Сајмон Геранс
Геранс на Критериум ду Дофине 2011 |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Цело име | Сајмон Геранс | ||
| Роден | 16 мај 1980 Мелбурн, Австралија |
||
| Висина | 1,70 м[1] | ||
| Маса | 64 кг[1] | ||
| Податоци за клубот | |||
| Мом. клуб | Орика-ГринЕЏ | ||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||
| Улога | Возач | ||
| Вид на возач | Панчер | ||
| Аматерски клубови | |||
| 2003 2003–2004 2004–2005 |
Тим Рингерике СК Карвалхелхос-Боависта (тренинг) Аг2р Превојанс (стажант) |
||
| Професионални клубови | |||
| 2005–2007 2008 2009 2010–2011 2012– |
Аг2р Превојанс Кредит Агрикол Сервело ТестТим Тим Скај ГринЕЏ |
||
| Значајни победи | |||
|
|||
| Последна промена 22 април 2013 |
|||
Сајмон Геранс (роден на 16 мај 1980) е австралиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за австралиската UCI World Tour екипата, Орика-ГринЕЏ.[2] Геранс е австралиски национален друмски првак за 2012, освојувајќи ја титулата на 8 јануари 2012.[3] Негови најголеми триумфи се двете победи на домашната трка Тур Даун Андер и еднодневните трки како што се ГП Уест-Франција 2009, Милано-Сан Ремо 2012 и Гран при Квебек 2012.
Содржина |
Биографија [уреди]
Геранс е роден во Мелбурн, Викторија и пораснал во Мансфилд (Викторија).
Тој започнал со велосипедизам откако го повредил коленото и зборувајќи со неговиот сосед, поранешниот носител на жолтата маичка Фил Андерсон, кому му се припишува воведувањето на Сајмон во овој спорт.[4] Геранс бил стипендист на Австралискиот институт за спорт.[5]
Во 2002, завршил петти во сениорското Австралиско национално друмско првенство и ја освоил титулата за под 23 години. Започнал да вози како тренинг за тимот Карвалхелхос-Боависта, основан во Португалија од 1 септември 2005 и потоа како тренинг за тимот Аг2р Превојанс од 1 септември 2004. Станал професионален возач во 2005, возејќи со АГ2Р Превојанс и учествувајќи на неговиот прв Тур де Франс во истата година.
Геранс бил подложен на операција во болница во Ница, откака доживеал тежок пад на ГП д'Увертур ла Марселеза во февруари 2006. Игла била вметната во неговата разнишана лева клучна коска и еден штраф во неговото скршено десно рамо и неколку конци на неговата глава.[6] Се вратил на тренинг по три недели подоцна и заминал да ја претставува Австралија на Игрите на Комонвелтот во 2006 во Мелбурн.[7]
Во 2008, Геранс возел за тимот на Кредит Агрикол. Ја освоил етапата 15 на Тур де Франс, висока точка на неговата кариера дотогаш, откако се нашол во групата напред скоро цел ден. Иако, нападите биле постојани од другите силни искачувачи во бегството, во која четвртиот возач отпаднал од групата, тој всушност спринтал на крајот за последните неколку метри, без одговор од другите двајца останати натпреварувачи.[8]
По затворањето на тимот Кредит Агрикол Геранс потпишал со професионалниот континентален тим Сервело ТестТим за сезоната во 2009.[9] И покрај неговиот успех во претходната година, тој не бил вклучен во екипата за Тур де Франс 2009.[10]
На етапата 14 на Џиро д’Италиа 2009 Геранс ги нападнал неговите совозачи од групата на краткото стрмно искачување Сан Лука, близу Болоња, за да победи на етапа – прва Гранд Тур етапна победа за Сервело ТестТим.[11] По освојувањето на 10-та етапа на Вуелта а Еспања 2009 Геранс станал првиот Австралиец, кој освоил етапа на сите три главни трки.[12]
Тој потпишал со Тим Скај за сезоната 2010[13] и станал дел од изборот на тимот за Тур де Франс 2010. Геранс бил вмешан во голема несреќа на етапата 8 на трката, што предизвикало скршена рака и негово откажување од трката.[14]
