Крис Фрум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Крис Фрум

Фрум на Критериум ду Дофине 2013
Лични податоци
Цело име Кристофер Фрум
Прекар Фруми[1][2]
Роден 20 мај 1985 (1985-05-20) (29 г.)
Најроби, Кенија
Висина 1,86 м[3]
Маса 69 кг[3]
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
Супер Академи
Хај-Кју Супер Академи
Професионални клубови
2007
2008–2009
2010–
Коника Минолта
Барловорлд
Тим Скај
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Генерален пласман (2013)
4 индивидуални етапи (2012, 2013)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2011)

Етапни трки

Критериум ду Дофине (2013)
Тур де Романди (2013, 2014)
Критериум Интернасионал (2013)
Трка околу Оман (2013, 2014)
Последна промена
17 септември 2014

Кристофер „Крис“ Фрум (англиски: Christopher Froome; р. 20 мај 1985 во Најроби) — британски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[4] Иако роден во Кенија и израснат во Јужна Африка, од пролетта 2008 вози под британска лиценца на основа на неговиот пасош и татковина на неговиот татко и дедо.[5] Сметан како силен искачувач по планините и солиден специјалист за хронометри, Фрум обично се натпреварува за генералниот пласман.

Фрум се преселил во Европа за да ја продлабочи неговата кариера и станал професионалец на 22 години со екипата Коника Минолта. Неговиот потенцијал бил забележан во 2010 од Тим Скај и станал еден од клучните велосипедисти на екипата. Фрум го направил неговиот пробив како кандидат за Гранд Тур во текот на Вуелта а Еспања 2011, каде завршил втор во генералниот пласман, изедначувајќи го второто место на Роберт Милар на Вуелта а Еспања 1985 и 1986 како највисоко пласиран возач на некоја голема трка.

На Тур де Франс 2012 ја освоил седмата етапа, која завршувала на стрмна нагорнина, пред минатогодишниот првак Кедел Еванс и колегата Бредли Вигинс.[6] На крај, Фрум завршил втор во генералниот пласман зад Вигинс, со што тие станеле првите британски возачи, кои успеале да дојдат на подиум во историјата на Тур де Франс. Фрум исто така бил трет зад Вигинс и ја освоил бронзата на хронометарот на Летните олимписки игри 2012 во Лондон. Негова прва победа на етапна трка била во 2013, на Трката околу Оман, следена од победите на Критериум Интернационал, Тур де Романди, Критериум ду Дофине и Тур де Франс.

Како бранител на титулите, ја започнал 2014 повторно со победа на Трката околу Оман и повторна победа на Тур де Романди.

Ран живот и аматерска кариера[уреди]

Фрум е роден на 20 мај 1985 во Најроби, Кенија.[3] Неговата мајка, Џејн, била родена во Кенија, а татко му Клајв бил хокеар, кој играл за Англија во категоријата до 19 години.[7] Родителите на мајка му емигрирале од Тетбери, Глоучестершир, Англија, во Англија за да водат фарма.[8][9][10] Фрум има два постари браќа, Џонатан и Џереми.[7] На 12-годишна возраст, мајка му го однеле на неговата прва велосипедска трка, каде го запознал професионалниот велосипедист Дејвид Кинџа, кој му станал ментор. Тие тренирале заедно, особено планински велосипедизам во руралните висорамнини северно од Најроби.[7][11][12]

По завршувањето на основното училиште во Најроби,[13] Фрум се преселил во Јужна Африка како 14-годишен за да го посетува колеџот Сент Џонс во Јоханесбург.[12][14][15] Потоа студирал економија две години на Универзитетот Јоханесбург.[16][17][18] Во Јужна Африка започнал да учествува во друмскиот велосипедизам. На 22 години станал професионален велосипедист.[16] Фрум започнал да вози друмски велосипедизам во Јужна Африка, насочувајќи се кон искачувањето.[19] Додека ја претставувал Кенија на Светското друмско првенство 2006 во категоријата под 23 години во Салцбург, Австрија, Фрум се судрил со службеник веднаш по стартот на хронометарот; никој од обајцата не бил повреден,[20] а Фрум завршил на 36. место.[21]

Професионална кариера[уреди]

2007-2010[уреди]

Станал професионалец во 2007, на 22 години, со јужноафриканската екипа Тим Коника Минолта, повлекувајќи се од студирање економија.[22] Настапувал од април до септември за екипата WCC на Меѓународниот велосипедистички сојуз, во Купот на нациите до 23 години.[23] Во мај ја возел првата етапна трка, Џиро деле Реџони, освојувајќи ја петтата етапа, возејќи за WCC.[22][24] На крајот на мај ја освоил шестата етапа на Трката околу Јапонија, напаѓајќи од бегство во 14. круг.[25] Во јуни настапил на Светските првенства „Б“ во Кејптаун, завршувајќи втор зад Кинезот Хаијун Ма на хронометарот.[26][27] Во јули го освоил бронзениот медал на друмската трка на Сèафриканските Игри во Алжир.[28] На 26 септември завршил на 41. место на хронометарот под 23 години на Светските првенства во Штутгарт, три минути и 30 секунди зад освојувачот на златниот медал, Ларс Бом (Холандија).[29]

Фрум на Тур де Франс 2008, возејќи за Барловорлд.

Фрум бил воведен во британска континентална екипа Барловорлд од страна на Јужноафриканецот Роби Хантер, придружувајќи им се за сезоната 2008[14][22] Во март завршил на второто место на Џиро дел Капо во Јужна Африка, една минута и 41 секунда зад колегата Кристијан Пфанбергер.[30] Во текот на март и април возел на Критериум Интернасионал, Гент-Вевелгем и Арденските класици. Своето деби на голема трка го имал на Тур де Франс, кога бил именуван во составот на екипата Барловорлд за трката, со тоа станувајќи првиот учесник од Кенија,[31] на која завршил на 84. место во генералниот пласман и 11. помеѓу младите возачи.[32] Во октомври Фрум завршил на четвртото место на Хералд Сан Тур во Викторија, Австралија.[33] Неговите резултати во 2008 го привлекле вниманието на британскиот тренер, Род Елингворт, кој верувал дека Фрум има потенцијал. Фрум изјавил: „Иако јас возев под кениско знаме, јас секогаш го носев британскиот пасош и се чувствував Британец. Потоа ние зборувавме за настап под британското знаме и ние останавме во контакт.“[8]

