Екипен пласман на Тур де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Екипен пласман
Jersey yellow number.svg
Маичка со жолти броеви, која им се доделува на членовите од најдобрата екипа
Детали за наградата
Спорт Друмски велосипедизам
Натпреварување Тур де Франс
Доделена за најдобра екипа
Локално име Classement d'équipes (француски)
Историја
Прва награда 1930
Изданија 77
Прв победник  Франција
Најнов победник Аг2р-Ла Мондијал


Екипен пласман на Тур де Франс — награда доделувана на велосипедската екипа Тур де Франс за најдобра екипа на трката. Започнала да се доделува од 1930 година, а начинот на пресметка бил менуван низ годините.

Пресметка[уреди]

До 2011, екипниот пласман бил пресметуван со додавање на времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа по завршена етапа; временските бонуси и казните не се пресметувале. Во екипниот хронометар, екипата го добива времето на петтиот возач од екипата кој ја поминува целта или последниот возач, ако се помалку од пет возачи. Ако екипата има помалку од тројца останати велосипедисти, екипата се повлекува од пласманот.

Статус[уреди]

Екипниот пласман се смета за помалку важен во споредба со (поединечниот) генералниот пласман и ретко некоја екипа има за цел да победи во екипниот пласман. Ако во текот на трката, екипата се најде во добра положба да го освои екипниот пласман, екипата можеби ќе ја смени тактиката со цел да победи.[1]

Кога Ленс Армстронг ги изгубил надежите за победа на Тур де Франс 2010, им наредил на неговите колеги да ги држат нивните главни соперници во екипниот пласман и неговата екипа, Тим РадиоШек, го освоил екипниот пласман.[1]

Добриот резултат во екипниот пласман може да ѝ помогне на екипата да се квалификува за наредниот Тур де Франс. Во 2010 година, системот бил поставен да одреди кои екипи ќе бидат UCI World Tour екипи, а екипниот пласман на Тур де Франс бил дел од системот.[1]

Историја[уреди]

Во текот на првите години на Тур де Франс, велосипедистите возеле како поединци. Иако имале спонзори, не им биле дозволени да бидат дел од екипа, бидејќи организаторот на трката Анри Дегранж сакал да се види силата на поединците. Во тие години, велосипедистите исто така можеле да учестуваат без спонзори. Тие биле категоризирани под различни имиња:[2]

  • 1909-1914: Изолес
  • 1919: Категорија Б
  • 1920-1922: 2. класа
  • 1923-1926: Туристес-Рутиерс
  • 1937: Поединци

Во 1930 година, Анри Дегранж се откажал од идејата дека велосипедистот треба да се трка поединечно и го променил системот во борба на екипи. Сè уште бил против учество на спонзори, па така велосипедисти биле групирани во земји. Оваа состојба на Тур постоела во периодите 1930–1961 и 1967–1968. Помеѓу 1962 и 1966 година и по 1969 година, можеле да учествуваат и спонзорирани екипи.

При влезот на екипите во 1930 година била воведена и награда за победничката екипа.[3] Во 1930 година, пласманот бил пресметуван со додавање на времињата на тројцата најдобри возачи во генералниот пласман.

Во 1961 година, системот бил променет. Екипниот пласман бил променет во бодовен систем, каде екипата добивала еден бод за најдобро екипно време на етапата, а екипата со најмногу бодови била победник. Овој систем исто така бил користен во 1962 година, но во 1963 година пресметката била вратена на времињата. Во 1970-тите, овој систем бил повторно воведен како екипен бодовен пласман, иако во различен облик: по секоја етапа, сите велосипедисти добивале бодови (1 за победникот, 2 за вториот, итн.) и овие биле додавани, а екипата со најмалку бодови била победник на екипниот бодовен пласман.[4]

