Тур де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Франс
Тур де Франс 2014
Tour de France logo.jpg
Детали за трката
Датум јули
Регион Франција и соседните земји
Локално име Le Tour de France (француски)
Прекар La Grande Boucle
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Етапна трка
Организатор Amaury Sport Organisation
Директор на трката Кристијан Прадом
Историја
Прво издание 1903
Изданија 101 (2014)
Прв победник  Морис Гарин (ФРА)
Најмногу победи [n 1]
Неодамнешен победник  Крис Фрум (ВБР)

Тур де Франс или Трка околу Франција (француски: Tour de France) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Франција,[1] но може да се случи да поминува и низ соседните земји. Трката била првпат организирани во 1903 за зголемување на продажбата на списанието L'Auto;[2] моментално е водена од Amaury Sport Organisation.[3] Трката била одржувана секоја година по нејзиното прво издание во 1903, освен кога била попречена поради двете Светски војни.[4] Како трката добивала на значајност, станувала сè повеќе популарна и нејзината слава започнала да се шири низ целиот свет. Првично учествувале само француски возачи, но со зголемувањето на популарност тоа се променило и сега учествуваат возачи од целиот свет секоја година. Тур де Франс е дел од Светска турнеја, што значи дека екипите кои се натпреваруваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[5][6]

Заедно со Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања, Тур ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[7] Традиционално, трката обично се одржува во јули. Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на два хронометра,[1] премин низ планинските масиви на Пиринеите и Алпите и завршницата на Шанзелизе.[8][9] Поновите изданија на Тур де Франс се состоијат од 21 ден возење (етапи) во период од 23 дена.[1]

Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите.[1] Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната жолта маичка.[1][10] Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување со надежи за генералниот пласман, пласманот за млад возач за возачи под возраст од 26 години и екипниот пласман за најбрзите екипи.[1] Трката во 2012 била освоена од Британецот Бредли Вигинс, првиот британски победник во историјата на Тур де Франс.[11]

Забелешки[уреди]

  1. Порано, Ленс Армстронг со 7 победи, додека не му биле одземени сите негови награди и доживотна забрана на сите настани на UCI по официјалната истрага за обвинувањата за допинг против него [1].

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Жоел Гинтер. „Тур де Франс: Водич низ основите“, The Telegraph, 16 јули 2012 (конс. 30 јули 2012).
  2. „Тур де Франс 1903“. Bikeraceinfo.com. 19 јануари 1903. http://www.bikeraceinfo.com/tdf/tdf1903.html#story. конс. 30 јули 2012. 
  3. „Tour de France snubs velodrome Holocaust memorial“. „The Jewish Chronicle“. 12 јули 2012. http://www.thejc.com/news/world-news/69862/tour-de-france-snubs-velodrome-holocaust-memorial. конс. 30 јули 2012. 
  4. Barry Boys. „The Return of a Grand Affair – "New Tour Legend: the Maillot Jaune"“. Cycling Revealed. http://www.cyclingrevealed.com/timeline/Race%20Snippets/TdF/TdF1919.htm. конс. 3 јуни 2009. 
  5. Меѓународен велосипедистички сојуз“. Uci.ch. http://www.uci.ch/templates/UCI/UCI2/layout.asp?MenuId=MTUyMjQ. конс. 6 август 2012. 
  6. When is the Criterium route announced.. „Календар на Светската турнеја за 2012“. „Cycling Weekly“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/530629/uci-worldtour-calendar-2012.html. конс. 6 август 2012. 
  7. Million dollar, baby!“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 јануари 2007 (конс. 21 мај 2011).
  8. „Тур де Франс 2011 - етапа по етапа“. Letour.fr. http://www.letour.fr/2011/TDF/LIVE/us/2100/etape_par_etape.html#zone3. конс. 30 јули 2012. 
  9. „Moment 17: 1975 – TDF's First Champs Elysees Finish“. „Bicycling Magazine“. http://www.bicycling.com/news/2010-tour-de-france/moment-17-1975-tdfs-first-champs-elysees-finish. конс. 30 јули 2012. 
  10. „Одредби за трката“ (PDF). ASO/letour.fr. http://www.letour.fr/2006/TDF/LIVE/docs/reglement_2006_us.pdf. конс. 30 декември 2008. 
  11. Associated, The (22 јули 2012). „Bradley Wiggins completes Tour de France breakthrough“. „The Seattle Times“. http://seattletimes.nwsource.com/html/othersports/2018749762_tour23.html. конс. 30 јули 2012. 

Надворешни врски[уреди]