Фрум ја постигнал првата професионална победа во март 2009, на втората етапа на Џиро дел Капо, напаѓајќи од бегство составено од десет членови на 30 километри пред целта.[34] Потоа учествувал на Џиро д’Италија, на која завршил 36. во генералниот пласман и 7. помеѓу младите возачи.[35] Во јули ја освоил класичната трка, Анатомик Џок Рејс.[36]

Во септември 2009 објавил дека ќе ѝ се придружи на британската екипа, Тим Скај, за сезоната 2010.[37] Фрум возел на Џиро д’Италија 2010. На етапата 19 имал повреда на коленото и на преминот Мортироло се држел за полициски мотор, откако отпаднал од групетото и сакал да стигне до зоната за храна и се повлекол од трката. Додека се држел за моторот, комесарот на трката му наредил да застане и да се повлече од трката.[38][39] Во текот на неговата прва сезона со Скај, неговиот најдобар резултат бил на Тур ду Хаут Вар, каде завршил 9. во генералниот пласман.[40] Исто така завршил на второто место на националното хронометарско првенство во 2010, покажувајќи ја неговата способност во оваа дисциплина.[41] Во октомври ја претставувал Англија на Комонвелтските игри 2010 во Делхи, каде завршил петти на хронометарот, две минути и 20 секунди зад победникот, Шкотланѓанецот Дејвид Милар.[42]

2011[уреди]

Фрум (втор од лево) заедно со возачот на Геокс-ТМЦ Хуан Хосе Кобо на етапата 19 на Вуелта а Еспања 2011.

Почетните успеси на Фрум во сезоната 2011 биле влегувањето во првите 15 на Вуелта а Кастилја и Леон и Тур де Романди. Фрум имал мешан Тур де Свис, возејќи со водечката група на некои планински етапи, додека губел време на други и завршил деветти на завршниот хронометар.[43]

Фрум влегол на Вуелта а Еспања 2011 како главен помошник на Бредли Вигинс во планините. Откако бил нераздвоив од Вигинс во текот на првата недела, тој добил дозвола за негово возење на етапата 9, напаѓајќи на последното искачување, каде завршил петти, три секунди зад Бредли Вигинс, со што и обајцата завршиле во првите 20.[44] Меѓутоа, следниот ден на етапата 10, Фрум го отспринтал Вигинс и завршил втор во хронометарот зад Тони Мартин и добил неочекувано водство на трката.[45] Во текот на етапата 11 ѝ помогнал на својата екипа да ги отстранат некои напади, но набрзо се нашол неспособен да ја следи главната група. Меѓутоа, успеал да остане втор во генералниот пласман.[46]

По губењето на маичката од Вигинс на етапата 11, Фрум продолжил да вози како поддршка на неговиот водач и на етапата 14 му помогнал да ги отфрли ривалите, како Винченцо Нибали и Хоаким Родригез на последното искачување. Вигинс му го препуштил неговото водство на Фрум, на етапата на која Фрум повторно се вратил втор во генералниот пласман.[47] Тешката етапа 15, која завршувала на нагорнина, Фрум ја гледал како прилика да оди по етапниот победник Хуан Хосе Кобо, кој го преземал водството на трката на крајот на денот. Фрум се покажал посилен од Вигинс, завршувајќи пред него на четвртото место, но 48 секунди зад Кобо, со што го задржал второто место во генералниот пласман.[48]

На етапата 17, Фрум го нападнал Кобо на 1 километар пред целта, но Кобо се борел и го достигнал Фрум во последните 300 метри, но Фрум повторно нападнал и ја освоил етапата, стигнувајќи пред Кобо.[49] Како последица на временските бонуси, Фрум го намалил водството на Кобо на 13 секунди. Фрум не успеал да го намали уште повеќе водството на Кобо и на крај завршил втор на Вуелта, изедначувајќи ги вторите места на Роберт Милар на изданијата на Вуелта а Еспања во 1985 и 1986 и второто место на Џиро д’Италија 1987, како највисок пласман на некој британски возач на некоја голема трка.[50]

Постоеше недоследност околу него. Прашањето не беше зошто беше добар, туку прашањето беше дека зошто ние гледаме само погледи. Зошто не е цело време истиот тој? Кога болеста беше објавена, погледнато наназад, стана логично зошто било така.
Дејвид Брејсфорд за инфекцијата билхарцијаза на Фрум.[51]

По Вуелта било откриено дека Фрум во текот на целата година страдал од тропскиот вирус билхарзија, дијагностициран уште во 2010.[52] Било шпекулирано дека Фрум можеби ја имал паразитската инфекција во голем дел од неговиот возрасен живот и во текот на неговиот ран почеток во велосипедизмот.[7][53] Откривањето и понатамошното лечење на болеста било објаснување за рапидниот подем на формата на Фрум во текот на 2011.[14][51] На 16 септември 2011, Фрум потпишал нов тригодишен договор со Скај.[54] Бил дел од репрезентација на Велика Британија, која му помогнала на Марк Кевендиш да победи на Светското друмско првенство 2011.[55] Во октомври, Фрум завршил трет во генералниот пласман на првото издание на Трката околу Пекинг, 26 секунди зад победникот Тони Мартин.[56]

2012[уреди]

Првиот дел на сезоната 2012 на Фрум била нарушена од болест. Се откажал од Волта ао Алгарве со тешка инфекција на градите, додека тестовите на крвта покажеле дека паразитите билизарија се вратиле.[52][57] Во март, Фрум бил вмешан во судар со 72-годишен пешак за време на неговиот тренинг.[58] Се вратил на тркањето на Тур де Романди, каде му помогнал на Бредли Вигинс да ја освои трката,[59] пред да учествува во тренинг-кампот на вулканот во Тенерифе со неколку од неговите колеги.[60]

Фрум на етапата 19 на Тур де Франс 2012, каде завршил втор зад Бредли Вигинс во генералниот пласман

