магалуф-Палманова
7. Гран при Квебек
2011
3. Краен пласман Тур де ла Сом
3. ГП Мигуел Индураин
4. Гран при Квебек
6. Минстерланд Џиро
10. Страде Бјанке
10. Гран при Монтреал
2012
1. MaillotAlemania.PNG Национално друмско првенство
8. Амстел Голд Рејс
8. Гран при Квебек
2013
4. Гран при Квебек

Наводи[уреди]

  1. Тим Гармин-Шарп-Баракуда го објави составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  2. Екипата Гармин-Сервело ги објави имињата на екипата за 2012“, „Гармин-Сервело“, Slipstream Sports LLC, 18 ноември 2011 (конс. 3 јануари 2012).

Надворешни врски[уреди]