Тур де Франс 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Франс 2011
Светска турнеја UCI 2011, трка 17 од 27
Карта на Тур де Франс 2011
Карта на Тур де Франс 2011
Детали за трката
Датум 2–24 јули
Етапи 21
Должина 3.430,5 км (Шаблон:Convert/ми)
Време 86ч 12' 22" (39,79 км/ч/24.72 mph

)

Добитници на наградите
Победник  Кедел Еванс (АВС) (БМЦ Рејсинг Тим)
Втор  Енди Шлек (ЛУК) (Леопард Трек)
Трет  Френк Шлек (ЛУК) (Леопард Трек)

Бодови  Марк Кевендиш (ВБР) (ХТЦ-Хајроад)
Планини  Самуел Санчез (ШПА) (Еускалтел-Еускади)
Млад  Пјер Ролан (ФРА) (Тим Јуропкар)
Екипа Гармин-Сервело
2010
2012

Тур де Франс 2011 било 98. издание на Тур де Франс. Започнало на 2 јули 2011 со должина на првата етапа од 180 километри на Пасаж ду Гоа и завршило на Шанзелизе во Париз на 24 јули 2011. Комплетната маршрута на Тур де Франс 2011 била објавена на 19 октомври 2010. Оваа година, трката повторно накратко ќе навлезе во Италија.

Акцентот бил ставен на Алпите во 2011, слично како што било на Пиринеите во 2010, во чест на 100-годишнината од првата посета на овие врвови од страна на возачите во Турот.[1] Галибје бил посетен двапати во текот на трката и на 18. етапа за првпат групата завршила на врв од 2.645 метри.[2] Ова било највисокиот врв, кој воедно бил и крај за етапата, на ова натпреварување, надминувајќи го крајот на Гранон (2413 м, близу Сере Шевалие) во текот на Тур де Франс 1986 (17. етапа). Само по вторпат од 1967 година Тур 2011 стартувал со масовна почетна етапа наместо пролог, последниот таков почеток беше во 2008.[3]

Австралиецот Кедел Еванс ја освоил трката, добивајќи го своето водство на индивидуалниот хронометар на претпоследниот ден. Тој станал првиот Австралиец, кој победил на трката и со 34 години, најстариот повоен победник. Енди Шлек од Луксембург завршил втор трета година по ред, а неговиот брат Френк Шлек завршил на третото место. Марк Кевендиш бил првиот британски победник во бодовен пласман, додека Самуел Санчез од Шпанија победил во планинскиот пласман.

Промена на правилата[уреди]

Нови правила биле прифатени за Тур де Франс 2011, во однос на пласманите за бодовите и кралот на планините.

Претходно, етапите оквалификувани како рамни имале три средни спринтерски точки со бодови вредни 6, 4 и 2 за првите три велосипедисти, кои поминувале низ линијата. Во 2011, рамните етапи имале само еден среден спринт, но бил од вредност од 20 поени за првиот велосипедист, кој ја поминал линијата, како и првите 15 возачи добиваат поени. Намерата била фаворитите за зелената маичка да се натераат да спринтаат двапати во денот за да освојат бодови.[4] Бодовите на крајот на рамните етапи исто така биле зголемени, од 25 за победникот во 2010 на 45.[5] Средно-планинските етапи се наградувале по 30 бода за победникот, додека високо планинските етапи и индувидуалните хронометри по 20 бода.[6]

Претходно во планинскиот пласман, за било кое искачување од екстра категорија, прва категорија или втора категорија се доделувале двојни бодови, доколку тоа е последно на крајот на денот. Во 2011, само врвните етапи кои завршувале на врв добивале двојни бодови, посебно етапата број 12, која завршува на Луз Ардиден, етапа број 14 на Плато де Бел, етапа број 18 на Галибје и етапа број 19 на Алп д'Оз. Претходно, првите осум возачи во искачувањето од прва категорија добивале бодови, како и првите шест низ втора категорија и првите четворица низ трета категорија. Сега бодовите се добивале на следниов начин:

  • Искачувањата оценети како „екстра категорија“ (HC): 20, 16, 12, 8, 4 и 2 бодови за првите 6 возачи кои ќе стигнат на врвот.
  • Прва категорија: 10, 8, 6, 4, 2 и 1 бод за првите 6 возачи кои ќе стигнат на врвот.
  • Втора категорија: 5, 3, 2 и 1 бод за првите 4 возачи кои ќе стигнат на врвот.
  • Трета категорија: 2 и 1 бод за првите 2 возача кои ќе стигнат на врвот.
  • Четврта категорија: 1 бод за првиот возач кој ќе стигне на врвот.[7]

Раните анализи довеле до шпекулации дека победникот во планинскиот пласман е поверојатно, во овој систем, да биде возач од генералниот пласман во однос на минатите години.[8] Овие шпекулации се покажале точни, бидејќи Самуел Санчез, кој завршил шести во генералниот пласман, ја зел точкастата маичка.