Фрум бил избран од екипата Скај за Тур де Франс. По добрите резултати на воведниот пролог,[61] на Фрум му се дупнала гумата на крајот на првата етапа, каде загубил една минута зад лидерот Фабијан Канчелара (РадиоШек-Нисан).[62] На етапата 3, Фрум бил вмешан во падот на завршницата во Булоњ-сур-Мер и бил испратен во заштитните барикади, но поминал неповреден и му било доделено истото време како победникот Петер Саган од Ликвигас-Канондејл.[63] На седмата етапа, која завршувала на врвот Ла Планш де Бел Фил на искачување од прва категорија, го заштитил неговиот лидер Вигинс и бил дел од малата група, која стигнала прва на целта. Кедел Еванс (БМЦ Рејсинг Тим) нападнал, Фрум го достигнал и ја освоил етапата со предност од 2 секунди пред неговиот лидер и Еванс.[64] Со овој успех ја освоил точкастата маичка, но ја загубил уште следниот ден од Фредрик Кесијакоф од Астана.[65] Фрум завршил втор зад Вигинс на етапата 9, индивидуален хронометар и се поместил на третото место во генералниот пласман.[66]

На етапата 11 до Ла Тусуар, Фрум влечел цел ден напред во групата низ планините, поставувајќи темпо за неговиот лидер Вигинс, но бил приморан на двапати да одмора во текот на пораните, побрзи делови, отпаѓајќи позади во групата, оставајќи го Вигинс сам напред. Меѓутоа, Фрум добро се опоравувал и изненадувачки, поради збунувачките наредби од екипата, нападнал во преостанатата група на последното искачување, откако Вигинс го достигнал Нибали на четири километри пред крајот. Потоа добил наредба од неговиот менаџер на екипата да се врати назад и да ја почека жолтата маичка, Вигинс. Завршил трет на етапата.[67] За неговите напори при помагањето на Вигинс, Фрум бил наречен од медиумите како суперпомошник.[68] На етапата 17, Фрум и Вигинс завршиле втор и трет соодветно на последната планинска етапа, со што ги потврдиле своите места во генералниот пласман,[69] иако Фрум повеќепати го чекал Вигинс на последното искачување, намалувајќи ги шансите за победа на етапата.[70] На етапата 19, индивидуален хронометар, Фрум завршил втор зад Вигинс, соодвествувајќи со нивните места во генералниот пласман.[71] Вигинс победил на Тур де Франс, додека Фрум бил втор, станувајќи првите двајца Британци, кои стигнале до подиум на Тур де Франс во неговата 109-годишна историја.[72]

Фрум во текот на хронометарот на Летните олимписки игри 2012, каде го освоил бронзениот медал.

Фрум, заедно со колегите од Скај, Вигинс, Марк Кевендиш и Ијан Станард, како Дејвид Милар биле избрани во британската екипа на друмската трка на Летните олимписки игри.[73] Фрум и Вигинс исто така настапиле и на олимпискиот хронометар.[74] Фрум го освоил бронзениот медал на индивидуалниот хронометар на Игрите во Лондон, каде неговиот колега Вигинс го освоил златниот медал.[75]

Фрум бил избран како предводник на Вуелта а Еспања 2012, со надеж да биде подобар од минатата година и да ја освои својота прва голема трка.[76] Завршил трет по првата планинска завршница на етапата 3,[77] и се поместил на второто место на четвртата етапа откако лидерот Алехандро Валверде паднал, губејќи 55 секунди од групата.[78] Фрум паднал на третото место во текот на хронометарот на етапата 11, 16 секунди зад лидерот Родригез.[79] Изгубил уште 23 секунди на етапата 12, со што доцнел 51 секунда зад лидерот.[80] Се борел во остатокот на втората половина на трката. На крајот завршил 4. во генералниот пласман со над 10 минути зад победникот на трката, Алберто Контадор.[81]

2013[уреди]

Сезоната за Фрум започнала на Трката околу Оман, каде го презел водството на трката на етапата 4, завршувајќи втор зад Хоаким Родригез.[1] Потоа, Фрум победил на следната етапа и го зголемил водството, поминувајќи ги Контадор и Родригез.[82] Ја завршил трката освојувајќи го генералниот пласман, негова прва победа на етапна трка, 27 секунди пред Контадор и 39 пред Кедел Еванс. Исто така го освоил и бодовниот пласман.[83] Потоа, Фрум го предводел Скај на Тирено-Адријатико во март, каде ја освоил четвртата етапа по возвраќањето на нападот од Контадор, Нибали и Мауро Сантамброџо на последното искачување на етапата.[84] Фрум загубил време во однос на крајниот победник Нибали на претпоследната етапа, завршувајќи ја трката на второто место.[85] Фрум се вратил во форма и се искачил на највисокото скалило на подиумот на Критериум Интернасионал 2013. Откако завршил четврти на краткиот хронометар на втората етапа, засилил на последното искачување на третата и завршна етапа за победа и го претркал колегата и второпласираниот на трката, Ричи Порт во генералниот пласман.[86]

Фрум во водечката маичка на Тур де Романди 2013

На крајот на април, Фрум победил на прологот од 7,5 километри на Тур де Романди во Ле Шабл, Швајцарија, земајќи ја водечката маичка, со предност од шест секунди пред Ендру Талански од Гармин-Шарп.[87] Останал во водечката жолта маичка во текот на целата трка, зголемувајќи ја својата предност пред неговите ривали на скоро една минута со силен настап на претпоследната кралска етапа. Близу крајот на етапата, откако ги возачите за поддршка во главната група, Фрум заминал сам да го лови бегалецот, возачот на Тим Катјуша Симон Шпилак и откако го достигнал, работел со Словенецот за да го одржи и зголеми нивното водство во однос на групата и да го подобри нивниот пласман во генералниот пласман. Шпилак ја освоил етапата, со што се искачил на второто место во генералниот пласман, додека Фрум задоцнил една секунда.[88][89] На завршниот хронометар и воедно последна етапа, Фрум го зазел третото место, зголемувајќи го своето водство и ја освоил третата трка во сезоната.[90]

