Хуан Хосе Кобо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хуан Хосе Кобо

Кобо на Критериум ду Дофине 2012
Лични податоци
Цело име Хуан Хосе Кобо Асебо
Прекар El Bisonte de La Pesa
Роден 11 февруари 1981 (1981-02-11) (33 г.)
Торелавега, Кантабрија, Шпанија
Висина 1,75 м
Маса 69 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Торку Шекер Спор
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување и хронометри
Аматерски клубови
2002
2003
Соние Дувал
Вини Калдирола-Со.Ди (стажант)
Професионални клубови
2004–2009
2010
2011
2012–2013
2014–
Соние Дувал-Продир
Кејс д’Епарњ
Геокс-ТМЦ
Мувистар Тим
Торку Шекер Спор
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2008)
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (2011)
Комбиниран пласман (2011)
2 индивидуални етапи (2009, 2011)

Етапни трки

Трка околу Баскија (2007)
Последна промена
4 февруари 2014

Хуан Хосе Кобо Асебо (шпански: Juan José Cobo Acebo; р. 11 февруари 1981) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Торку Шекер Спор.[1]. Победил на Вуелта а Еспања 2011 како возач на Геокс-ТМЦ, негова најголема победа.[2]

Се смета за добар специјалист за искачување и постигнува добри времиња на хронометарските етапи.

Биографија[уреди]

Во 2003, Кобо го освоил националното хронометарско првенство под 23 години. Бил избран во националниот сосав за европските првенства во Атина во август и за светските првенства во Хамилтон, Канада, во октомври. На Европските првенства завршил четврти, 30 секунди зад победникот Маркус Фотен. На Светските првенства учествувал на хронометарот со Исидро Нозал и го освоил 33. место. Во септември ѝ се приклучил на професионалната екипа Вини Калдирола како стажант.

Во 2004, Кобо станал професионалец во новата шпанска екипа Соние Дувал-Продир, предводена од Мауро Џанета, менаџер на Вини Калдирола во 2003. Негов најдобар резултат во сезоната било деветтото место на Јапонскиот куп.

Во 2005 учествувал на неговиот прв Гранд Тур на Џиро д’Италија.

Во 2007 победил на Трката околу Баскија, каде освоил две етапи. Ја освоил водечката маичка уште на првата етапа, која ја освоил, но ја загубил на третата етапа од возачот на Релакс-ГАМ Анхел Висиосо. Повторно победил на етапата 5 и повторно се стекнал со водство на трката, кое успеал да го одржи на хронометарот на наредната етапа и ја освоил трката.[3] Потоа, Кобо учествувал на Тур де Франс каде се надевал на етапна победа. Во тоа не успеал, но завршил на трката на 20. место.

Во 2008 имал слаб почеток на сезоната, но завршил втор на етапа на Тур де Франс, зад неговиот колега Леонардо Пјеполи. И покрај силната форма на првата планинска етапа на Тур де Франс, Кобо бил приморан да се откаже од трката со неговата екипа по позитивниот резултат на Италијанецот Рикардо Рико. Подоцна му била доделена етапната победа откако на Пјеполи му биле одземени резултатите поради допинг.[4] Соние Дувал го промениле името во Скот-Американ Биф, но не биле поканети на Вуелта а Еспања.

Екипата станала Фуџи-Сервето на почетокот на сезоната 2009. Кобо останал верен, што му дозволило да ја презема одговорноста како водач на екипата, завршувајќи 10. на Вуелта а Еспања. Не учествувал на Тур де Франс, бидејќи неговата екипа не била поканета од организаторите. Ја претставувал Шпанија на Светските друмски првенства во Мендрисио.

Во 2011, екипата Геокс-ТМЦ била поканета на Вуелта а Еспања со специјална покана. Кобо бил избран да вози на трката како поддршка за неговиот водач Денис Мењшов. По освојувањето на 15. етапа на стрмниот врв на Англиру станал водач на трката и екипата. Кобо го зачувал водството до крајот на трката, одолевајќи на нападите од Крис Фрум, кој бил второпласиран за само 13 секунди. Особено жесток бил нападот на Фрум во последниот километар на седумнаесеттата етапа, кога Кобо отпаднал едно време, но успеал да се врати и завршил зад Фрум со доцнење од 1 секунда.[5][6][7]

Откако Геокс-ТМЦ се распаднала на крајот на 2011, Кобо се приклучил во Мувистар Тим за сезоната 2012.[8] Имал година без победи, учествувајќи на Тур де Франс, каде завршил на 30. место во генералниот пласман. Било предвидено да биде водач на екипата на Вуелта а Еспања за одбрана на титулата, но набрзо водството му било предадено на Алехандро Валверде, откако Валверде подобро се покажал на првите етапи од Кобо.[9] Кобо му помогнал на Валверде да заврши како втор, додека тој завршил на 67. место.[10]

Кобо го напуштил Мувистар Тим на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Торку Шекер Спор за сезоната 2014.[1]

Достигнувања[уреди]

2003
 Шпанија Национални хронометарски првенства под 23 години
1. Етапа 5b (ITT) Вуелта а Навара
2004
9. Јапонски куп
2005
10. Копа Плаки
2007
1. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 1
1. Етапа 5
3. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
3. Субида а Уркиола
5. ГП Мигел Индураин
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
2008
1. Етапа 10 Тур де Франс
2. Субида а Уркиола
4. Краен пласман Волта а Португал
1. Етапа 9
6. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 5
2009
9. Џиро ди Ломбардија
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 19
10. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 4
10. Национални друмски првенства
2011
1. Краен пласман Jersey red.svg Вуелта а Еспања
1. Jersey white.svg Комбиниран пласман
1. Етапа 15
3. Трофео Деја
3. Краен пласман Вуелта а Бургос
8. Трофео Инка
9. Меморијал Марко Пантани

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро СО 116
Jersey yellow.svg Тур 20 СО 30
Jersey red.svg Вуелта СО 10 1 67

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Поранешниот победник на Вуелта Кобо се сели во екипата Торку“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 6 декември 2013 (конс. 25 декември 2013).
  2. Cobo brings home his first Grand Tour victory
  3. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  4. Ендру Худ. „Wiggins gives Cobo benefit of doubt“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 6 септември 2011 (конс. 14 декември 2012).
  5. „Британците Крис Фрум и Бредли Вигинс на подиум на Вуелта а Еспања“. „Guardian“. 11 септември 2011. http://www.guardian.co.uk/sport/2011/sep/11/britain-froome-wiggins-tour-spain. конс. 12 септември 2011. 
  6. „Cobo secures maiden Vuelta crown“. „ABC News“. 11 септември 2011. http://www.abc.net.au/news/2011-09-12/cobo-secures-tour-of-spain/2882130. конс. 12 септември 2011. 
  7. „Кобо ја прослави победата на Вуелта во Мадрид“. „Cycling News“. 12 септември 2011. http://www.cyclingnews.com/news/cobo-celebrates-his-vuelta-win-in-madrid. конс. 12 септември 2011. 
  8. Кобо му се приклучи на Валверде во Мувистар“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 30 декември 2011 (конс. 4 јануари 2012).
  9. Вил Протеру. „Вуелта а Еспања 2012: Алехандро Валверде победи на етапата 3 и го презема водството“, „Bleach Report“, 2012 Bleacher Report, Inc., 20 август 2012 (конс. 15 декември 2012).
  10. Поредок на Вуелта а Еспања 2012“, „Cycling Central“, SBS 2012 (конс. 15 декември 2012).

Надворешни врски[уреди]