Екипи[уреди]

Сите 18 екипи во категоријата на Меѓународниот велосипедистички сојуз Proteam биле повикани и обврзани да се тркаат. Четири UCI професионални континентални тимови, сите француски, биле исто така поканети.[9]

Аг2р-Ла Мондијал
ФДЖ
Рабобанк
Тим РадиоШек
Астана
Гармин-Сервело
Сор-Сожасун
Саксо Банк-СанГард
БМЦ Рејсинг Тим
Лампре-ИСД
ХТЦ-Хајроад
Тим Скај
Кофидис
Ликвигас-Канондејл
Тим Катјуша
Вакансолел-ДКМ
Тим Јуропкар
Омега Парма-Лото
Леопард Трек
Еускалтел-Еускади
Квик Степ
Мувистар Тим

†: Поканети про-континентални тимови.

За повеќе детали, види Список на тимови и велосипедисти на Тур де Франс 2011.

Фаворити пред почетокот[уреди]

Победникот од 2010 Алберто Контадор бил отсутен од велосипедизмот за време на допинг-истрагата од септември 2010 до февруари 2011, за кое време финалистот од 2010 Енди Шлек бил оценет како фаворит. Кога суспензијата била укината, тој објавил дека негова желба е да се натпреварува на двете трки, и на Тур де Франс и на Џиро д’Италиа 2011, која и ја освоил. Од другите на списокот на фаворити, Денис Мењшов бил член на тимот Геокс-ТМЦ, кој не бил поканет да учествува.

Резиме на трката[уреди]

Тур де Франс на последниот ден, минувајќи низ Бри-сур-Марн во источните предградија на Париз

Специјалистот за класици Филип Жилбер прв ја зел жолтата маичка, победувајќи на првата етапа во Вандеја,[10], но на вториот ден Гармин-Сервело биле најбрзи на екипниот хронометар, дозволувајќи му на Тор Хушовд[11] да го превземе водството на трката, кое го задржал седум дена. Првата недела и половина била одбележана со бројни падови и несреќи, во кои имало голем број на познати возачи, како Андреас Кледен, Бредли Вигинс, Александар Винокуров, Јанез Брајкович, Крис Хорнер и Јурген ван ден Брук, сите морале да се повлечат поради повреди, додека Роберт Гесинк, Алберто Контадор, Самуел Санчез и Леви Лајпхајмер загубиле значително време и кондиција во текот на падовите. Имало и контроверзии, кога Ники Серенсен бил удрен од мотор, кој носел фотограф и кога Џони Хогерланд и Хуан Антонио Флеча биле повредени по инцидент со возила на Француската телевизија. Хаосот на етапата број 9 го искористил Тома Веклер кој го превземал водството на трката,[12], која ја носел цели 10 дена, спротивно на очекувањата, дури и низ Пиринеите и на сите, освен на една алпска етапа.

Клучните временски разлики помеѓу возачите, кои на крајот завршиле на првите три места во генералниот пласман, Кедел Еванс од БМЦ Рејсинг Тим, Луксембуржанецот Енди Шлек и неговиот постар брат и негов екипен колега Френк од Леопард Трек, се случиле на етапата 16, кога Еванс доби 21 секунда во однос на Френк Шлек и минута и девет секунди во однос на Енди на крајот во Гап во влажни услови;[13] етапата 18, кога 60 километарското бегство на Енди Шлек му донело предност од повеќе од две минути на највисоката етапна завршница во историјата на трката, на Галибје;[14] и на претпоследниот ден, кога Еванс се најде на второто место на хронометарот, победувајќи го луксембуршкиот двоец за повеќе од минута и половина, со што ја обезбедил победата.[15] И двајцата, Енди Шлек и Еванс, ја носеле жолтата маичка само по еден ден секој: Шлек на хронометарот, а Еванс на последната, во голема мера церемонијална, етапа во Париз.