Последна трка за подготовка на Фрум пред Тур де Франс, за која се сметал дека е фаворит, била Критериум ду Дофине на почетокот на јуни.[91] Се нашол втор во генералниот пласман зад возачот на Гармин-Шарп Роан Денис откако завршил на третото место во хронометарот на четвртата етапа.[92] Фрум ја освоил петтата етапа откако возвратил на доцниот напад на Контадор, со што го презел водството на трката со 52 секунди пред неговиот колега, Порт.[93] Фрум му помогнал на Порт да го потврди неговото второ место на седмата етапа,[94] а на осмата етапа двоецот се одвоил од своите ривали на последното искачување и само Ендру Талански (Гармин-Шарп) можел да ги следи. Фрум завршил на второто место на етапата зад Алесандро де Марки од Канондејл, кој нападнал претходно, обезбедувајќи ја победата во генералниот пласман, додека Порт ја заокружил еден-два победата, 58 секунди зад него. Ова било четврта победа за Фрум на поголема трка во сезоната од вкупно пет на колку што настапил.[95][96]

Тур де Франс за Фрум почнал напнато, откако паднал во неутралниот дел на првата етапа на островот Корзика, но бил неповреден и избегнал да падне во големата несреќа кон крајот на етапата.[97] Откако се држел надвор од несреќи во остатокот на првата недела, Фрум ја освоил осмата етапа, првата планинска етапа на трката, преку отпочнување напад откако неговите колеги Питер Кено и Порт го спречиле претходниот напад од возачот на Мувистар Тим Наиро Кинтана и се оддалечил од ривалите на Фрум. Победничката разлика на Фрум на етапата била 51 секунда пред Порт и една минута и 25 секунди пред Валверде (Мувистар Тим) на третото место. Ова му го донело водството на трката на Фрум по прв пат и водство во планинскиот пласман.[98][99] Меѓутоа, на следната етапа, Фрум останал изолиран откако ниеден од неговите колеги не можел да ги следи нападите отпочнати во почетокот на етапата од возачите на Гармин-Шарп, Мувистар Тим и Тим Саксо-Тинкоф. Иако бил без никаква поддршка од екипата во поголемиот дел од етапата, Фрум успеал да го одбрани своето водство од неколкуте напади од Кинтана и Валверде.[100] Потоа, Фрум завршил втор на индивидуалниот хронометар на 12. етапа, 12 секунди зад Тони Мартин, со што го зголемил водството пред другите ривали.[101] Меѓутоа, на етапата 13, Саксо-Тинкоф предизвикал поделба на групата поради силни накрсни ветрови, кои Фрум ги пропуштил. Контадор од Тим Саксо-Тинкоф и Роман Кројцигер, и Лауренс тен Даум и Бауке Молема од Белкин Про Сајклинг се здружиле и успеале да му одземат 69 секунди од водството на Фрум, иако Валверде изгубил над десет минути и излегол од конкуренција.[102]

Фрум ја освоил петнаесеттата етапа, која завршувала на Мон Венту. Кено и Порт успеале да ги отфрлат сите водечки ривали освен Контадор во првиот дел од искачувањето, пред Фрум јасно да се одвои од Контадор на 7 километри до целта и да достигнувајќи го Кинтана, кој нападнал претходно. Двоецот работел заедно пред нивните ривали, пред Фрум да нападне на 1,2 километри пред целта и сам да дојде до победа. Ова му донело водство на Фрум од четири минути и 14 секунди пред Молема на второто место, а Контадор доцнел дополнителни 11 секунди. Исто така, Фрум го повратил водството во планинскиот пласман.[103][104] Го освоил хронометарот на етапата 17, завршувајќи ја патеката од 32 километри за 51 минута и 33 секунди, додека Контадор задоцнил девет секунди зад него, на второто место.[105] Фрум го одбранил водството во текот на алпските етапи, зголемувајќи ја својата предност кога Молема и Контадор отпаднале.[106]

Фрум го освоил генералниот пласман на 21 јули со завршно време од 83 часа, 56 минути и 40 секунди, четири минути и 20 секунди пред второпласираниот Кинтана. Исто така го имал водството во планинскиот пласман на шест етапи, меѓутоа на крајот бил втор зад Кинтана во тој пласман.[107] Победата на Фрум на трката и етапните победи на Тур му го донеле првото место во индивидуалниот пласман на Светската турнеја, со 587 бода, пред Саган со 409.[108] Делумно бидејќи Тур 2013 бил прв по признавањето за допинг од страна на Ленс Армстронг, такви прашања му биле поставувани и на Фрум. Тој повторувал дека тој и неговата екипа биле чисти и изјавил дека дури и таквите прашања го натажуваат.[109] Фрум бил 19 пати тестиран во текот на трката[107] и главниот директор на Тим Скај, Дејв Брејсфорд, им ги понудил на Светската анти-допинг агенција сите податоци за резултатите на Фрум.[110]

Во октомври, Фрум бил именуван за освојувач на престижната награда Златен велосипед за најдобар возач во годината.[111]

2014[уреди]

Како бранител на титула по прв пат, Фрум ја започнал сезоната во 2014 година повторно со победа на Трката околу Оман.[112] По некои мали проблеми со здравјето, негова следна етапна трка била Тур де Романди, повторно како бранител на титулата, која ја освоил со 28 секунди предност пред Симон Шпилак, каде двајцата возачи завршиле како прв и втор на трката втора година по ред.[113] Исто така ја освоил последната етапа на трката, индивидуален хронометар од 18,5 километри, завршувајќи втор побрз од трикратниот светски првак Тони Мартин.