Во 2011, Геранс бил трет на Амстел Голд Рејс.[15] Во август ја освоил и трката околу Данска.[16] Кратко по победата, било објавено дека Геранс ќе се придружи на ГринЕЏ за почетната сезона на тимот во 2012.[2]
Во јануари 2012, Геранс станал национален друмски првак по првпат, поминувајќи го возачот на Лампре-ИСД Метју Лојд и возачот на Тим Скај Ричи Порт за победа.[3] Подоцна во месецот го освоил и Тур Даун Андер по вторпат. Победата ја обезбедил на петтата етапа, кога второто место на етапата му овозможило да ја преземе водечката маичка од Валверде, кој ја освоил етапата. Обајцата возачи имале исто време, но поради подобрите етапни завршници, Геранс го презел водството и не го загубил до крајот.[17][18] На 17 март 2012, Геранс го освоил Милано-Сан Ремо во спринтерската завршница, победувајќи ги возачите на РадиоШек-Нисан Фабијан Канчелара и на Ликвигас-Канондале Винченцо Нибали на линијата во Сан Ремо.[19] Подоцна во сезоната, Геранс го освоил второто место на Класика де Сан Себастијан, преовладувајќи во групата зад водечкиот напред Луис Леон Санчез (Рабобанк), кој ја поминал целта седум секунди пред него.[20] Во септември, Геранс остварил трета победа на трка од Светската турнеја, откако бил успешен на Гран при Квебек. Тој тргнал во напад со возачот на БМЦ Рејсинг Тим Грег ван Авермет на 3,5 километри пред целта. Двоецот се одвоил од групата пред последните потешкотии на трката. Потоа, Геранс го отспринтал Белгиецот на целта, додека останатите во групата пристигнале четири секунди подоцна.[21]
Достигнувања [уреди]
- 2002
- 1.
Национален друмски првак за под 23 години
- 1.
Краен пласман Трка околу Тасманија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 2 ГП Тел
- 2003
- 1. Класик Мелбурн-Варнамбул
- 1. Етапа 3 Трка околу Тасманија
- 2004
- 1. Етапа 9 Хералд Сан Тур
- 2005
- 1.
Краен пласман Хералд Сан Тур
- 1. Етапа 3
- 1. ГП Артиџанато Карнагезе
- 1. Тур ду Финистер
- 2006
- 1.
Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 1
- 1.
Краен пласман Хералд Сан Тур - 2007
- 1. ГП де Плумелек-Морбихан
- 2. Краен пласман Серија Заливски класик
- 1. Етапа 5
- 1. Бодовен пласман
- 2008
- 1. Етапа 15 Тур де Франс
- 1. Етапа 2 Критериум Интернационал
- 1. Етапа 1 Рут ду Суд
- 2009
- 1. ГП Уест-Франција
- 1. Етапа 14 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 10 Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1 Серија Заливски класик
- 3. ГП ди Лугано
- 6. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 7. Амстел Голд Рејс
- 8. Флеш Валон
- 10. Светско друмско првенство
- 2011
- 1.
Краен пласман Трка околу Данска - 2. ГП Уест-Франција
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Амстел Голд Рејс
- 5. Копа Сабатини
- 10. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2012
- 1.
Национален друмски првак[3]
- 1.
Краен пласман Тур Даун Андер[18] - 1. Милан-Сан Ремо[19]
- 1. Гран при Квебек
- 2. Класика де Сан Себастијан
- 4. Гран при Монтреал
- 2013
- 1. Етапа 5 Тур Даун Андер
- 1. Етапа 6 Волта а Каталуња
- 1. Етапа 1 Трка околу Баскија
- 3. Амстел Голд Рејс
- 10. Лиеж-Бастон-Лиеж
Резултати од класиците [уреди]
Оваа табела ги прикажува резултатите на Сајмон Геранс во петте велосипедски монументи.
| Година | Милано-Сан Ремо | Трка околу Фландрија | Париз-Рубе | Лиеж-Бастон-Лиеж | Џиро ди Ломбардија |
|---|---|---|---|---|---|
| 2005 | 92. | НЗ | |||
| 2006 | |||||
| 2007 | НЗ | ||||
| 2008 | 147. | 54. | |||
| 2009 | 6. | НЗ | |||
| 2010 | 12. | ||||
| 2011 | 12. | ||||
| 2012 | Победник | 19. | НЗ | ||
| 2013 | 68. | 10. |
НЗ = не завршил
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 „Сајмон Геранс“. Velo News. http://tour-de-france.velonews.com/bio/detail/70785/.