Етапите, кои биле предвидени за спринтерски завршници биле доминирани од страна на манскиот спринтер Марк Кевендиш, кој освоил пет етапи, вклучувајќи ја и рекордната трета последователна победа на последната етапа на Елисејските полиња во Париз, со што победил и во бодовниот пласман, пред Хосе Хоакин Рохас и Филип Жилбер.[16]

Во планинскиот пласман победил Шпанецот Самуел Санчез, кој имал победа и две втори места на четири планински етапни завршници. Енди Шлек завршил втор во таа категорија, а релативно непознатиот Белгиец Јеле Ванендерт трет.[17]

Пјер Ролан победил во пласманот за млади возачи, во голема мера поради местата што ги постигнуваше во поддршката за неговиот екипен лидер, Веклер, во текот на периодот кога тој ја носел жолтата маичка, но тој, исто така, ја освоил и престижната етапа на Алп д’Ез.[18]

Етапи[уреди]

[19][20]

Етапа Датум Движење Должина Вид Победник
1 2 јули Пасаж ду ГоаМон де Алует 191,5 км рамна етапа  Филип Жилбер (БЕЛ)
2 3 јули Ле ЕсарЛе Есар 23 км History.gif екипен хронометар Гармин-Сервело
3 4 јули Oлон сур МерРедон 198 км рамна етапа  Тајлер Фарар (САД)
4 5 јули ЛорјенМур де Бретањ 172,5 км брановидна етапа  Кедел Еванс (АВС)
5 6 јули КареКап Фреел 164,5 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
6 7 јули ДинанЛизе 226,5 км рамна етапа  Едвалд Боасон Хаген (НОР)
7 8 јули Ле МанШатору 218 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
8 9 јули ЕгиранСупер Бес 189 км средно планинска етапа  Руј Кошта (ПОР)
9 10 јули ИсуарСен Флур 208 км средно планинска етапа  Луис Леон Санчез (ШПА)
11 јули Ден за одмор
10 12 јули ОријакКармо 158 км рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
11 13 јули Бле ле МенЛавор 167,5 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
12 14 јули КињоЛуз Ардиден 211 км планинска етапа  Самуел Санчез (ШПА)
13 15 јули ПоЛурд 152,5 км планинска етапа  Тор Хушовд (НОР)
14 16 јули Сен ГоданПлато ле Бел 168,5 км планинска етапа  Јеле Ванендерт (БЕЛ)
15 17 јули ЛимуМонпелие 192,5 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
18 јули Ден за одмор
16 19 јули Сен Пол Труа ШатоГап 162,5 км средно планинска етапа  Тор Хушовд (НОР)
17 20 јули ГапПинероло 179 км планинска етапа  Едвалд Боасон Хаген (НОР)
18 21 јули ПинеролоГалибие / Сере Шевалие 200,5 км планинска етапа  Енди Шлек (ЛУК)
19 22 јули МоданеАлп д'Оз 109,5 км планинска етапа  Пјер Ролан (ФРА)
20 23 јули ГреноблГренобл 42,5 км History.gif индивидуален хронометар  Тони Мартин (ГЕР)
21 24 јули КретејПариз (Шанзелизе) 95 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)

Пласмани[уреди]