Фрум се откажал на петтата етапа на Тур де Франс 2014 откако паднал три пати во два дена, ставајќи крај на неговата одбрана на минатогодишната титула на Тур де Франс.[114] Повторно се нашол во борба со Алберто Контадор на Вуелта а Еспања, борбен и солиден во планините, но изгубил време на првиот индивидуален хронометар.[115] Пред последната етапа, краток (10 км) рамен хронометар, Фрум бил на второто место со задоцнување од една минута и 37 секунди зад Шпанецот.[116] На крајот завршил само втор.[117]

Личен живот[уреди]

Фрум ја сретнал Јужноафриканката родена во Велс Мишел Каунд во 2009, преку јужноафриканскиот возач Дарил Импи, кога Каунд работела како велосипедски фотограф. Во 2011 се преселиле заедно во Монако и станала негова свршеничка во март 2013.[118][119] Фрум ја посветил победата на Тур де Франс на неговата мајка, која умрела од рак пет недели пред неговиот прв настап на Тур во 2008.[31][107]

Достигнувања[уреди]

2005
1. Етапа 2 Трка околу Маврициус
2006
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Маврициус
1. Етапа 2
1. Етапа 3
2. Трка Анатомик Џок
2007
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Ми-Аут Бретон
1. Етапа 5 Џиро деле Реџоне под 23 години
1. Етапа 6 Трка околу Јапонија
2. Класик Берг & Дејл
2. Светско хронометарско првенство
3. Африкански игри - друмска трка
2008
2. Краен пласман Џиро дел Капо
3. Џиро дел’Апенино
4. Краен пласман Хералд Сан Тур
2009
1. Ден 2 Џиро дел Капо
1. Трка Анатомик Џок
2010
2. Британско хронометарско првенство
5. Комонвелтски игри - Друмски хронометар
9. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
2011
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 17
Ја носел црвената маичка Jersey red.svg на етапата 11
3. Краен пласман Трка околу Пекинг
2012
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 7
Ја носел точкастата маичка Jersey polkadot.svg на етапата 7
3. Bronze medal olympic.svg Бронза Олимписки хронометар
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Критериум ду Дофине
2013
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Оман
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 5
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Етапа 3
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Романди
1. Пролог
1. Jersey yellow-bluebar.svg Краен пласман Критериум ду Дофине
1. Етапа 5
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 8
1. Етапа 15
1. Етапа 17 (ITT)
Ја носел Jersey polkadot.svg точкастата маичка на етапата 9 & на етапите 16-20
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 4
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
2014
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Оман
1. Етапа 5
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 5 (ITT)
Критериум ду Дофине
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 2
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
Jersey red number.svg Награда за борбеност на цела трка
6. Краен пласман Волта а Каталуња

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 36 ДСК
Jersey yellow.svg Тур 84 2 1
Jersey red.svg Вуелта 2 4 2

ДСК = дисквалификуван
— = не настапил

Други етапни трки[уреди]

Трка 2010 2011 2012 2013 2014
Париз-Ница
Тирено-Адријатико 2
Волта а Каталуња 71 61 6
Трка околу Баскија
Тур де Романди СО 15 123 1 1
Критериум ду Дофине 4 1 12
Тур де Свис 47

