Гран при Квебек 2012

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гран при Квебек 2012
Светска турнеја UCI 2012, трка 25 од 28
Детали за трката
Датум 7 септември 2012
Должина 201,6 km (125.3 mi)
Време 4ч 53' 04" (25,47 mph/40.99 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Сајмон Геранс (Австралија) (Орика-ГринЕЏ)
Втор  Грег ван Авермет (Белгија) (БМЦ Рејсинг Тим)
Трет  Руј Кошта (Португалија) (Мувистар Тим)
2011
2013

Гран при Квебек 2012 било третото издание на Гран при Квебек, еднодневна професионална велосипедска друмска трка. Била одржана на 7 септември 2012, на растојание од 201,6 километри, започнувајќи и завршувајќи во Квебек Сити, Квебек, Канада. Била 25. трка во сезоната на Светската турнеја. Трката е една од двете трки кои се дел од календарот на Светската турнеја во Северна Америка, другата е Гран при Монтреал, која се одржала по два дена.

Во спринтерската завршница,[1] австралискиот национален првак Сајмон Геранс од екипата Орика-ГринЕЏ ја освоил трката,[2] откако го следел нападот на возачот на БМЦ Рејсинг Тим Грег ван Авермет во последните метри на трката, додека обајцата работеле заедно за да се одвојат од групата и Геранс да победи на завршницата на нагорнина на Grande-Allée. Ван Авермет бил втор,[3] додека групата била предводена од победникот на Гран при Монтреал 2011 Руј Кошта (Мувистар Тим), задоцнувајќи четири секунди.[4]

Тек[уреди]

Шато Фронтенак е официјален хотел на трката, во кој се сместени возачите и помошниот персонал во периодот 4-8 септември.[5]

Трката се состои од 16 кругови на патека во должина од 12,6 километри, потполно иста патека како на изданието во 2011. Патеката била добро поставена за специјалисти за искачување, бидејќи самата завршница била поставена на нагорнина, сместена на улицата Grande-Allée, во срцето на стариот Квебек и патеката вклучувала неколку стрмни искачувања. Последното било на широка и права линија со постојан наклон од 4%. Вкупната должина на искачувањата била 2.976 метри. Поголеми потешкотии биле:

  • Деветти километар: Кот де ла Монтањ: 375 метри со просечен наклон од 10% и делница од 165 метри со 13%
  • Десетти километар: Кот де ла Потас: 420 метри со просечен наклон од 9%
  • Единаесетти километар: Кот де ла Фабрик: 190 метри со просечен наклон од 7%
  • Единаесетти километар: Завршно искачување: 1.000 метри со просечен наклон од 4%

Екипи[уреди]

Бидејќи Гран при Квебек бил настан од Светска турнеја, сите 18 UCI ProTeam екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Исто така биле доделени три специјални покани на професионалните континентални екипи: две француски екипи (Кофидис и Тим Јуропкар) и една канадска (Спајдер Тех-Ц10).[6] Канадската национална екипа исто така ќе настапи на трката и со тоа се создала главната група од 22 екипи.

Екипите кои настапиле на трката биле:[7]

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време Светска турнеја UCI
Бодови
1  Сајмон Геранс (АВС) Орика-ГринЕЏ 4ч 53' 04" 80
2  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в. 60
3  Руј Кошта (ПОР) Мувистар Тим + 4" 50
4  Лука Паолини (ИТА) Тим Катјуша + 4" 40
5  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Рабобанк + 4" 30
6  Диего Улиси (ИТА) Лампре-ИСД + 4" 22
7  Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар + 4"
8  Фабијан Вегман (ГЕР) Гармин-Шарп + 4" 10
9  Гералд Чолек (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ + 4" 6
10  Франсоа Парисјен (КАН) СпајдерТек-Ц10 + 4"

Наводи[уреди]

  1. Аткинс, Бен. „Сајмон Геранс ја однел спринтерската победа по бегство на ГП Квебек“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  2. Gerrans stakes his claim in Quebec“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  3. Геранс победил на ГП Квебек 2012 со доцен напад“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  4. Геранс победи на ГП Квебек“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  5. „Official hotel“. „Grand Prix Cyclistes“. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal, 2010-2011. http://gpcqm.ca/en/gp-quebec-en/official-hotel-qc/. конс. 7 септември 2012. 
  6. „Список на екипи на Гран при Квебек“. „Grand Prix Cyclistes“. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal. http://gpcqm.ca/en/gp-quebec-en/race-qc/. конс. 15 август 2012. 
  7. „Стартна листа на Гран при Квебек 2012“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/races/grand-prix-cycliste-de-quebec-2012/start-list. конс. 8 септември 2012. 

Надворешни врски[уреди]