Гран при Квебек 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гран при Квебек 2011
Светска турнеја на UCI 2011, трка 24 од 27
Детали за трката
Датум(и) 9 септември
Етапи {{{stages}}}
Растојание 201,6 км
Време 5ч 03' 08" (24,8 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Филип Жилбер (Белгија) (Омега Парма-Лото)
Втор  Роберт Гесинк (Холандија) (Рабобанк)
Трет  Ригоберто Уран (Колумбија) (Тим Скај)
2010
2012

Гран при Квебек 2011 било второ издание на Гран при Квебек, еднодневна професионална велосипедска друмска трка. Била одржана на 9 септември 2011, на растојание од 201,6 километри, почнувајќи и завршувајќи во Квебек Сити, Квебек, Канада. Била 24. трка од сезоната 2011 на Светската турнеја.

Возачот на Омега Парма-Лото Филип Жилбер ја постигнал 17. победа во сезоната, по организирањето на неколку напади во трката. Жилбер се движел добро во текот на целата трка, но подоцна побегнал со група од други девет возачи, пред да го направи неговиот последен потег на Кот де ла Потас[1] и единствено Роберт Гесинк од Рабобанк – кој завршил трет на трката во 2010 - останал во допир со Жилбер до крајот. Возачот на Тим Скај Ригоберто Уран го заокружил подиумот, девет секунди подоцна од Жилбер и Гесинк.

Победата на Жилбер, исто така, значела дека има шанси да ја завршел сезоната на Светската турнеја, како број еден рангиран возач пред многуте блиску соперници, вклучувајќи го и најблискиот предизвикувач Кедел Еванс од Верандас Вилемс-Аксент, кој избрал да ја заврши неговата сезона порано и да не се бори за бодови во преостанатите три настани од Светската турнеја на календарот.[2]

Тек[уреди | уреди извор]

Трката се состоела од 16 кругови од по 12,6 километри во должина, зголемена за еден круг од трката во 2010. Кругот бил добро прилагоден за специјалистите за искачување и за оние кои сакаат стрмнини. Крајот бил на тешка нагорнина, која се наоѓала на Гран-Але, во срцето на Стариот Квебек.[3]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи трката била влезена во календарот на светската турнеја, сите осумнаесет ProTour тимови биле поканети автоматски. Четири дополнителни покани биле дадени на други екипи – Кофидис, ФДЖ, СпајдерТек-Ц10 и Тим Јуропкар – да ја оформат групата на трката од 22 екипи.[4]

Екипите кои учествувале на трката биле:

Резултати[уреди | уреди извор]

[5]

Место Велосипедист Тим Време Светска турнеја на UCI
бодови[6]
1  Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото 5ч 03' 08" 80
2  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк и.в. 60
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 9" 50
4  Фабијан Вегман (ГЕР) Леопард Трек + 14" 40
5  Леви Лајпхајмер (САД) Тим РадиоШек + 15" 30
6  Бјерн Лекеманс (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 23" 22
7  Симоне Понци (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 23" 14
8  Марко Маркато (ИТА) Вакансолел-ДКМ + 25" 10
9  Гералд Чолек (ГЕР) Квик Степ + 30" 6
10  Сајмон Кларк (АВС) Астана + 47" 2

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тарнер, Џонатан (9 септември 2011). „И Канада за Жилбер“. Sky Sports. BSkyB. Посетено на 9 септември 2011.
  2. Хименес, Тони (9 септември 2011). „Жилбер победи во Квебек и може да ја заврши сезоната како број 1“. Ројтерс. Thomson Reuters. Посетено на 9 септември 2011.
  3. „Движење“ (PDF). Гран при Квебек. Гран при Квебек-Монтреал. Посетено на 9 септември 2011.
  4. „18 ProTeams ќе учествуваат на Квебек-Монтреал трките“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 март 2011. Посетено на 9 септември 2011.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Results.
  6. „Бодовна скала – UCI Светска турнеја“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-07-12. Посетено на 29 август 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]