Награди[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Крис Фрум води на Трката околу Оман по второто место на етапата“. „BBC Sport“. BBC. 14 февруари 2013. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/21459197. конс. 21 февруари 2013. 
  2. Фотерингем, Вилијам (14 септември 2012). „Велика Британија ја потврди екипата за Светските друмски првенства“. „The Guardian“. Guardian News and Media Limited. http://www.guardian.co.uk/sport/2012/sep/14/great-britain-world-road-race-championships. конс. 2 април 2013. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „Профил на Крис Фрум“. „Тим Скај“. Лондон: BSkyB. http://www.teamsky.com/profile/0,27291,17543_8326906,00.html. конс. 30 јуни 2013. 
  4. Sky Procycling (SKY) – GBR“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (конс. 13 јануари 2013).
  5. „Underdog no more, Chris Froome hopes for a bit more liberty in 2012“. Velo News. 23 ноември 2011. http://velonews.competitor.com/2011/11/news/underdog-no-more-chris-froome-hopes-for-a-bit-more-liberty-in-2012_198493. конс. 23 ноември 2011. 
  6. „Wiggins, Froome strike a blow for British cycling in France“. Sports Illustrated. 7 јули 2012. http://sportsillustrated.cnn.com/more/news/20120707/wiggins-froome-evans-stage-7-tour-de-france/. конс. 7 јули 2012. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Чадбенд, Ијан. „The incredible rise of Chris Froome — and how he was almost killed by a hippo“, Telegraph Media Group, 27 јуни 2013 (конс. 28 јуни 2013).
  8. 8,0 8,1 Галагер, Брендан. „Chris Froome at the top as the race hits high notes in cruel mountain stages“, Telegraph Media Group, 11 јули 2012 (конс. 24 август 2012).
  9. Underdog no more, Chris Froome hopes for a bit more liberty in 2012“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 23 ноември 2011 (конс. 23 ноември 2011).
  10. Фотерингем, Аласдер. „Chris Froome zooms from riding with lions to pride of pack“, Independent Print, 13 јули 2012 (конс. 30 јуни 2013).
  11. Мекалум, Кевин. „Froome goes from St John's to Sky“, „Independent Online“, Independent News & Media, 28 јуни 2013 (конс. 1 јули 2013).
  12. 12,0 12,1 Ингл, Шон. „Chris Froome confident he can pull off victory in the Tour de France“, „guardian.co.uk“, Guardian Media Group, 29 јуни 2013 (конс. 30 јуни 2013).
  13. Диксон, М. Д.. „Weekly Circular“, The Banda School, 16 септември 2011, стр. 1 (конс. 22 јули 2013).
  14. 14,0 14,1 14,2 Мекре, Доналд. „Chris Froome: Shaped in Africa and ripe for Tour de France win“, Guardian Media Group, 22 јуни 2013 (конс. 30 јуни 2013).
  15. „Newsletter“ (PDF). „Колеџ Сент Џонс“. декември 2011. http://www.oja.co.za/OJ%20NEWSLETTER%20-%20DEC%202011%20%282%29.pdf. конс. 17 август 2012. 
  16. 16,0 16,1 Худ, Ендру. „Chris Froome: Out of Africa and onto the Vuelta podium“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 15 септември 2011 (конс. 29 јуни 2013).
  17. Слејтер, Мет (19 јуни 2013). „Tour de France: Chris Froome on bid to emulate Bradley Wiggins“. Лондон: BBC Sport. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/22960925. конс. 1 јули 2013. 
  18. Шапшак, Тоби. „Chris Froome aims to sweep clean at Tour“, Anastacia Martin, 15 февруари 2013 (конс. 21 април 2013).
  19. The Big Interview: Chris Froome“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 3 јуни 2008 (конс. 28 јуни 2013).
  20. Фаранд, Стивен. „Chris Froome: From cycling slum dog to Monte Carlo millionaire“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 26 јуни 2013 (конс. 30 јуни 2013).
  21. 2006 UCI Road World Championships, Salzburg, Austria“, „Cyclingnews.com“, Future plc, септември 2006 (конс. 4 јули 2012).
  22. 22,0 22,1 22,2 Вестбај, Мет. „Tour de France: Chris Froome's journey up cycling's ranks comes to glorious end in Paris“, „Sky Sports“, BSkyB, 22 јули 2013 (конс. 24 јули 2013).
  23. „Фрум - производ на WCC“. Егл, Швајцарија: Меѓународен велосипедистички сојуз. 23 јули 2013. http://www.uci.ch/Modules/ENews/ENewsDetails.asp?id=OTQ1Mw&MenuId=MTI2Mjc. конс. 24 јули 2013. 
  24. „Young Guns News Roundup #16D“. „Daily Peloton“. 1 мај 2007. http://www.dailypeloton.com/displayarticle.asp?pk=10894. конс. 24 јули 2013. 
  25. Гутовски, Стефани. „11. Трка околу Јапонија — Етапа 6“, „Daily Peloton“, 29 мај 2007 (конс. 24 јули 2013).
  26. „Светски првенства Б UCI 2007“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://oldsite.uci.ch/modello.asp?1stLevelID=PA&level1=0&level2=0&idnews=3962. конс. 24 јули 2013. 
  27. „Светски друмски првенства, хронометар Б 2007“. „Cycling Archives“. de Wielersite. http://www.cyclingarchives.com/ritfiche.php?ritid=89847. конс. 24 јули 2013. 
  28. „Сеафрикански Игри, друмска трка 2007“. „Cycling Archives“. de Wielersite. http://www.cyclingarchives.com/ritfiche.php?ritid=91250. конс. 24 јули 2013. 
  29. „Резултати од хронометарот под 23 години“ (PDF). Егл, Швајцарија: Меѓународен велосипедистички сојуз. стр. 2. http://oldsite.uci.ch/UciDoc/ROA/2007/CM/TT_MU_RE.pdf. конс. 24 јули 2013. 
  30. Јужноафриканецот Џорџ го освои хронометарот“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 8 март 2008 (конс. 24 јули 2013).
  31. 31,0 31,1 Фрум направи голем чекор во велосипедизмот“, „Cyclingnews.com“, Future plc]], 21 ноември 2008 (конс. 23 јули 2013).
  32. „Поредок 2008“. „Тур де Франс“. Иси ле Мулино: Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/2008/TDF/LIVE/us/2100/classement/index.html. конс. 12 јули 2012. 
  33. Канинг, Ендру. „Monday's British news round-up“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 20 октомври 2008 (конс. 24 јули 2013).
  34. Team Barloworld's Froome opens his account at the Giro del Capo“, „VeloNation“, 5 март 2009 (конс. 24 јули 2013).
  35. Резултат на Џиро д’Италија 2009“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 31 мај 2012 (конс. 17 август 2012).
  36. „RSA Anatomic Jock Race 2009“. „Cycling Archives“. de Wielersite. http://www.cyclingarchives.com/ritfiche.php?ritid=140833. конс. 24 јули 2013. 
  37. Странски ѕвезди потпишуваат за Тим Скај“, BBC Sport, 10 септември 2009 (конс. 10 септември 2009).
  38. Фаранд, Стивен (28 мај 2010). „Крис Фрум од Тим Скај исклучен од Џиро“. „Cyclingnews.com“. Future plc. http://www.cyclingnews.com/news/team-skys-chris-froome-expelled-from-giro. конс. 18 јули 2013. 
  39. Браун, Грегор. „Крис Фрум дисквалификуван од Џиро д’Италија“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 29 мај 2010 (конс. 24 јуни 2013).
  40. „Резултати на Тур ду Хаут Вар“. „BikeRaceInfo“. 21 февруари 2010. http://www.bikeraceinfo.com/stageraces/Haut-Var/2010-tour-du-haut-var.html. конс. 17 август 2012. 