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey polkadot.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
Jersey yellow number.svg
Награда за борбеност
Jersey red number.svg
1 Филип Жилбер Филип Жилбер Филип Жилбер Филип Жилбер Герант Томас Омега Парма-Лото Периг Кеменор
2 Гармин-Сервело Тор Хушовд Гармин-Сервело недоделена
3 Тајлер Фарар Хосе Хоакин Рохас Микаел Делаж
4 Кадел Еванс Кедел Еванс Жереми Роа
5 Марк Кевендиш Филип Жилбер Иван Гутиерез
6 Едвалд Боасон Хаген Џони Хогерланд Адријано Малори
7 Марк Кевендиш Хосе Хоакин Рохас Роберт Гесинк Јаник Талабардон
8 Руј Кошта Филип Жилбер Тиџеј ван Гардерен Тиџеј ван Гардерен
9 Луис Леон Санчез Тома Веклер Џони Хогерланд Тим Јуропкар Флеча и Хогерланд
10 Андре Грајпел Марко Маркато
11 Марк Кевендиш Марк Кевендиш Микаел Делаж
12 Самуел Санчез Самуел Санчез Арнолд Жанесон Леопард Трек Герант Томас
13 Тор Хушовд Жереми Роа Гармин-Сервело Жереми Роа
14 Јеле Ванендерт Јеле Ванендерт Ригоберто Уран Леопард Трек Санди Касар
15 Марк Кевендиш Ники Терпстра
16 Тор Хушовд Гармин-Сервело Михаил Игнатиев
17 Едвалд Боасон Хаген Рубен Перез
18 Енди Шлек Реин Тарамае Енди Шлек
19 Пјер Ролан Енди Шлек Самуел Санчез Пјер Ролан Алберто Контадор
20 Тони Мартин Кадел Еванс недоделена
21 Марк Кевендиш
На крај Кадел Еванс Марк Кевендиш Самуел Санчез Пјер Ролан Гармин-Сервело Жереми Роа
Забелешки
  • Во втората етапа, Кадел Еванс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја облекол зелената маичка, бидејќи Филип Жилбер бил прв во генералниот пласман, како и во планинскиот пласман. Тор Хушовд, кој бил трет во генералниот и во бодовниот пласман, ја носел точкастата маичка.
  • Во третата етапа, бидејќи Филип Жилбер бил прв во генералниот пласман, како и во планинскиот пласман, Кедел Еванс, кој бил втор единствено за единствените поени на таа етапа, ја облекол точкастата маичка.
  • Во десеттата етапа, и двајцата Хуан Антонио Флеча и Џони Хогерланд ги носеле црвените броеви. Тие ја добиле наградата за борбеност по деветтата етапа за завршување на етапата и покрај ударот од телевизискиот автомобил.[21] Флеча одбил да ја прифати наградата за подиум по етапата; Хогерланд имајќи ја веќе точкастата маичка, ја прифатил наградата.

Поредок[уреди]


Пласман за млад возач[уреди]

Возач Екипа Време
1  Пјер Ролан (ФРА) Jersey white.svg Тим Јуропкар 86ч 23′ 05″
2  Реин Тарамае (ЕСТ) Jersey white.svg Кофидис 0′ 46″
3  Жером Копел (ФРА) Сор-Сожасун + 7′ 53″
4  Арнолд Жанесон (ФРА) ФДЖ + 10′ 37″
5  Роб Раух (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ + 22′ 21″
6  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 32′ 05″
7  Герант Томас (ВБР) Тим Скај + 50′ 05″
8  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 54′ 26″
9  Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 1ч 17′ 00″
10  Андреј Зајтс (КАЗ) Астана + 1ч 21′ 05″

Екипен пласман[уреди]

Место Екипа Време
1 Гармин-Сервело Jersey yellow number.svg 258ч 18′ 49″
2 Леопард Трек + 11′ 04″
3 Аг2р-Ла Мондијал + 11′ 20″
4 Тим Јуропкар + 41′ 53″
5 Еускалтел-Еускади + 52′ 00″
6 Тим Скај + 58′ 24″
7 Тим Катјуша + 1ч 09′ 39″
8 Саксо Банк-СанГард + 1ч 16′ 12″
9 ФДЖ + 1ч 30′ 16″
10 Квик Степ + 1ч 47′ 29″

Бодови за светското бодување[уреди]

Тур де Франс е еден од 27. настани во текот на сезоната, кои носат бодови за Светската турнеја 2011. Со бодови се наградуваат сите возачи во топ 20 на крајот на трката и по првите пет возачи на секоја етапа. Само на возачите во UCI ProTour тимовите им е дозволени да добиваат бодови.[22]

Бодови освоени на Тур де Франс[23]
Име Екипа Бодови
 Еванс, КеделКедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим 260
 Шлек, ЕндиЕнди Шлек (ЛУК) Леопард Трек 176
 Шлек, ФренкФренк Шлек (ЛУК) Леопард Трек 136
 Санчез, СамуелСамуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади 134
 Контадор, АлбертоАлберто Контадор (ШПА) Саксо Банк-СанГард 122
 Кевендиш, МаркМарк Кевендиш (ВБР) ХТЦ-Хајроад 112
 Кунего, ДамијаноДамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД 80
 Басо, ИванИван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл 78
 Боасон Хаген, ЕдвалдЕдвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај 62
Првите 10 возачи во индивидуален пласман по Тур де Франс[24]
Место Прет. Име Екипа Бодови
1 4  Еванс, КеделКедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим 574
2 2  Контадор, АлбертоАлберто Контадор (ШПА) Саксо Банк-СанГард 471
3 1  Жилбер, ФилипФилип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото 402
4 3  Скарпони, МикелеМикеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД 348
5 13  Санчез, СамуелСамуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади 297
6 5  Родригез, ХоакимХоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша 288
7 19  Шлек, ФренкФренк Шлек (ЛУК) Леопард Трек 262
8 31  Шлек, ЕндиЕнди Шлек (ЛУК) Леопард Трек 252
9 6  Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара (ШВА) Леопард Трек 250
10 7  Винокуров, АлександарАлександар Винокуров (КАЗ) Астана 230

