Тур Даун Андер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Тур Даун Андер
TourDownUnder2004.jpg
Групата на Тур Даун Андер во Виктор Харбор, јануари 2004.
Детали за трката
Датум Јануари
Регион Јужна Австралија
Англиско име Tour Down Under
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Етапна трка
Директор на трката Мајкл Тартар
Историја
Прво издание 1999 (1999)
Изданија 15 (до 2013)
Прв победник  Стјуарт О’Грејди (АВС)
Најмногу победи  Стјуарт О’Грејди (АВС)
 Андре Грајпел (ГЕР)
 Сајмон Геранс (АВС) (по 2 победи)
Неодамнешен победник  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ)

Тур Даун Андер е велосипедска трка во Аделејд, Јужна Австралија и околината. Трката започнува во третиот вторник во јануари секоја година и привлекува возачи од цела Австралија и светот. Во 2005, Тур Даун Андер била категоризирана од Меѓународниот велосипедистички сојуз со меѓународен рејтинг 2.HC, најголемиот и највисокиот рејтинг надвор од Европа. Во 2008, Тур Даун Андер станала првиот UCI ProTour настан надвор од Европа и следната година станала почетен настан на календарот на Светскиот ранкинг.

Содржина

Историја [уреди]

Список на крајни победници [уреди]

Возач Тим
1999 Австралија О’Грејди, СтјуартСтјуарт О’Грејди (АВС) Кредит Агрикол
2000 Франција Мањан, ЖилЖил Мањан (ФРА) Аг2р Превојанс
2001 Австралија О’Грејди, СтјуартСтјуарт О’Грејди (АВС) Кредит Агрикол
2002 Австралија Роџерс, МајклМајкл Роџерс (АВС) Австралиски институт за спорт
2003 Шпанија Астарлоза, МикелМикел Астарлоза (ШПА) Аг2р Превојанс
2004 Австралија Јонкер, ПатрикПатрик Јонкер (АВС) UniSA
2005 Шпанија Санчез, Луис ЛеонЛуис Леон Санчез (ESP) ONCE
2006 Австралија Геранс, СајмонСајмон Геранс (АВС) Аг2р Превојанс
2007 Швајцарија Елмигер, МартинМартин Елмигер (ШВА) Аг2р Превојанс
2008 Германија Грајпел, АндреАндре Грајпел (ГЕР) Тим Хај Роад
2009 Австралија Дејвис, АланАлан Дејвис (АВС) Квик Степ
2010 Германија Грајпел, АндреАндре Грајпел (ГЕР) Тим ХТЦ-Колумбија
2011 Австралија Мајер, КамеронКамерон Мајер (АВС) Гармин-Сервело
2012 Австралија Геранс, СајмонСајмон Геранс (АВС) ГринЕЏ
2013 Холандија Слагтер, Том-ЈелтеТом-Јелте Слагтер (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг

Директори на трката [уреди]

Движење [уреди]

Генерално, трката се одржува со етапи во близината на Аделејд, кои се разликуваат од рамни до умерено високи. Тука нема големи планини, давајќи им малку можностѕи на специјалистите за планини да ги покажат нивните особени вештини. Едно од поинтересните искачувања вклучува два круга на Вилинга Хил, 3 километри искажување со просечен наклон од 7,6%.[1] Сепак, скоро на секоја од овие етапни трки се завршува како бурен спринт. На трката нема хронометри, како што е типично во трките во раната сезона и за да се избегнат дополнителните трошоци за испорака на меѓународните тимови.

Временските условите во Јужна Австралија во доцен јануари често се многу лоши за велосипедистите, бидејќи е многу топло, често достигнувајќи и над 40 степени.

Маички [уреди]

Лидерите во пласманите во текот на трката носат карактеристични маички.[2]

Моментални маички [уреди]

  • Маичка Охра се доделува на возачот на најбрзото кумулативно време на крајот на секоја етапа и на победникот на крајот. Охра се поврзува со Австралија и Тур Даун Андер е единствениот кој ја има оваа боја за лидерот.
  • Спринтерската маичка се доделува на возачот со најмногу бодови и временски бонуси на првите три возачи низ линијата во текот на трката и на крајот.
  • Маичката Крал на планините се доделува на возачот со освоени најмногу бодови на првите пет возачи преку искачувањето.
  • Маичката за Млад возач се доделува на водечкиот возач под 23 години на крајот на секоја етапа.
  • Маичката за Најагресивен возач ја носи возачот, кој направил најмногу напади, бегства или им помагал на тимските колеги за време на етапата.
  • Маичката за Водечкиот тим ја носат членовите на тимот со најниско кумулативно време од неговите четворица најдобри возачи на секоја од шестте етапи.

Be Active Tour [уреди]

Учесници на Be Active Tour во 2005, кај Ангастон

Тур Даун Андер има придружен настан, Be Active Tour. Ова е еден од најбрзо растечките рекреациски настани во Австралија, се одржува по истата патека на професионалците подоцна во денот. Почетниот настан, кој бил во 2003 бил познат како Breakaway Tour и привлекол повеќе од 600 возачи. Во 2004, бројот на возачи се зголемил на 1.400 и настанот станал познат како Be Active Tour. Трката во 2005 ја следеле повеќе од 1.900 возачи, возејќи низ Салисбери, Вилијамстаун и Ангастон на 30 степени и справувајќи со ридовите на етапата број 2. Во 2006, возачите возеле 154 километри од Страталбин до Јанкалила на неверојатно 40 степени. Тоа се одрази на возачите и затоа сега постои политика за топлина.

Во 2007, името повторно било променети во Mutual Community Challenge Tour и се придружил на Mutual Community Fun Tour и Powerade mini-tour за деца. Новите настани ја зголемиле популарноста на настанот и привлекле луѓе, кои не возат постојано.[3] Во 2010 имало над 8.000 учесници.

Рекорди [уреди]

Австралијците Стјуарт О‘Грејди (1999 and 2001) и Сајмон Геранс (2006 и 2012) како и германскиот спринтер Андре Грајпел (2008 и 2010) се единствени возачи кои го освоиле Тур Даун Андер двапати.

Всушност, никогаш немало последователен победник, што значи никој не ја освоил трката две години по ред.

Серија за жени [уреди]

Постоеле и серии за жени на три улични патеки. Ова било спонзорирано од UniSA и било генерално одржувано на истите места од машката трка, или на крајот на машката трка.[4]

За изданието во 2011, имало две трки во серијата наречени Rendition Homes Santos Women’s Cup.[5]

Традиции [уреди]

Една традиција на Тур Даун Андер е дека фановите избираат непознат возач и го третираат на начин како да е ѕвезда, од следење во хотели и испишувајќи го неговото име на патот. Возачот мора да биде од неанглиско говорно подрачје, немал досега учествувано на голема трка и едноставно сега ја започнал кариерата.[6] За 2010 тој возач бил Артур Вишо од Франсе де Жу. За 2011, бил избран Анхел Мадразо од Тим Мувистар.[7] За 2012, возачот е Вутер Мол од Вакансолел-ДКМ.[8]

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]