  41. „Британски хронометарски првенства 2010“. British Cycling. 5 септември 2010. http://www.britishcycling.org.uk/road/article/roa20100903-2010-British-Time-Trial-Championships-0. конс. 17 август 2012. 
  42. „Милар го освоил златото на хронометарот во Делхи“. „Cycling News“. IPC Media Limited. 13 октомври 2010. http://www.cyclingnews.com/races/2010-commonwealth-games-jr/mens-time-trial/results. конс. 13 февруари 2013. 
  43. „Pro Cycling“. Тим Скај. http://www.teamsky.com/race-hub/0,27714,21502,00.html. конс. 4 јули 2012. 
  44. Фотерингем, Аласдер. „Вигинс: Фантастична завршница“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 29 август 2011 (конс. 29 август 2011).
  45. Лоу, Феликс. „Moncoutie on song as Wiggins takes red“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 31 август 2011 (конс. 4 јули 2012).
  46. Мекграт, Енди. „Вигинс го презел водството на Вуелта додека Монкутје победи етапа“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 31 август 2011 (конс. 24 март 2013).
  47. Меклири, Џон. „Bradley Wiggins tightens grip on overall lead after Rein Taaramae wins on mountain top“, Telegraph Media Group, 3 септември 2011.
  48. Тарнер, Џонатан. „Фрум и Вигинс втор и трет во генералниот пласман“, „Sky Sports“, BSkyB, 4 септември 2011 (конс. 24 март 2013).
  49. Крис Фрум победи на 17. етапа на Вуелта а Еспања“, BBC Sport, 7 септември 2011 (конс. 12 јули 2012).
  50. Бул, Ник. „Фрум и Вигинс завршија на подиум на Вуелта“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 11 септември 2011 (конс. 4 јули 2012).
  51. 51,0 51,1 Худ, Ендру. „Still living with bilharzia parasite, Froome says he has no drug exemptions“. „VeloNews“. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc.. http://velonews.competitor.com/2013/07/news/froome-confirms-no-tue-still-treated-for-bilharzia-parasite_295548. конс. 24 јули 2013. 
  52. 52,0 52,1 „Фрум се уште се бори со паразитската инфекција“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 април 2012 (конс. 28 јуни 2013).
  53. Дрисдел, Роусмари. „Chris Froome’s Parasite – What is Bilharzia Anyway?“. Decoded Science. http://www.decodedscience.com/chris-froomes-parasite-what-is-bilharzia-anyway/33544. конс. 24 јули 2013. 
  54. Крис Фрум го продолжил договорот со Тим Скај“, BBC Sport, 16 септември 2011 (конс. 24 март 2013).
  55. Гледстон, Хју. „Марк Кевендиш победи на Светското друмско првенство“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 25 септември 2011 (конс. 12 јули 2012).
  56. Тони Мартин победи на првото издание на Трката околу Пекинг“, 10 октомври 2011 (конс. 12 јули 2012).
  57. Бул, Ник. „Фрум борецот“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 31 мај 2012 (конс. 8 јуни 2012).
  58. Фрум удри пешак при тренинг во Италија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 13 март 2012 (конс. 8 јуни 2012).
  59. Вигинс крунисан во Романди“, „Тим Скај“, BSkyB, 4 мај 2012 (конс. 28 јуни 2013).
  60. Галагер, Брендан. „Тим Скај го потврди составот кој ќе ги поддржи Бредли Вигинс и Марк Кевендиш во потера по жолтата и зелената маичка“, Telegraph Media Group, 21 јуни 2012 (конс. 28 јуни 2013).
  61. „Пролог: Лиеж - Лиеж“. „Тур де Франс“. Иси ле Мулино, Франција: Amaury Sport Organisation. 30 јуни 2012. http://www.letour.com/le-tour/2012/us/prologue.html. конс. 28 јуни 2013. 
  62. Галагер, Брендан. „Петер Саган ја освои првата етапа во спринтерска завршница додека Фабијан Канчелара ја задржа жолтата маичка“, Telegraph Media Group, 1 јули 2012 (конс. 28 јуни 2013).
  63. Галагер, Брендан. „Петер Саган ја освои третата етапа додека Бредли Вигинс од Тим Скај го задржа второто место во генералниот пласман“, Telegraph Media Group, 3 јули 2012 (конс. 28 јуни 2013).
  64. Вестемајер, Сузан. „Фрум доведе до двоен успех а Скај на Ла Планш де Бел Фил“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 јули 2012 (конс. 8 јули 2012).
  65. Пино возел за слава во Порентру“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 јули 2012 (конс. 8 јули 2012).
  66. „Бредли Вигинс го зголеми водството за жолтата маичка“. „BBC Sport“. BBC. 9 јули 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/18773552. конс. 10 јули 2012. 
  67. Рајан, Бери. „Froome breaks from the script at La Toussuire“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 јули 2012 (конс. 12 јули 2012).
  68. Родригез, Џејсон. „Tour de France 2012: domestique bliss for Team Sky's Chris Froome“, „guardian.co.uk“, Guardian Media Group, 14 јули 2012 (конс. 16 јули 2012).
  69. Аткинс, Бен. „Тур де Франс: Алехандро Валверде сам се искачи за победа на Перагудс на етапата 17“, „VeloNation“, 19 јули 2012 (конс. 27 јули 2012).
  70. Галагер, Брендан. „Team Sky's Chris Froome looks to future after sacrificing victory for Bradley Wiggins“, Telegraph Media Group, 19 јули 2012 (конс. 27 јули 2012).
  71. „Bradley Wiggins on verge of first British win“. „BBC Sport“. BBC. 21 јули 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/18940711. конс. 17 август 2012. 
  72. „Бредли Вигинс победи на Тур де Франс 2012“. „BBC Sport“. BBC. 22 јули 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/18946960. конс. 17 август 2012. 
  73. Милар избран во екипата на Велика Британија за олимписката друмска трка“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 4 јули 2012 (конс. 27 јули 2012).
  74. „Men's road cyclists selected to Team GB for London 2012 Olympics“. „British Cycling“. 4 јули 2012. http://www.britishcycling.org.uk/gbcyclingteam/article/gbr20120704-gb-cyclingteam-news-Men-s-road-cyclists-selected-to-Team-GB-for-London-2012-Olympics-0. конс. 27 јули 2012. 
  75. Вин, Најџел. „Вигинс освои злато на хронометарот за мажи, бронза за Фрум“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 1 август 2012 (конс. 1 август 2012).
  76. Олимскиот медалист Крис Фрум го предводи Тим Скај на Вуелта“, BBC Sport, 16 август 2012 (конс. 17 август 2012).
  77. Бул, Ник. „Valverde victorious as Vuelta GC has first shakedown“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 20 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  78. Гледстон, Хју. „Родригез го презема водството откако Валверде падна“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 21 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  79. Галагер, Брендан. „Alberto Contador leapfrogs Chris Froome to close in on Joaquim Rodríguez“, Telegraph Media Group, 29 август 2012 (конс. 13 септември 2012).
  80. Мекграт, Енди. „Родригез победи на 12. етапа и го зголеми водството на Вуелта“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 30 август 2012 (конс. 13 септември 2012).