- ↑ 2,0 2,1 Хиндс, Алекс. „GreenEdge го додаде Геранс за сезоната во 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 август 2011 (проверено на 1 јануари 2012).
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Геранс ја освои австралиската велосипедска титула“, „Sky News Australia“, Australian News Channel Pty Ltd., 8 јануари 2012 (проверено на 8 јануари 2012).
- ↑ „Сајмон Геранс му се заблагодарува на Фил Андерсон за воведување во велосипедизмот“. VeloNews.com. 20 јули 2008. http://velonews.competitor.com/2008/07/road/simon-gerrans-thanks-phil-anderson-for-getting-him-into-the-sport-of-cycling_80484. проверено на 29 мај 2010.
- ↑ AIS Атлети на Олимпијада
- ↑ „Геранс во болница по тежок пад во Франција“. Cycling Tasmania. 1 февруари 2006. http://www.tas.cycling.org.au/default.asp?id=9099. проверено на 1 јули 2010.
- ↑ „Биографија: Сајмон Геранс“. Мелбурн Игри на Комонвелтот 2006. http://melbourne2006.com.au/Participants/Participants?ID=110346.
- ↑ Моника прел (21 јули 2008). „Последни велосипедски вести: Мартинез пропушти можност“. cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2008/jul08/jul21news2.
- ↑ http://www.cervelo.com/riders.aspx#15
- ↑ Јонкер, Патрик. „Австралиското возење повторно ќе недостасува“, The Age, 4 јули 2009 (проверено на 8 јули 2010).
- ↑ http://autobus.cyclingnews.com/road/2009//giro09/?id=results/giro0914
- ↑ „Победата на Геранс на Вуелта го стави во елитна група“, „The Sydney Morning Herald“, 10 септември 2009.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/sky-announces-ten-more-riders
- ↑ „News | Simon Gerrans | Official Website Professional Cyclist | Page 152“. Сајмон Геранс. http://www.simongerrans.com/news/152/. проверено на 17 март 2012.
- ↑ Меклери, Џон. „Амстел Голд Рејс 2011: Филип Жилбер станал првиот Белгиец кој освоил последователна титула во Холандија“, „The Daily Telegraph“, 17 април 2011.
- ↑ http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/529627/gerrans-gallops-home-triumphant-in-denmark.html
- ↑ Когој, Питер. „Valverde-Gerrans duel on the hill sets up Tour finale“, „The Australian“, News Limited, 21 јануари 2012 (проверено на 30 декември 2012).
- ↑ 18,0 18,1 Хиндс, Алекс. „Геранс победи на Тур Даун Андер во Аделејд“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 јануари 2012 (проверено на 23 јануари 2012).
- ↑ 19,0 19,1 Вестемајер, Сузан. „Геранс победи на Милано-Сан Ремо“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 март 2012 (проверено на 17 март 2012).
- ↑ Даниел Бенсон. „Луис Леон Санчез ја освоил втората победа во Сан Себастијан во својата кариера“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 14 август 2012 (проверено на 8 септември 2012).
- ↑ Аткинс, Бен. „Сајмон Геранс однел спринтерска победа по бегството на ГП Квебек“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 7 септември 2012 (проверено на 8 септември 2012).
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Сајмон Геранс“ |
- Профил на Сајмон Геранс на Cycling Archives
|
|||||
- Родени на 16 мај 1980
- Родени во мај 1980
- Родени во 1980 година
- Живи луѓе
- Австралиски велосипедисти
- Австралиски етапни победници на Тур де Франс
- Австралиски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Спортисти од Мелбурн
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Австралија
- Австралиски етапни победници на Џиро д’Италија