Џовани Висконти (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џовани Висконти

Висконти на Лиеж-Бастон-Лиеж 2008.
Лични податоци
Цело име Џовани Висконти
Роден 13 јануари 1983 (1983-01-13) (31 г.)
Торино, Италија
Висина 1,76 м
Маса 60 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Панчер
Професионални клубови
2004
2005
2006
2007–2008
2009–2011
2012–
Де Нарди
Домина Ваканце
Тим Милрам
Квик Степ-Инерџетик
ИСД
Мувистар Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2013)

Етапни трки

Трка околу Турција (2010)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2007, 2010, 2011)
ГП де Фурмие (2008)

Други

Европска турнеја UCI (2009, 2010, 2011)
Последна промена
3 август 2014

Џовани Висконти (италијански: Giovanni Visconti; р. 13 јануари 1983 во Торино) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[1]

Професионална кариера[уреди]

Висконти го освоил Националното друмско првенство на 1 јули 2007, победувајќу го Паоло Босони (Лампре-Фондитал) и Давиде Ребелин (Геролштајнер) на крајот во спринт. На 12 километри пред целта, Ребелин го направил неговиот напад. Висконти, Босони и Кристијан Муро (Тенакс-Меникини) се приклучиле кон него. Четворицата успеале да се одржат пред групата до последните метри.

Јас сум над месечината,“ изјавил Висконти, „мислев за оваа трка веќе долго време. Тимската работа беше совршена и Бетини ми помогна многу да останам мирен и да се насочен за крајот. Ова е најдобриот момент во мојата кариера. Победив кога бев млад, но ништо не се споредува со овој прекрасен ден!“ Тоа било втора победа за него по таа на Копа Сабатини 2006.

Во 2010, Висконти победил во генералниот пласман на Трката околу Турција откако освоил две етапи на трката. Се искачил на подиумот со Тиџеј ван Гардерен од Тим ХТЦ-Колумбија и Давид Монкутје од Кофидис. Возејќи за самиот себе за ИСД-НЕРИ, изјавил по победата: „Погледнете на екипите кои ги победивме: ХТЦ-Колумбија и Кофидис, не е лошо за екипа како нашата, нели?“[2]

Во април 2012, возејќи за Мувистар Тим, Висконти ја освоил својата прва победа во сезоната на Класика Примавера, во спринт победувајќи го неговиот колега Алехандро Валверде и возачот на Еускалтел-Еускади Игор Антон. Четворица возачи на Мувистар Тим завршиле на првите пет места.[3] Во мај, Висконти морал да се повлече од Џиро д’Италија во текот на 15. етапа поради неправилно дишење. Му било соопштено дека тоа биле симптоми на напад на паника.[4] Се вратил со возење и постигнал победа на Сиркуто де Гечо, каде неговите вештини се покажеле на последното искачување, каде го поминал Данило ди Лука.[5] Возел на Трката околу Бургос и завршил седми благодарение на постојаните пласмани, особено на кралската етапа, каде завршил осми.[6] Во декември, била објавено од италијанскиот олимписки комитет, дека Висконти бил суспендиран на три месеци и морал да плати 10.000 евра казна откако работел со докторот Микеле Ферари, кој бил доживотно казнет за допинг. Висконти негирал дека Ферари некогаш го снабдувал со допинг производи. Суспензијата започнала ретроактивно на 10 октомври.[7]

Достигнувања[уреди]

2003
1. MaillotItalia.svg Национален друмски првак под 23 години
1. ГП Инда-Трофео Арас Фратини
1. Трофео Џ. Бјанкин
1. ГП Крањ
2004
1. ГП Крањ
Џиро деле Региони
1. Етапа 2
1. Етапа 4б
1. Тур дес Фландрес Еспоарс
2. Ментон-Савона
2005
3. Фиренца-Пистоја
2006
1. Копа Сабатини
2. Трофео Мелинда
2. ГП Индустрија & Комерсио ди Прато
2007
1. MaillotItalia.svg Национален друмски првак
1. Етапа 2a Трка Бриксија
1. Копа Сабатини
3. Фиренца-Пистоја
2008
1. Етапа 3 Вуелта а Андалусија
1. ГП де Фурмие
2. ГП де Валони
2. Меморијал Чимури
2. Јапонски куп
4. Џиро ди Ломбардија
2009
1. Европска турнеја UCI
1. Етапа 2 Трка околу Словенија
1. Копа Агостини
1. Трофео Мелинда
1. Гран Премио Индустрија е Комерсио ди Прато
2. Гран Премио Бруно Бегели
2. Копа Сабатини
2. Меморијал Марко Пантани
3. Гран Премио Индустрија е Комерсио Артиџанато Карнагезе
5. Краен пласман Сетимана интернационален ди Копи е Бартали
1. Етапа 1b (ТТТ)
2010
1. Европска турнеја UCI
1. MaillotItalia.svg Национален друмски првак
1. MaillotCyan.PNG Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
1. Класика Сарда Олбија-Пантоџа
2. Краен пласман Трка околу Словенија
2. Гран Премио Чита ди Камаиоре
3. Трофео Мелинда
3. Џиро дела Ромања
2011
1. Европска турнеја UCI
1. MaillotItalia.svg Национален друмски првак
1. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано
1. Гран Премио Индустрија е Комерсио Артиџанато Карнагезе
1. Етапа 4 Сетимана Сиклистика Ломбарда
2. Краен пласман Џиро ди Паданија
2. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2. ГП Кантон Аргау
3. ГП ди Лугано
3. Краен пласман Трка околу Оман
3. Гран Премио Бруно Бегели
3. Копа Берноки
4. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 5
1. Бодовен пласман
2012
1. Класика Примавера
1. Сиркуто де Гечо
3. Меморијал Марко Пантани
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
2013
Џиро д’Италија
1. Етапа 15
1. Етапа 17
7. Рома Максима
9. Гран Премио Нобили Рубинетери
2014
9. Класика де Сан Себастијан

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 77 42 76 49 СО 35
Jersey yellow.svg Тур 37
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. „Мувистар Тим (MOV) - ШПА“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(juhnxycdwbv5tbcixhvnfyby))/Teams/detail/en/ROA/3002. конс. 3 јануари 2014. 
  2. Жан-Франсоа Кене. „Грајпел ја освоил последната етапа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 април 2010 (конс. 28 август 2012).
  3. Џовани Висконти од Мувистар победил на Класика Примавера во Шпанија“, „Euro Sport“, Eurosport.com, 9 април 2012 (конс. 14 декември 2012).
  4. Сајмон Мекмајкл. „Џиро д’Италија Етапа 15: Самиот бегалец Работини до победа, Шпанецот Родригез го презема водството“, „Road.cc“, Farrelly Atkinson Ltd, 20 мај 2012 (конс. 27 август 2012).
  5. Аластер Хамилтон. „Висконти победи на Сиркуто де Гечо“, „Euro Trash“, 2 август 2012 (конс. 14 декември 2012).
  6. Питер Химас. „Морено победи на Вуелта а Бургос 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 август 2012 (конс. 14 декември 2012).
  7. Шејн Стоукс. „Visconti handed three month ban and €11,000 penalty for working with Ferrari“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 14 декември 2012 (конс. 14 декември 2012).

Надворешни врски[уреди]