Награден фонд[уреди]

Вкупно, повеќе од 3,5 милиони евра биле поделени во текот на трката. Првично, секој тим добил 51.243 евра, додека секој тим со најмалку седум возачи, кои ја завршиле трката добиле 1.600 евра по возач. Победникот во генералниот пласман добил 450.000 евра, со помали награди за секое победничко место, сè до 400 евра до последниот возач.[25]

Награден фонд за секој пласман[25]
Пласмани 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. по ден
Jersey yellow.svg генерален 450.000 € 200.000 € 100.000 € 70.000 € 50.000 € 23.000 € 11.500 € 7.600 € 4.500 € 3.800 € 350 €
Jersey green.svg бодовен 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 € 300 €
Jersey polkadot.svg планински 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 € 300 €
Jersey white.svg за млад возач 20.000 € 15.000 € 10.000 € 5.000 € 300 €
Jersey yellow number.svg екипен 50.000 € 30.000 € 20.000 € 12.000 € 8.000 €
Jersey red number.svg борбеност 20.000 €

Етапниот победник добивал 8.000 евра на нормална етапа и 10.000 евра на хронометар. Парите се намалуваат, па така 20. возач на целта добивал само 200 евра. Првата личност што ќе помина на спринтот добива 1.500 евра. Пари се добиваат и за поминување на категоризирани искачувања, за најдобриот млад возач на секоја етапа, најборбен возач и најдобриот тим на етапата.[25]

Награден фонд за етапите и другите награди[25]
Пласмани 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10.
Етапа 8.000 € 4.000 € 2.000 € 1.200 € 830 € 780 € 730 € 670 € 650 € 600 €
Хронометар 10.000 € 5.000 € 2.500 € 1.000 € 800 € 700 € 600 € 600 € 500 € 500 €
Спринт 1.500 € 1.000 € 500 €
Екстра категорија 800 € 450 € 300 €
Прва категорија 650 € 400 € 150 €
Втора категорија 500 € 250 €
Трета категорија 300 €
Четврта категорија 200 €
Млади 500 €
Борбеност 2.000 €
Екипа 2.800 €

Две други специјални награди, исто така, се доделуваат. За првата, во чест на Турмале и Галибје се добива сувенир Жак Годе и сувенир Анри Дегранж соодветно. Секоја награда вреди 5.000 евра.[25]

Вкупни освоени пари од награди по тимови[26]
Место Екипа Награден фонд Поголеми награди
Маички/Награди Освоени етапи Топ 10 пласмани
(или најдобриот надвор од топ 10)
1 БМЦ Рејсинг Тим 493.990 € Jersey yellow.svg 1 1.
2 Леопард Трек 395.310 € сувенир Анри Дегранж 1 2. & 3.
3 Тим Јуропкар 147.130 € Jersey white.svg 1 4.
4 Гармин-Сервело 145.940 € Jersey yellow number.svg 4 9.
5 ХТЦ-Хајроад 104.940 € Jersey green.svg 6 19.
6 Омега Парма-Лото 96.600 € 3 20.
7 ФДЖ 90.660 € Jersey red number.svg
сувенир Жак Годе
0 15.
8 Еускалтел-Еускади 87.780 € Jersey polkadot.svg 1 6.
9 Саксо Банк-СанГард 72.290 € 0 5.
10 Тим Скај 67.000 € 2 24.
11 Мувистар Тим 46.660 € 1 36.
12 Аг2р-Ла Мондијал 45.560 € 0 10.
13 Кофидис 41.740 € 0 12.
14 Вакансолел-ДКМ 35.650 € 0 21.
15 Лампре-ИСД 30.100 € 0 7.
16 Сор-Сожасун 26.930 € 0 14.
17 Рабобанк 24.290 € 1 33.
18 Ликвигас-Канондејл 22.360 € 0 8.
19 Квик Степ 19.940 € 0 13.
20 Тим Катјуша 12.380 € 0 23.
21 Астана 11.710 € 0 39.
22 Тим РадиоШек 10.540 € 0 32.