  81. Алберто Контадор ја освои својата втора титула на Вуелта а Еспања“, BBC Sport, 9 септември 2012 (конс. 13 септември 2012).
  82. Галагер, Брендан. „Крис Фрум освои етапа и ја задржа водечката црвена маичка“, Telegraph Media Group, 15 февруари2013 (конс. 15 февруари 2013).
  83. Вин, Најџел. „Крис Фрум ја освои Трката околу Оман“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 16 февруари 2013 (конс. 16 февруари 2013).
  84. Браун, Грегор. „Крис Фрум ја освои четвртата етапа на Тирено-Адријатико“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 9 март 2013 (конс. 12 март 2013).
  85. Крис Фрум од Тим Скај победен од Винченцо Нибали од Астана и завршил на второто место“, Telegraph Media Group, 12 март 2013 (конс. 12 март 2013).
  86. Вин, Најџел. „Крис Фрум ја освои последната етапа и генералниот пласман на Критериум Интернасионал“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 24 март 2013 (конс. 24 март 2013).
  87. Вин, Најџел. „Крис Фрум го освоил прологот на Тур де Романди“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 23 април 2013 (конс. 23 април 2013).
  88. Падикомб, Стивен. „Симон Шпилак победи на четвртата етапа на Тур де Романди додека Крис Фрум го зголеми водството“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 27 април 2013.
  89. Симон Шпилак ја освои етапата 4 на Тур де Романди 2013; Крис Фрум го одбрани генералниот пласман“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 27 април 2013.
  90. „Крис Фрум победи на Тур де Романди“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/538100/chris-froome-wins-tour-de-romandie.html. конс. 21 јули 2013. 
  91. Падикомб, Стивен. „Критериум ду Дофине 2013: Кој ќе победи?“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 31 мај 2013 (конс. 28 јуни 2013).
  92. Фаранд, Стивен. „Мартин ја продолжил победничката низа на хронометар во Дофине“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 5 јуни 2013 (конс. 6 јуни 2013).
  93. Девани, Џејсон. „Буше за малку не ја освои етапата на Дофине кај Валморел“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 6 јуни 2013 (конс. 6 јуни 2013).
  94. Крис Фрум води на Дофине додека Сами Санчез ја освои седмата етапа“, BBC Sport, 8 јуни 2013 (конс. 8 јуни 2013).
  95. Фотерингем, Вилијам. „Крис Фрум ја запечати победата на Критериум ду Дофине“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 9 јуни 2013 (конс. 9 јуни 2013).
  96. Крис Фрум победи на Критериум ду Дофине пред Тур де Франс“, BBC Sport, 9 јуни 2013 (конс. 9 јуни 2013).
  97. Вестбај, Мет. „Марсел Кител ја зема жолтата маичка додека хаосот на првата етапа го чинеше Марк Кевендиш“, Sky Sports, 30 јуни 2013 (конс. 16 јули 2013).
  98. Вестбај, Мет. „Крис Фрум ја освои осмата етапа и ја зема жолтата маичка во Пиринеите“, „Sky Sports“, BSkyB, 6 јули 2013 (конс. 16 јули 2013).
  99. Крис Фрум во жолто по етапната победа“, BBC Sport, 6 јули 2013 (конс. 16 јули 2013).
  100. Браун, Грегор. „Даниел Мартин ја освои деветтата етапа на Тур де Франс, додека Крис Фрум се бореше да го зачува водството“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 7 јули 2013 (конс. 16 јули 2013).
  101. Фотерингем, Вилијам. „Крис Фрум го зголеми водството пред другите ривали за жолтата маичка на Тур де Франс 2013“, „guardian.co.uk“, Guardian Media Group, 10 јули 2013 (конс. 16 јули 2013).
  102. How Froome was outmanoeuvred“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 12 јули 2013 (конс. 16 јули 2013).
  103. Крис Фрум ја освои етапата 15 зголемувајќи го водството“, BBC Sport, 14 јули 2013 (конс. 16 јули 2013).
  104. „Крис Фрум ја одбрани жолтата маичка на Мон Венту“. „VeloNews“. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc.. 14 јули 2013. http://velonews.competitor.com/2013/07/news/chris-froome-defends-yellow-from-the-front-on-mont-ventoux_295053. конс. 16 јули 2013. 
  105. Крис Фрум победил на хронометарот и го зголемил водството на Тур де Франс“, BBC Sport, 17 јули 2013 (конс. 17 јули 2013).
  106. Фотерингем, Вилијам. „Chris Froome on verge of Tour de France glory after penultimate stage“, Guardian Media Group, 20 јули 2013 (конс. 20 јули 2013).
  107. 107,0 107,1 107,2 Тур де Франс: Крис Фрум го освои 100. издание на трката“, BBC News, 21 јули 2013 (конс. 21 јули 2013).
  108. Вин, Најџел. „Крис Фрум прв на последното рангирање во Светската турнеја“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 23 јули 2013 (конс. 24 јули 2013).
  109. Крис Фрум: Предводникот на Тур де Франс „тажен“ за прашањата за допинг“, BBC Sport, 15 јули 2013 (конс. 21 јули 2013).
  110. Tour de France: Chris Froome's data offered to Wada by Brailsford“, BBC Sport, 18 јули 2013 (конс. 21 јули 2013).
  111. 111,0 111,1 Вин, Најџел. „Крис Фрум ја освои наградата Златен велосипед во 2013“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 30 октомври 2013 (конс. 30 октомври 2013).
  112. Падокомб, Стивен. „Крис Фрум победи на Трката околу Оман 2014“, „Cycling Weekly“, 23 февруари 2014.
  113. Фаранд, Стивен. „Фрум преовладал на завршниот хронометар“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 4 мај 2014 (конс. 4 мај 2014).
  114. „Крис Фрум го напушта Тур де Франс откако бранителот на титулата и лидер на Скај паднал три пати во два дена“. „Daily Mail“. 9 јули 2014. http://www.dailymail.co.uk/sport/othersports/article-2686030/Chris-Froome-OUT-Tour-France-Team-Sky-leader-falls-second-day-row-stage-five.html. конс. 10 јули 2014. 
  115. Даниел Бенсон. „Вуелта а Еспања: Кинтана го изгуби водството на трката на хронометарот“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 септември 2014 (конс. 13 септември 2014).
  116. {Најџел Вин. „Алберто Контадор го освоил последниот планински тест на Вуелта а Еспања“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 13 септември 2014 (конс. 13 септември 2014).
  117. Контадор ја запечати победата на Вуелта а Еспања 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 септември 2014 (конс. 14 септември 2014).
  118. Беван, Крис. „Chris Froome's fiancee on life with the Tour de France leader“, BBC Sport, 20 јули 2013 (конс. 23 јули 2013).
  119. Вајт, Џим. „How Chris Froome's feisty fiancee is the power behind his throne“, Telegraph Media Group, 23 јули 2013 (конс. 23 јули 2013).
  120. Списание Вело — декември 2013“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 ноември 2013 (конс. 20 ноември 2013).
  121. Емил Акселгард. „Ван Авермет и Фрум ја освоиле наградата „Фландриец на годината““, „cyclingquotes“, CyclingQuotes.com 2013, 18 октомври 2013 (конс. 13 септември 2014).

Библиографија[уреди]

Надворешни врски[уреди]