До 1990 година, предводниците на екипниот пласман можеле да се препознаат по жолтите капи. Од 2006 година, најдобрата екипа носи црни броеви на жолта позадина на нивните дресови.[1] Почнувајќи од 2012 година, најдобрата екипа добила право, но не и обврска, да носи и жолти кациги.[5][6]

Победници во екипниот пласман[уреди]

Победници во екипниот пласман[7]
Година Екипа
1930  Франција
1931  Белгија
1932  Италија
1933  Франција
1934  Франција
1935  Белгија
1936  Белгија
1937  Франција
1938  Белгија
1939  Белгија Б[8]
1947  Италија
1948  Белгија A[8]
1949  Италија A[8]
1950  Белгија A[8]
1951  Франција
1952  Италија
1953  Холандија
1954  Швајцарија
1955  Франција
1956  Белгија
1957  Франција
1958  Белгија
1959  Белгија
1960  Франција
1961  Франција
1962 Сен Рафаел
1963 Сен Рафаел
1964 Пелфорт
1965 Кас
1966 Кас
1967  Франција
1968  Шпанија
1969 Фаема
1970 Салварани
1971 Бик
1972 Жан-Мерсие
1973 Бик
1974 Кас
Година Екипа
1975 Жан-Мерсие
1976 Кас
1977 ТИ-Рали
1978 Мико-Мерсие
1979 Рено
1980 Мико-Мерсие
1981 Пежо
1982 Коп-Мерсие
1983 ТИ-Рали
1984 Рено
1985 Ла Вие Клер
1986 Ла Вие Клер
1987 Систем У
1988 ПДМ
1989 ПДМ
1990 З-Пежо
1991 Банесто
1992 Карера Џинс-Вагабонд
1993 Карера Џинс-Тасони
1994 Фестина
1995 ONCE
1996 Фестина
1997 Тим Телеком
1998 Кофидис
1999 Банесто
2000 Келме
2001 Келме
2002 ОНСЕ
2003 Тим ЦСЦ
2004 Т-Мобајл Тим
2005 Т-Мобајл Тим
2006 Т-Мобајл Тим
2007 Дискавери Канал
2008 Тим ЦСЦ Саксо Банк
2009 Астана
2010 Тим РадиоШек
2011 Гармин-Сервело
2012 РадиоШек-Нисан
2013 Тим Саксо-Тинкоф
2014 Аг2р-Ла Мондијал

Победници во екипниот бодовен пласман[уреди]

Помеѓу 1973 и 1989, постоел дополнителен екипен бодовен пласман.

Победници во екипниот бодовен пласман[9]
Година Екипа
1973 Жан-Мерсје
1974 Жан-Мерсје
1976 Жан-Мерсје
1977 Пежо
1978 Рали
1979 Рено
1980 Рали
1981 Пежо
1982 Рали
1983 Рали
1984 Панасоник-Рали
1985 Ла Вие Клер
1986 Панасоник
1987 Систем У
1988 ПДМ

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Пет добри причини да го следите екипниот пласман“. „Letour.fr“. Amaury Sport Organisation. 28 јуни 2011. http://www.letour.fr/2011/TDF/COURSE/us/actus.html#zone169392. конс. 29 јуни 2011. 
  2. Tour Xtra General info
  3. Официјална историја на Тур де Франс (француски)
  4. [1]
  5. http://www.letour.fr/le-tour/2012/us/stage-1/news/int/team-standings-sky-s-yellow-helmet.html
  6. Декалуве, Брехт. „РадиоШек-Нисан планира да го одбрани жолтото со етапна победа“, „cyclingnews.com“, 1 јули 2012.
  7. Le tour en chiffres
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Некои години, земјите учествувале со повеќе екипи. Во 1939 година, Белгија имала две екипи и го освоила екипниот пласман со екипата Б. Во 1948 и 1950, Белгија го освоила со екипата А. Во 1949 година, Италија имала две екипи и го освоила екипниот пласман со екипата А.
  9. Tour Xtra: Other classifications