Наводи[уреди]

  1. Стивен Фаранд. „Тур де Франс 2011 ги слави Алпите“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/2011-tour-de-france-to-celebrate-the-alps. конс. 28 јануари 2011. 
  2. „Тур де Франс 2011 – Галибје 1911–2011“. Letour.fr. 10 јули 1911. http://www.letour.fr/2011/TDF/COURSE/us/le_galibier.html. конс. 28 јануари 2011. 
  3. Тур де Франс: 2011 Без пролог uk.eurosport.yahoo.com, published: 27 јануари 2010, accessed: 2 јуни 2011
  4. Хедвиг Кренер (19 октомври 2010). „Тур де Франс 2011 - Објавена маршрутата“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/2011-tour-de-france-route-announced. конс. 28 јануари 2011. 
  5. „Бонен очекува потактичен настап за зелената маичка на Турот“. Cyclingnews.com. 20 октомври 2010. http://www.cyclingnews.com/news/boonen-expects-more-tactical-tussle-for-tours-green-jersey. конс. 28 јануари 2011. 
  6. „Објаснување за бодовниот пласман“. Тим Скај. 24 јуни 2011. http://www.teamsky.com/article/0,27290,21579_6999516,00.html. конс. 29 јуни 2011. 
  7. http://www.letour.fr/2011/TDF/LIVE/us/reglements.html
  8. Бери Рајан (19 октомври 2010). „Совети од Састре за точкастата маичка на Тур де Франс 2011“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/virenque-tips-sastre-for-mountains-jersey-at-2011-tour-de-france. конс. 28 јануари 2011. 
  9. „Тур де Франс избра 22 тима“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-selects-22-teams. конс. 28 јануари 2011. 
  10. „Жилберт победи на Мон де Алует“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-1/results. 
  11. „Гармин-Сервело победи на тимскиот хронометар“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-2/results. 
  12. „Луис Леон Санчез победи на етапата со голем број на несреќи“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-9/results. 
  13. „Хушовд ја освои етапата, постигнувајќи две етапни победи на овогодинешниот Тур“. Cycling news. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-16/results. 
  14. „Шлек победи на највисоката етапна завршница“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-18/results. 
  15. „Еванс испиша нова страница со совршениот хронометар“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-20/results. 
  16. „Кадел Еванс победи на Тур де Франс 2011“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-21/results. 
  17. „Ролан победи на Алп д’Ез на крајот на возбудливата етапа“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-19/results. 
  18. „Ролан ја превзема белата маичка до Париз“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/rolland-takes-white-jersey-to-paris. 
  19. „Велосипедизам: Тур де Франс 2011 започнува во Венди“. АФП. 30 јануари 2010. http://www.google.com/hostednews/afp/article/ALeqM5jTdei95WUc1SJxwHYXh7Yw9_Og7A. конс. 27 јануари 2010. 
  20. „Организаторите на Тур де Франс понудија неверојатни искачувања во етапите во 2011“. VeloNews. 19 октомври 2010. http://velonews.competitor.com/2010/10/news/tour-de-france-organizers-unveil-climb-heavy-2011-route_146902. конс. 19 октомври 2010. 
  21. Жилиен Прето. „Велосипедисти од Тур де Франс повредени по несовесно возење“, Национал Пост, 10 јули 2011.
  22. „Бодовна скала – UCI World Ranking“. Union Cycliste Internationale. http://www.uci.ch/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTU2MzU&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=NDk5MDY&LangId=1. конс. 17 јули 2010. 
  23. „Светска турнеја UCI 2011 детални бодови“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 15 август 2011. http://www.uciworldtour.com/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTYwNzk&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=NjY0NDQ&LangId=1. конс. 17 август 2011. 
  24. „UCI World Ranking – 2011“. Union Cycliste Internationale. 25 јули 2011. http://www.uciworldtour.com/templates/BUILTIN-NOFRAMES/Template3/layout.asp?MenuId=MTYwNzk&LangId=1. конс. 17 август 2011. 
  25. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Regulations.
  26. БМЦ носи дома најголем дел од парите на наградниот фонд“, „sporza.be“, 24 јули 2011 (конс. 17 август 2011). (на холандски)

Надворешни врски[уреди]