Реин Тарамае

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реин Тарамае

Тарамае на Критериум ду Дофине 2012
Лични податоци
Цело име Реин Тарамае
Прекар Вадер (од „reinuvader“ - лисица)
Роден 24 април 1987 (1987-04-24) (27 г.)
Тарту, Естонија
Висина 1,84 м[1]
Маса 67 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Кофидис
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Возач за генерален пласман
Аматерски клубови
2007 Кофидис (стажант)
Професионални клубови
2008– Кофидис
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2011)

Етапни трки

Тур де л’Ен (2009)
Париз-Ница
Пласман за млад возач (2011)
Критериум Интернасионал
Пласман за млад возач (2011)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2009, 2013)
Национален хронометарски првак (2009, 2011, 2012)
Последна промена
13 јануари 2014

Реин Тарамае (естонски: Rein Taaramäe; р. 24 април 1987 во Тарту) — естонски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.

Кариера[уреди]

Тарамае станал професионалец во 2008 за Кофидис, откако возел за тимот како практикант на крајот од 2007 и победил на етапа на Трката околу Ардените рано во сезоната. Во 2008 освоил две етапи на ГП Португал и етапа на Тур де л'Авенир. На Летните олимписки игри 2008, Тарамае ги завршил друмската трка и хронометарот.

Реин Тарамае на Тур де л’Eн

Во 2009 завршил трет на Тур де Романди и осми на Тур де Свис. Тарамае ги освоил националните друмски и хронометарски првенства во 2009.[2] Тој го освоил и Тур де л’Ен откако победил на последната етапа на Кол ду Гран Коломбие.[3] Во 2010 завршил седми на Париз-Ница и трет на Волта а Каталуња. Во 2011, Реин завршил 11. во генералниот пласман на Тур де Франс. На етапата 14 на Вуелта а Еспања 2011 Тарамае и другиот член на бегството Давид де ла Фуенте биле последните двајца возачи од бегството со 17 возачи, но на 2 километри пред Де ла Фуенте отпаднал со цел да му помогне на колегата Хуан Хосе Кобо при искачување, со што му дозволил Тарамае сам да дојде до неговата прва етапна победа на некој Гранд Тур. На крајот се повлекол пред трката да заврши во Мадрид.

Достигнувања[уреди]

2005
3. Краен пласман Курс де По
2006
1. MaillotEstonia.PNG Хронометарски првак под 23 години
1. ГП Уест-Франција под 23 години
2007
1. Етапа 4 Сиркут де Ардени
1. Silver medal europe.svg Европски хронометарски првак под 23 години
2. Национално хронометарско првенство
2008
Гран при ду Португал
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Тур де л’Авенир
2009
1. MaillotEstonia.PNG Национален хронометарски првак
1. MaillotEstonia.PNG Национален друмски првак
1. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 5
1. Jersey red.svg Планински пласман Вуелта ал Паис Васко
3. Краен пласман Тур де Романди
8. Краен пласман Тур де Свис
2010
3. Краен пласман Волта а Каталуња
7. Краен пласман Париз-Ница
2. Пласман за млад возач
9. Краен пласман Рут ду Суд
2011
3. Краен пласман Критериум Интернационал
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
5. ГП Тарту
8. Краен пласман Волта ао Алгарве
10. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. MaillotEstonia.PNG Национално хронометарско првенство
Ја носел белата маичка Jersey white.svg на етапата 18 Тур де Франс
2012
1. MaillotEstonia.PNG Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
8. Краен пласман Тур ду Поату Шарент
2013
1. MaillotEstonia.PNG Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
3. Шоле-По де Лоара

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур СО 12 36 102
Jersey gold.svg Вуелта 74 СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Реин Тарамае“. 
  2. Грег Џонсон. „Тарамае победи и на друмската трка“, 28 јули 2009 (конс. 23 јули 2011).
  3. Cofidis sweeps Horner aside“, 12 август 2009 (конс. 23 јули 2011).

Надворешни врски[уреди]