11 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | февруари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | ||
11 февруари е 42-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 323 денови до крајот на годината (324 во престапна).
Настани:
| 660 п.н.е. | Според традицијата, Императорот Џиму ја основал Јапонија. Ден на државноста на Јапонија. |
| 55 | Синот и престолонаследник на императорот Клаудиј, Тибериј Клаудиј Цезар Британикус, умрел под мистериозни околности во Рим. Неговата смрт го отворила патот на Нерон кон тронот. |
| 1531 | Хенри VIII станал поглавар на Англиканската црква. |
| 1919 | Фридрих Еберт е избран за прв претседател на Германија. |
| 1929 | Со потпишувањето Латеранскиот Договор меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, основана е ватиканската држава - „Чита дел Ватикано“. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар. |
| 1945 | Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за „ослободена Европа“ и се договорија за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност“ во светот - Обединетите нации. |
| 1990 | Нелсон Мандела е ослободен од затворот Виктор Верстер околу Кејптаун, Јужна Африка, каде што поминал 27 години како политички затвореник. |
| 1997 | Спејс шатлот „Дискавери“ е лансиран во мисија за поправка на телескопот Хабл. |
Родени:
| 1800 | Вилијам Фокс Талбот, англиски пионер во фотографијата. |
| 1847 | Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. |
| 1902 | Арне Јакобсен, дански архитект |
| 1962 | Шерил Кроу, американска кантавторка |
| 1969 | Џенифер Анистон, американска актерка. |
| 1974 | Себастјен Хино, француски велосипедисt. |
Починале:
| 1650 | Рене Декарт, француски философ, математичар и физичар. |
| 1935 | Германос Каравангелис, грчко духовно лице. |
| 1948 | Сергеј Ејзенштејн, советски режисер |
| 1985 | Хенри Матавеј, славен американски филмски режисер. |
| 1993 | Десанка Максимовиќ, српска поетеса. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |