Планински пласман на Џиро д’Италија
| Детали за наградата | |
|---|---|
| Спорт | Друмски велосипедизам |
| Натпреварување | Џиро д’Италија |
| Доделена за | Најдобар искачувач на планинските етапи |
| Историја | |
| Прва награда | 1933 |
| Изданија | 73 |
| Прв победник | |
| Најмногу победи | |
| Најнов победник | |
Планинскиот пласман на Џиро д’Италија е второстепен пласман. Во овој пласман, бодовите им се доделуваат на водечките возачи преку одредени искачувања. Повеќето искачувања се подредени во едно од трите нивоа на тежина и нивната позиција на етапата. Бонуси се добиваат на планинските завршници на етапите и на првите возачи преку Чима Копи, традиционално сметано за највисока точка на целиот Џиро. Чима Копи бил воспоставен во 1965 во чест на италијанскиот велосипедски првак Фаусто Копи.
Пласманот бил првпат сметан во 1933; од 1974 до 2011, лидерот на планинскиот пласман а Џиро д’Италија ја носи maglia verde (од италијански: „зелена маичка“). Во 2012, како дел од договорот за спонзорство, бојата на маичката била променета во сина (maglia azzurra).
Победници[уреди]
- задебелено - означува возачи, кој го освоил и генералниот пласман.
- косо - означува возач, кој го освоил и бодовниот пласман.
- косо и задебелено - означува возач, кој ги освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман.
Поделба на бодовите[уреди]
Бодовите, кои ги добиваат првите возачи, кои доаѓаат на врвот на искачувањето се делат според следниот редослед:
| GPM4 | GPM3 | GPM2 | GPM1 | |
|---|---|---|---|---|
| 1. возач | 3 | 5 | 9 | 15 |
| 2. возач | 2 | 3 | 5 | 9 |
| 3. возач | 1 | 2 | 3 | 5 |
| 4. возач | 1 | 2 | 3 | |
| 5. возач | 1 | 2 | ||
| 6. возач | 1 |
Организаторите на трката одредуваат, кои искачувања и врвови ќе бидат вклучени за планинскиот пласман и во која категорија ќе бидат.
Наводи[уреди]
- ↑ „91. издание на Џиро д’Италија“. Autobus.cyclingnews.com. 1 јуни 2008. http://autobus.cyclingnews.com/road/2008/giro08/?id=history. проверено на 19 јули 2012.
|
|||||||||||